Интересна тема.
Од старт не се сложувам со неколку постулати.
"Свеста е способноста на човекот да ја восприема и процесира стварноста што го окружува". Различни апаратуси ја восприемаат и процесираат стварноста што ги опкружува па не би рекле дека се свесни. Свеста е уникатноста на Искуството. Свеста е способноста да Искусиш. Вештачка интелигенција е сосема друга тема која не треба да се меша со свеста. Интелигенциајта е само една карактеристика или атрибут на свеста која е многу по широк поим.
Како ќе докажеш дека ти Искусуваш, а АИ не Искусува, еве во ситуација кога АИ го поминува Туринговиот тест?
Е сеа дали е свеста засебен феномен или епифеномен на мозокот е правото прашање. Од моите досегашни сознанија неспорна е корелацијата мозок-свест, али спорна е каузацијата.
Идеш со веројатност и статистика, ондак...
Ако има корелација помеѓу два феномена што воедно не укажува на каузација, не се знае дали феномен А влијае на феномен Б, дали феномен Б влијае на феномен А (доколку има каузација) или и феномен А и феномен Б се неминовни резултати на феномен Ц (или серија од феномени поврзани меѓусебно кои ги ставаме под чадор израз „Феномен Ц“) кој не е земен во равенката (нема каузација).
Или мозокот е резултат на свеста...
Или свеста е резултат на мозокот...
Или и мозокот и свеста се резултат на трет фактор (серија од фактори), еве нека е животот/ДНК-та во комбинација со одредени фактори кои доведуваат до функционална особа..
Мозок без очигледна манифестација на свест, имаме видено во илјадници ситуации на кома/опака лоботомија (освен ако не кажуваш дека таму некаде МОЖЕБИ постои иако не е регистрирана од ништо). Имаш забележано свест без притоа да постои мозок?
Ако тука тргнеш од тоа дека „да, но што ако овие две се резултат на трет фактор?“
Каде вака грубо и лаички, забележуваме манифестација на свест? Кај живите организми, впрочем и самиот кажуваш дека „свесно“ АИ не може да постои според тебе...
Дали сите живи организми се „подеднакво“ свесни, ако уопште може да се мери нивото на свест? Ти и црв не сте свесни подеднакво, а сте живи ако го земеме интензитетот на „искусување“ ко мерлива величина. Тоа значи дека не е животот сам по себе доволен за постоење на еве наречи ја „високоразвиена“ свест. Потребна е човека ДНК и тие и тие фактори кои ќе доведат до возрасна „свесна“ особа. Али кога на таа возрасна особа и го пипкаме мозокот со лоботомија или други пристапи ко електрични шокови, свеста не се манифестира и особата не покажува никакви „свесни реакции“.
Или еве ќе бидеме побрутални за да не испадне дека „свесна е можда, ама не знаеме“ муабет и ќе ја убиеме особата...
(Нема свест, сем ако не идеш со тоа дека „ок, свест е нешто непипливо, можда се отселило од телото, души постојат, ае докажи дека не постојат.“ На тој аргумент, нема што да се каже, ерго летечи еднорози).
Али обратно, свест без функционална жива особа, мозок итн, не наоѓаш, нали?
Глеаш каузација или ја патам од апофенија?
Тука е сеа малце заебано затоа што мора да се постави базичниот светоглед, дали пристапуваш кон проблемот од аксиома на слободна волја или детерминизам.
Дефинирај слободна волја во овој универзум.
Под слободна волја подразбираш сознание за тоа дека постојат опции помеѓу кои што можеш да одбереш или дека твоите мисли/однесување и све што правиш не се предизвикани од одредени фактори, кои и да се?
Ако све што правиш е де факто предизвикано од нешто друго, ондак што му фали на детерминизмот? Појасни.
Да додадам, једин концепт за слободна волја со кој се слагам е оној вашиот, правниот кој се бави со способноста на човекот:
1. Да има „контрола“ врз своите акции.
2. Да биде „свесен“ за своите акции.
