Пријателот држете го блиску, а непријателот...?

Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Пријателот држи го блиску до себе, а непријателот уште поблиску. Колку се согласувате со оваа реченица? Јасно е на што се мисли,но можно ли е некогаш самите да се фатите во сопствената замка, на тој начин што токму тој ќе го искористи фактот на блискост можеби поради некое ваше невнимание?. Дали преферирате да одите на овој принцип или пак се држите до спротивното правило, да го избегнувате непријателот? И воопшто, имате ли непријатели? Што подразбирате под непријател? Кои се ваши непријатели и зошто? Дали можеби сте практикувале да бидете блиски однодно сте глумеле пред некој непријател само за да избегнете да ви наштети, или пак не се дружите со таквите? Што мислите за сето ова? Сте имале ли некое вакво искуство? Споделете го вашето мислење:smir:
Вакаа. Непријател. Не знам баш дали може да се дефинира како некој што смртно сака да ни наштети, да ни ги поремети егзистенцијалните услови за живот или нашите блиски. Барем, не верувам дека може да се дефинира така за нас, обичните смртници (можеби може за моќни луѓе, на позиција или некој друг вид на моќ). За мене непријател би можело да се каже дека е некој што ме нервира поради некои причини (на пример, дрзок е без некоја причина, се однесува на начин кој мене не ми се допаѓа, ме навреди ако не сум му згрешила пред тоа). Дури ни ова не знам дали може да се нарече непријател, туку едноставно лица што не ни се пријатели, а ни се познаници. Со овие, не се однесувам пријателски затоа што ме нервира ако мене некој ми помага или ми праи муабет а знам какво мислење има за мене. Се трудам да бидам што е можно поотворена со нив и да им кажам искрено што ми смета. После тоа не значи дека ќе расчистиме и ќе бидеме најдобри пријатели, туку барем да можеме да воспоставиме толерантни односи, особено со луѓето со кои е неизбежно да стапам во контакт понатаму. Ако се работи за некој што сум скарана со него, едноставно не разговарам, не ме интересира и се трудам да бидам што може подалеку. Не се замарам со сељачки начини на расчистување (или замрсување) на односите, како на пример тепачки, предизвикување проблеми на таа личност со намера да и наштетам, зборување лошо за неа а таа не знае што мислам за неа, и слично.
А на пример, ако не се работи за 'непријател', туку за конкуренција, тогаш може да се случи да се зближам несвесно. Не знам зашто сум таква, кога има некој со кој знам дека можам да се натпреварувам, и дури сум свесна дека не би можела да победам, се трудам да воспоставам хармонични односи за или да научам нешто од него или на пријателски начин да му покажам дека сум подобра. Тоа е можеби дури и малку подмолно, ама немам лоша намера, во никој случај да наштетам некому.
 
T

Tetro

Гостин
... уште поблиску* (мала шала) :icon_razz
Да, уште поблиску. :) Не во смисла да го демнеш во секој чекор и да ги лепиш очите на неговиот грб, него, во смисла да ги пратиш неговите планови и до некој степен да знаеш како размислува. Најголемиот дел од војните се загубени само од лабилноста на војската во првите редови.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Треба да се чуваш од лажни пријатели, а не вистински непријатели. Ете баш вака. Лажните пријатели можат да те оддалечат од вистинските пријатели.
 
A

Auditore

Гостин
Јас практикувам повеќе да се пазам од 'пријателите' отколку од непријателите, затоа што знам дека непријателите ќе ја искористат првата прилика да ме повредат, додека пак на 'пријателите' не сакам да дозволам да имаат шанса тоа да го направат кога ќе си свртиме грб or what else..
Непријателите ги држам далеку од мене, и неможам да се правам пријател со некој кој не го поднесувам, кој ме нервира и слично, таквите ги бришам од животот и ко никогаш да не постоеле, но тоа не значи дека сум без 'штит', подготвен сум да ги вратам затоа што отприлика знам со што ќе напднат и спремам контра аргументи, тупаници и слично.
И се се сведува на фразата, 'Чувај се од лажните пријатели, и непријатели'.
 

FortuneTeller

ВРАГ
Член од
20 мај 2011
Мислења
476
Поени од реакции
138
Keep your friends close and your enemies closer. Вака рече Michael Corleone у Godfather II
А исто така рече:
I don't feel I have to wipe everybody out, Tom. Just my enemies
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
52
Поени од реакции
5
Пријателот држи го блиску а непријателот уште поблиску. Денес е дојдено време и кога во најдобриот пријател не можеш да се потпреш 100%. А непријателот треба да ти е поблизок од пријателот во смисла да му ги согледаш плановите и да видиш колку му сечи умот.
 

Aurora-Borealis

Едно дејче :D
Член од
22 август 2009
Мислења
193
Поени од реакции
101
Пријателот држи го блиску до себе, а непријателот уште поблиску.
Па, би се согласила со поговоркава, мислам дека е точна до некаде. Бидејќи треба да знаеме во кој момент непријателот ќе се обиде некако да ни наштети. Сега, не мора да значи дека треба да се здружиш со него и да му глумиш пријател, туку да го држиш на доволно растојание и дистанца, од која што ќе можеш да ги контролираш нештата.
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
414
Поени од реакции
163
Пријателот држете го блиску, а непријателот...?
Се разбира..далеку :) Се шегувам. Мое мислење е непријателот да се држи подалеку т.е ич да не се ни држи. Да не се комуницира и сл. :)
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.031
Пријателот држете го блиску, а непријателот _____________
Под вас (под земја) да не се збуните :)
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Луѓе кои ќе се ситат на мојата несреќа или уште повеќе ќе ја предизвикуваат, блиску до мене ? Не, благодарам.
Искрен да бидам сум размислувал за моите "непријатели". Сум мислел што ги натерало да бидат тоа што се. Сум мислел дека истите тие луѓе некому живот му значат, а во мојот живот се олицетворение на зло. Некогаш сум пробувал да се водам од она христијанското и некогаш сум успевал ако не да ги направам да ми бидат пријатели тогаш барем да ги дистанцирам од мене ( да не се замараат со мене). За жал негативната енергија само ја пренесочуваат на друго место кон други луѓе.

И на крајот не можам а да не се запрашам кoи се непријателите? Можеби и некој од нас е најголем непријател за некого ( во нечии очи), Дали се работи само за лоша етикета или едноставно за недоразбирање. Некогаш непријателите настануваат поради различно толкување на нештата. Мислам дека во 70% од случаевите добар муабет може да ги испегла работите. Јас се водам по тоа мото дека на секој треба да му се даде шанса и по втората шанса пред да го избришете од животот. По тоа продолжувам понатаму, без да се свртам назад...
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.748
Зависи...ако си лошко, ќе го натераш непријателот да мисли дека си му пријател и ќе го држиш блиску колку за да му се одмаздиш, или да го зафркнеш за да му се ситиш кога ќе му биде лошо:) а ако не си лошко, око не ќе сакаш да му видиш на непријателот и ќе го држиш што подалеку од тебе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom