Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Абе интересна приказна ама видео од прославата каде сигурно имаше камери вперени кон бината никаде не видовме. Чудно.
Ајде море, ова е интересна приказна, а приказната дека е наркоман е точна, а? И после немало хипокризија...

А за камерите ќе си ги прашаш тие што ги правдаш, пошто они ги сокрија, и јас се уште се чудам..
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.921
Поени од реакции
8.525

Прашај ги тие што го познаваат него и брат му.
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 13:41 ---
Јас верувам во ова:
Зоран Божиновски само сее ветер и магла, за пари нормално.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Прашај ги тие што го познаваат него и брат му.
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 13:41 ---

Зоран Божиновски само сее ветер и магла, за пари нормално.
да да сее ветер и магла, додека Котевски и Јанкуловска лажеа дека на некое дете му се слошило, Зоран прв на фејсбук напиша кој е убиецот и што и каде работи. Дури утредента на тв го кажаа дека се предал и кој е што е. Од него се дозна дека Мартин го малтретирале на водно и самиот му предлагаше на Александар адвокат од Куманово која бараше многу работи да се достават(снимки од 10 ХД камери околу плоштадот + сите работи кои горе ги цитирав) но успејаа да ја сменат и да се остави на само еден обвинет.
 
За првиот болд. Пренесувал новина од некој медиум каде несомнено има контакти.

Абе и Тоше Проески е убиен од коза ностра заборави? Кога дојде до удирање на шлеперската приколка од страната на коза ностра во џипот на Тоше, по сите логички закони на физиката итн.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Прашај ги тие што го познаваат него и брат му.

Зоран Божиновски само сее ветер и магла, за пари нормално.
Абе јас дури и не знам што прашуваш овде кога се‘ си знаеш. Еве да не ја тераме до бесконечност, во право си, клошар невиден наркомански е, требаше да биде убиен, и тоа посурово, исто и за мое и твое дете така нека се однесуваат, а им се види дека личи на наркоман, одма ќотек до смрт! :tapp:
Па не се битни граѓаните, првенствено и најважно е да се одржи идолатријата спрема одредена политичка структура. Само напред!

За Божиновски се согласувам, чоекот живее во некој паралелен свет..
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Прашај ги тие што го познаваат него и брат му.
Дали ти Кадаиф на некој начин се обидуваш да го оправдаш убиството на детево или јас лошо читам?
 
Во Иран обесени 12 дилери на дрога

Во Иран денеска е извршена смртна пресуда со бесење на 12 осуденици за илегална трговија со дрога, јави иранската државна телевизија.

Во затворот во јужниот град Шираз обесени се седум од вкупно 12 дилери, а останатите петмина се обесени во присуство на јавноста во населбите каде ќе го извршиле делото.
Во Иран со смртна пресуда се казнуваат убиство, силување, вооружен грабеж, киднапирање и трговија со дрога.

http://sitel.com.mk/dnevnik/svet/vo-iran-obeseni-12-dileri-na-droga
Кога ќе видам каков џган постои во државата заради кои страдаат невини луѓе посакувам да живеам во Иран.
 
Вергилиј

Развртник
Член од
12 јануари 2012
Мислења
65
Поени од реакции
40
Дали ти Кадаиф на некој начин се обидуваш да го оправдаш убиството на детево или јас лошо читам?
Лошо читаш, тој само упорно сака да ни помогне да сватиме дека убиството било праведно у секоја смисла на зборот, еее остај ти, вакви као кадаиф ни требаат во државава.
Душички тие.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.921
Поени од реакции
8.525
Дали ти Кадаиф на некој начин се обидуваш да го оправдаш убиството на детево или јас лошо читам?
Во никој случај не го оправдувам, тоа е инцидентна грешка која се случува насекаде во светот по полициите . Па полицијата кога се занимава со све и свашта пошто е изгорена од млеко и на јогуртот ќе дува. Тоа се секунди во кои се работи на инстинкт и нема многу време за размислување.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.948
Поени од реакции
12.552
Во никој случај не го оправдувам, тоа е инцидентна грешка која се случува насекаде во светот по полициите . Па полицијата кога се занимава со све и свашта пошто е изгорена од млеко и на јогуртот ќе дува. Тоа се секунди во кои се работи на инстинкт и нема многу време за размислување.
Ако имаат ишјус со инстинктот тогаш да ги преселиме во африка, земјата на инстинктите
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во никој случај не го оправдувам, тоа е инцидентна грешка која се случува насекаде во светот по полициите . Па полицијата кога се занимава со све и свашта пошто е изгорена од млеко и на јогуртот ќе дува. Тоа се секунди во кои се работи на инстинкт и нема многу време за размислување.
Епа инцидентни грешки се казнуваат. И јас ако по грешка убијам човек ќе лежам во затвор. И ако по грешка некој друг е замешан, а е замешан длабоко во целава ситуација на прикривање треба да си плати. Значи заклучок: Грешките се плаќаат.
Сега ќе има повеќе време за размислување, 14 години ќе размислува.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.921
Поени од реакции
8.525
Абе јас дури и не знам што прашуваш овде кога се‘ си знаеш. Еве да не ја тераме до бесконечност, во право си, клошар невиден наркомански е, требаше да биде убиен, и тоа посурово, исто и за мое и твое дете така нека се однесуваат, а им се види дека личи на наркоман, одма ќотек до смрт! :tapp:
Па не се битни граѓаните, првенствено и најважно е да се одржи идолатријата спрема одредена политичка структура. Само напред!

