Присилна наплата на МРТВ

  • Креатор на темата Princ
  • Време на започнување
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Се согласувам со сите постови.
МТВ веќе добива пари од буџетот и со тие веќе требаше да понуди нешто од нешто, а потоа да бара радиодифузна такса.

Што е она, бе, тие свртеле ли МТВ да видат што всушност се дава?! Дали виделе какви се форшпаните!? Станати се бетер од најлошата аматерска телевизија, а сакаат да им плаќам? Виделе ли каква програма нудат?! Додека ХТВ дава блокбастери и се спрема за ХДТВ, они даваат тв-филмови од 80-те. Немаат ни телетекст!!! И локалниве дури почнаа да купуваат нови филмови, какви и да се. Срамота!

ГАДУРИ! Не добивам ништо, не плаќам и точка.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Еден пријател од Србија еднаш ме прашуваше и вака одеше муабетот:

Која ви е државна телевизија, јас фаќам само некоја МТВ...?

- Па таа ни е државна...

ТАА ВИ Е ДРЖАВНАААА?????
 

alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
МКРТВ треба да се финансира од буџетот на РМ, без дополнителни глупи скриени даноци на граѓаните и фирмите.

ако немаат пари, нека го зголемат персоналецот. или нека им наметнат такси на кабелските оператори. глупо е, покрај сите обврски, сега да мислам на уште една...

зошто мора се да биде комплицирано кога може да биде просто?
 
P

Princ

Гостин
А зошто сами-себе да не си се финансираат? Реклами, порничи после 12 со 0500 броеви, интересна и квалитетна програма (преполна реклами)... Кој ги финансира А1, Сител, Канал 5, Телма... и сите останати, да не ги листам? Било што, што не е самоодржливо, нека го снема и ич не ми чуе.
 

alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
А зошто сами-себе да не си се финансираат? Реклами, порничи после 12 со 0500 броеви, интересна и квалитетна програма (преполна реклами)... Кој ги финансира А1, Сител, Канал 5, Телма... и сите останати, да не ги листам? Било што, што не е самоодржливо, нека го снема и ич не ми чуе.
затоа што секоја држава има своја телевизија.

затоа што поради тоа немаат право на 0500 броеви и многу реклами

затоа што треба да ја кажуваат вистината, а не да измислуваат вистини како а1 и сител

затоа што ако на државна телевизија пуштиш реклами, може многу убаво да и тргне, па под присила на власта сите да се рекламираат кај неа (а парите од рекламирањето да ги дели некој друг) па ќе биде и нелојална конкуренција.


заклучок - се прави за конректна цел (реално информирање на граѓаните (пр. седници од парламент во живо)) и некој мора да ја финансира!

мојата поента е само ЗОШТО тоа да биде комплицирано, кога може да биде просто?


а самоодржлива не е ни полицијата. да ја распуштиме ли? или да ги тераме да казнуваат за сообраќајни прекршоци за да ги покријат сите плати на нивните 12.000 вработени? и тоа ќе им тргне, само после да не плачете колку се големи казните....
 
P

Princ

Гостин
Полицијата е самоодржлива. Се што работи полицијата на еден или друг начин се наплаќа. Две казни еден полицаец да напише во месецот, ја извадил својата плата. Еден криминалец да затворат, пак ја исплатиле својата плата.
МРТВ има реклами, колку сакаш. Не ме терај утре да снимам програма на МТВ1 1 саат, и на А1 1 саат. Исто реклами имаат, и по секунди и по клиентела. Што не се способни да менаџираат со тие пари, не сум им крив јас.
На крај краишта, колку што знам, МРТВ добива секоја година одредена сума од буџетот. Значи моите и твоите пари од данок, еден процент, одат во МРТВ по автоматизам. Зошто сега тероризираат ни криви ни должни (имам кабловска ебаго) со заканувања дека ќе им пратат извршители доколку не плаќаат 1500 денари годишно, секој еден дом?
МТВ одамна не постои во нашите домови, од средината на деведесетите. Слободно можат да ја пеплосаат, јас не плаќам. Ќе размислам, кога ќе видам резултати. Под овие услови и во овие околности не. Не 130 денари месечно, 2 денари месечно не им давам.
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
problemot tamu e vo glavnite luge koi donesuvaat odluki vooedno i so urednicite koi treba da se menjaat a tie koi se fakticki realizacija nemaat moznost da ja zavrsat rabotata,tamu se najdobrite u taa bransha ali jebi ga dzabe koga glavnite 10/20 dusi tamu uvek ja sjebuvaat cela rabota.
ne se budalete taksata treba da se plaka bar da ima nesto drzavno u dvzavava,vaka koga ve cita covek ko da pisuvaat tranzicioni oligarsi po gavolite.
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
816
Поени од реакции
22
МТВ:pusk: .Кој ќе им плаќа треба да е будала...Значи ќе плаќаат сите,ако имаат нешто добро.Јас МТВ немам пуштено многу оддамна бидејќи немам што да гледам.. Дали некогаш имаат направено добра емисија?Дали некогаш се давале добри филмови или даваат филмови од пред 50 години,кои се премногуууу досадни..Така да нека стигнат на некое ниво како HRT,па потоа ќе им плаќаме,иначе така како што е сега состојба со МТВ,и луѓето како што немаат пари,ќе видиме дали ќе им плати некој....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
А МТВ уште постои? :pos2:

Апсурд, за 40-50 канали од цел свет = 350 до 500 денари. За 3 канали, што собраниски што со шуштење после 12 саат, 130 денари.
Член 145
Од средствата на радиодифузната такса се финансираат следниве
корисници:
- ЈП Македонска радиотелевизија;
- ЈП Македонска радиодифузија и
- Советот за радиодифузија.

Член 149
Средства од наплатената радиодифузна такса се распоредуваат на
следниов начин:
- 72% за МРТ за покривање на трошоци за создавање и емитување на
програмите;
- 4,5% за МРТ за техничкотехнолошки развој;
- 16% за МРД за одржување и употреба на јавната радиодифузна мрежа;
- 3,5 % за МРД за развој на јавната радиодифузна мрежа и
- 4 % за Советот за радиодифузија за регулирање и развој на
радиодифузната дејност во Република Македонија.
Од вкупно уплатените средства од радиодифузната такса МРТ задржува
износ во висина од 0,5% на име провизија.
Стварно ништо не земаат другите тв и радио медиуми. Топки.

Ќе видам ко ќе тропне инкасаторот, ако имам пари ќе му дадам, ако не...имам и така стара роба у подрум за фрлање (добро сочувана, малку користена) па можи да се исценкаме некако :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.226
Поени од реакции
34.519
МРТВ може да ми цуцне од бардачево. Нека ми достават сметка слободно.
Али, најтажно е што има еден куп пензионери кои без размислување ќе ги платат сметките наместо да тркнат до Краш и да им купат чоколада на внуците.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Размислував и за малку ќе кажев дека треба прво да почнеме со плаќање на такса за да добиеме за почеток каква-таква програма, но

МТВ веќе добива пари од буџетот и со тие веќе требаше да понуди нешто од нешто, а потоа да бара радиодифузна такса.
постов дефинитивно ме потсети на вистината. Во 2007 МТВ доби нешто помалку од 20 милиони евра да се среди. Наместо тоа, тие трошеа 40.000 евра за да емитуваат Мис на Македонија, таа година катастрофално организирана, како и Мис на Светот кое не верувам ни дека беше воопшто гледано.
Трошеа пари и да ги вратат големите ТВ фаци кај нив, а завршија само со Игор Џамбазов и Сељанка Рашич кои пак си отидоа од таму.

Во последно време конечно нешто сменија по 20 години, ставија нов фонт за превод. :pos:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
И не само од буџет, добиваат и од донации и други извори...али тоа е.

