The`bItCh напиша:
Неслучајно се нарекуваат „принцови” - синдром кој што сакале или не се појавува уште во детството кога сите ние сме принцези
а првите бајки на некој начин го одредуваат нашиот животен избор. Денес нема принцови на бели коњи, затоа пак има згодни типчиња во бели мерцедеси.
Toкму тие бајки на тие мали "принцези" им создаваат илузија и со тек на време додека растеме сфаќаме дека во реалноста не постои принц кој ќе дојде, ќе те бакне и ја имаш љубовта на својот живот, а сето тоа ќе има среќен крај со многу дечиња. Не велам дека муабетов со многу дечиња не е остварлив
Со тек на време, со секое ново искуство сфаќаш дека:
The`bItCh напиша:
Прво: Соврешен е! И покрај тоа што не знаеме кои се „тие”, значи зборуваме за модел кој треба да биде совршен. А што е соврешеното? Сепак совршенството е индивидуално - за некого полошо е совршеното нели?
На почеток на врска секој го идеализира својот партнер, ти се чини дека е слатко се што прави, секој недостаток не го гледаш како таков. Со тек на време сфаќаш дека тие "слаки" навики не се толку слатки како на почеток и сфаќаш дека никој не е толку совршен колку што изгледа на почеток. Значи ништо од совршениот "принц".
The`bItCh напиша:
Второ: Безгрешен е! Додека нашиот партнер знае понекогаш и не само понекогаш да направи грешки - тие „принцовите” се безгрешни. Моделот е секогаш така создаден да ни ги задоволува сите наши потреби - тој никогаш нема да на изнервира ниту пак направи несреќни.
Исто како со сликата за совршенство, затоа што нели човек ако е безгрешен е идеален, а не постои човек кој не греши. Треба навистина да си мутав за да мислиш дека "принцот" не греши, а со самото тоа грешиш и ти самиот.
The`bItCh напиша:
Трето: Додека конкретниот партнер знае да остане имун на нашата мака или проблем и буквално да се оддалечи, а боже сачувај да учествува во решавањето, нашиот принц би ни излегов во пресрет.
Не мора да е некој принц за да ти помогне доколку се бара тоа од него. Помош која не е изнудена е секогаш добредојдена. Не мора да те качи на бел коњ (или мерцедес) и да избега со тебе кога е густо, туку да остане на местото и да те поддржи во се, да го брани твојот став пред другите, а насамо да те критикува доколку смета дека не си во право.
За мене важи она: Труди се да бидеш онаков каков што сакаш да биде твојот партнер. Почни со менување на себе си (доколку мислиш дека е потребно), а најчесто луѓето бараме партнер кој ќе биде идеален, не погледнувајќи се самите.
Доколку сум совршена јас или мојот партнер, нема да е интересно, нема да има судир на мислења, ставови и карактерни особини.