За Божиновски се согласувам, чоекот живее во некој паралелен свет..
Види ако се прави притисок врз полицијата, како што се прави сега од една инцидентна грешка, поверојатно е утре твоето дете да биде жртва на џганови како наркомани, крадци, деликвенти и остала смрад одколку да биде жртва на полицаец кој си ја врши работата.

Имаш размислувано за тоа?
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 14:08 ---
Епа инцидентни грешки се казнуваат. И јас ако по грешка убијам човек ќе лежам во затвор. И ако по грешка некој друг е замешан, а е замешан длабоко во целава ситуација на прикривање треба да си плати. Значи заклучок: Грешките се плаќаат.
Сега ќе има повеќе време за размислување, 14 години ќе размислува.
Океј е тоа да си плати со лежење во затвор заради убиството, не велам не, меѓутоа медиумската кампања беше направена со генерализирање , демек целата полиција е таква, работа која и те како би имала влијание врз нивната работа. Па не сакам утре да смрадот низ државата да си зема преголема слобода и да биде заштитен ко бела мечка. Капиш?
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
За првиот болд. Пренесувал новина од некој медиум каде несомнено има контакти.

Абе и Тоше Проески е убиен од коза ностра заборави? Кога дојде до удирање на шлеперската приколка од страната на коза ностра во џипот на Тоше, по сите логички закони на физиката итн.
Пријателе грешиш, ако читаш кај него на фејс тогаш не би го зборел ова што го филозофираш со коза ностра. Човекот тврди дека Тоше не загина во сообраќајна несреќа бидејки и ден денес нема никаква истрага за тоа нити па докази. Или е ликвидиран на некое друго место или е нешто трето, претпоставува дека можеби е сокриен во некој манастир. Тоа што многу портали и сајтови преувеличуваа и велеа дека Зоран тврдел дека Тоше е жив, тоа се глупости. Твоја воља што сакаш верувај, јас лично не верувам ни дека И.Спасов е само виновник, а не верувам ни дека Тоше загина во сообраќајка.
 
Член од
9 декември 2011
Мислења
87
Поени од реакции
15
А што му е работа на полицајците кога секаков џган има низ улиците? Кога им е и на нив загрозен животот, а се должни да воведуваат ред и да прават превенција да не се случат несакани инциденти, ако се стане некој инцидент веднаш се праи џева КАДЕ Е ПОЛИЦИЈАТА? ШТО РАБОТАТ ИТН. Абе не се погодува на сите!

Наркоман си? Провоцираш? Бегаш кога те бркале?
na ulica ima sekakov naros toa e tocno no ako nekoj na nekogo ne mu e simpaticen ili mu nalikuva na delkvent neznaci deka treba da go tepa ili maltretira. drugo:bas koga ima problemi policajcite gi nema. doagaat otkako ke zavrsi se.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.921
Поени од реакции
8.525
Пријателе грешиш, ако читаш кај него на фејс тогаш не би го зборел ова што го филозофираш со коза ностра. Човекот тврди дека Тоше не загина во сообраќајна несреќа бидејки и ден денес нема никаква истрага за тоа нити па докази. Или е ликвидиран на некое друго место или е нешто трето, претпоставува дека можеби е сокриен во некој манастир. Тоа што многу портали и сајтови преувеличуваа и велеа дека Зоран тврдел дека Тоше е жив, тоа се глупости. Твоја воља што сакаш верувај, јас лично не верувам ни дека И.Спасов е само виновник, а не верувам ни дека Тоше загина во сообраќајка.
Добро бе у манастир е сокриен, во ред е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom