Имаше една анегдота (веројатно е виц, не е вистина), кога некои претставници од CNN дошле во посета. Кога стигнале во зградата прашале на кој спрат е МРТВ на што се разбира добиле одговор: „па целото ова е МРТВ...“
Поентата е, направија економски неодржлива градба, типично за тоа време. Зграда која голта пари само за одржување, со ненормални димензии од кои нема никаква потреба. Вработија ненормална бројка на луѓе само за да ја пополнат таа зграда, на принципот „клати врата - земај плата“. Другите телевизии работат во далеку поскромни услови кои имаат економска логика: без непотребен простор и непотребни вработени, па со парите кои ги добиваат од реклами преживуваат.
Е сега знам, држи тоа дека МТВ некогаш имаше продукција, се снимаа разни програми, забавни, документарни, образовни... но помина тоа време. Сега, МТВ ни ги пушта истите програми што ги снимала пред 30 години. Пари за нови нема, а ние не сме расположени да платиме за да има.
Другите телевизии не му ја мислат за оваа проблематика. Немаме телевизија која ќе го пополни тој вакуум, а такви програми се потребни. Сите се сеќаваме на Бушавата Азбука (некој ја спомна погоре). Точно, застарена е и глупаво е да ја пуштаат сега, но на времето беше вистински хит и сите како деца ја гледавме, ја знаевме на памет и ја раскажувавме на одмор во школо. И сите научивме нешто од неа. Имаше добри документарни и историски програми (Тврдокорни некој...?), народните приказни се и ден денес хит кај повозрасното население и се вртат на приватни локални телевизии, имаше музички програми (топ листи, домашни и странски, музички времеплов итн...), имаше одлична спортска понуда: не се пропушташе поголем спортски настан, гледавме се што гледаше остатокот на светот пред Интернетот...
Сегашниве телевизии не се добри, тие се добри во споредба со МТВ затоа што МТВ е очајно лоша. Телевизија која пушта 6 серии во денот од кои 5 латино сапуници не е телевизија. Тоа треба да се затвори од инспекција за геноцид врз духот на луѓето и отупување на и онака тупиот народ. Ни една денешна телевизија нема да се потруди да потроши пари за да ви снима образовна или забавна програма или недај боже да гледате некој понов квалитетен филм. Згора на тоа, сите дебили продефилираа на телевизија а некои си добија и свои програми (Боки 13 и слично), поквалитетните ТВ серии се пренесуваат 2-3 години откако ќе ги изгледаме на други телевизии а потоа се репризираат до бесвест... Единствено што има некое значење е спортската понуда која претежно ја уништуваат неписмени коментатори.
Во вакви ја не можам а да не му посакам здравје и среќа на оној кој го измисли Интернетот.
Што се однесува до МТВ, треба да се издвојат пари од буџетот, да се намали бројот на вработени, и да се префрлат во некои простории кои се адекватни. Да функционираат како сите други телевизии, по можност со помалку сапуници. Да си го вратат угледот што го загубија низ годиниве и да станат повторно почитувани. Па после и да бараат пари, да има човек зошто да плати.