И нели тука има мера до која некој којшто е ментално хендикепиран/пијан/има проблеми со импулси е свесен/има контрола за/врз своите акции. Тоа е опширна дебата, ама нема врска со архајската поделба на слободна волја/детерминизам која ја подразбираме и двајцата и знаеш за што зборуваме.
Шо мислам под ова, еве малце храна за умот. Мозокот по дифолт си работи на одредени фрекфенции, алфа, бета, гама, тета врз кои немаме некаква свесна контрола. Е сеа седнува тип и преку посебен вид медитација го доведува умот до одредено стање каде што овие фрекфенции ги доведува до sync (се убив, неможам да го најдам видеото). Шо се дешава фактички? Mind over matter момент е ова?
Не?
Ако типот добие паничен напад пошто реши да се исфура дека ќе падне на испит и ги доведе овие „фреквенции out of sync“, mind over matter? Ако ти мета-размислиш да извршиш одреден процес кој знаеш дека ќе има одредено дејство на твојот ендокрин систем и/или застапеноста на одредени фреквенции на електрично празнење во невронските мрежи, како тоа докажува "mind over matter"? Што може да докаже тоа, е дека индиректно одредени делови од мозокот, можат да влијаат на електричните импулси и нивната фреквенција во други невронски мрежи, а не дека постои свест како одделен феномен од мозокот.
Едно е директна контрола врз одредени процеси, а друго е индиректна. Врз функционирањето на многу органи кои ти се оперирани од автономен нервен систем имаш индиректна контрола, вклучувајќи ги и срцето, желудникот итн...
Па дури и утре некој фрик да може директно да влијае на работата на срцето и другите такви органи, тоа не докажува постоење на свест, само покажува сумњиво поврзување на одредени центри од мозокот со одредени органи.
Е сеа имаш различни школи и аргументи и за едната и другата страна, пример Sam Harris вели дека сме предетерминирани, со тоа што човекот направил експерименти и заклучил дека мозочната активност секогаш и претходи за неколку милисекунди (шо е бајаги) на умствената. Ова у превод значи, пред ти да посакаш да ја кренеш чашата, мозокот веќе одлучил дека ќе ја крене чашата.
Има една друга која кажува дека се 7 секунди пред да одлучиме во одредени ситуации. Тоа што го покажува е дека кога луѓе треба да одлучат со која рака, блабла, тогаш се приметува активирањето на истите центри блабла, 7 секунди порано.
Ама тоа не значи дека важи за сите одлуки
Тоа се микросекунди кои ја делат „одлуката на мозокот“ што воедно = „ти дознаваш дека го сакаш тоа“ и твојата одлука што да направиш. Али ипак има каузалитет, само на многу помали временски интервали, ко што рекол Сем Херис.
Само или ти лошо го цитираш или зборовите на типот се лошо интерпретирани.
Тоа што мозокот „одлучил“ и што „ти одлучуваш“ во неврологијата е пак што „мозокот одлучил“.
Како иде тоа? Гледаат дека откако се активираат „едни центри во мозокот“, се активираат други центри во мозокот кои се поврзани со појавата на „одлучување/осознавање.“, грубо кажано. Така да, тоа „ти одлучуваш“ = „мозокот одлучува“ и тука не ти зборувам за употребување на прашалници како инструменти за да дознаат кога испитаниците „одлучиле“ нешто пошто тоа е убер споро.
Лошото толкување на таа реченица доведува до претстава за некаков дуализам, кога нема дуализам. Нема мозокот одлучил...милисекунди...ти си одлучил...
Има, еден центар се активирал....милисекунди....друг центар поврзан со „одлучување“ се активира.
Дали е свеста материјална или иматеријална? Mind-body проблемот уше не е решен.
Aргументите и на двете страни се силни.
Обилна е темава..
Нема проблем, бидејќи не постои „иматерија“. Што е тоа „иматерија“?
Како знаеш дека не постојат 30 различни „нематеријални“ материјали (наречи ги како сакаш)?
Можда е иматерија, субиматерија, dark antinomatter итн... и сите тие се градбени единки на „свеста“...
У наука, ствари кои не можеш да ги дефинираш, а ниту да испиташ дали се точни по пат на опити/формули/симулации, се битни и релевантни колку што е битен Харе Кришка.