Али, најтажно е што има еден куп пензионери кои без размислување ќе ги платат сметките наместо да тркнат до Краш и да им купат чоколада на внуците.
И пензионерите не се она што беа. Дедото одамна ги брка од двор сите можни потенцијални инкасатори и наплатувачи, татко ми исто пензионер, беше чесен сфрј граѓанин, сега е најчесен неплаќач на тие брливи давачки.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Имаше една анегдота (веројатно е виц, не е вистина), кога некои претставници од CNN дошле во посета. Кога стигнале во зградата прашале на кој спрат е МРТВ на што се разбира добиле одговор: „па целото ова е МРТВ...“

Поентата е, направија економски неодржлива градба, типично за тоа време. Зграда која голта пари само за одржување, со ненормални димензии од кои нема никаква потреба. Вработија ненормална бројка на луѓе само за да ја пополнат таа зграда, на принципот „клати врата - земај плата“. Другите телевизии работат во далеку поскромни услови кои имаат економска логика: без непотребен простор и непотребни вработени, па со парите кои ги добиваат од реклами преживуваат.

Е сега знам, држи тоа дека МТВ некогаш имаше продукција, се снимаа разни програми, забавни, документарни, образовни... но помина тоа време. Сега, МТВ ни ги пушта истите програми што ги снимала пред 30 години. Пари за нови нема, а ние не сме расположени да платиме за да има.

Другите телевизии не му ја мислат за оваа проблематика. Немаме телевизија која ќе го пополни тој вакуум, а такви програми се потребни. Сите се сеќаваме на Бушавата Азбука (некој ја спомна погоре). Точно, застарена е и глупаво е да ја пуштаат сега, но на времето беше вистински хит и сите како деца ја гледавме, ја знаевме на памет и ја раскажувавме на одмор во школо. И сите научивме нешто од неа. Имаше добри документарни и историски програми (Тврдокорни некој...?), народните приказни се и ден денес хит кај повозрасното население и се вртат на приватни локални телевизии, имаше музички програми (топ листи, домашни и странски, музички времеплов итн...), имаше одлична спортска понуда: не се пропушташе поголем спортски настан, гледавме се што гледаше остатокот на светот пред Интернетот...

Сегашниве телевизии не се добри, тие се добри во споредба со МТВ затоа што МТВ е очајно лоша. Телевизија која пушта 6 серии во денот од кои 5 латино сапуници не е телевизија. Тоа треба да се затвори од инспекција за геноцид врз духот на луѓето и отупување на и онака тупиот народ. Ни една денешна телевизија нема да се потруди да потроши пари за да ви снима образовна или забавна програма или недај боже да гледате некој понов квалитетен филм. Згора на тоа, сите дебили продефилираа на телевизија а некои си добија и свои програми (Боки 13 и слично), поквалитетните ТВ серии се пренесуваат 2-3 години откако ќе ги изгледаме на други телевизии а потоа се репризираат до бесвест... Единствено што има некое значење е спортската понуда која претежно ја уништуваат неписмени коментатори.

Во вакви ја не можам а да не му посакам здравје и среќа на оној кој го измисли Интернетот.

Што се однесува до МТВ, треба да се издвојат пари од буџетот, да се намали бројот на вработени, и да се префрлат во некои простории кои се адекватни. Да функционираат како сите други телевизии, по можност со помалку сапуници. Да си го вратат угледот што го загубија низ годиниве и да станат повторно почитувани. Па после и да бараат пари, да има човек зошто да плати.
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Колку што знам, од парите собрани за радиодифузна такса само 10% одат за содржината на програмите. МРТВ, како национална телевизија е должна да ја покрие целата територија на Македонија, секое планинско место и секоја дупка. За тоа требаат предаватели, многу предаватели на недостапни локации. А за нив треба одржување, а одржувањето е скапо.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Колку што знам, од парите собрани за радиодифузна такса само 10% одат за содржината на програмите. МРТВ, како национална телевизија е должна да ја покрие целата територија на Македонија, секое планинско место и секоја дупка. За тоа требаат предаватели, многу предаватели на недостапни локации. А за нив треба одржување, а одржувањето е скапо.
нивни проблем, нека ми понудат програма за да ги гледам
види на кое ниво е ХРТ
ене во Србија најгледан е РТС 1 а втора по гледаност РТС 2, а зошто затоа што има програма
кај нас нема
затоа не плаќам за нешто што не го користам, а извршител да видиме кој е тој што ќе проба да влезе во минимум 25 000 домаќинства :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom