Принцови и принцези

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Не сум совршена ниту принцеза,така да никогаш не сум барала ни совршенство ни принц.Ама затоа најдов некој кој е ист како мене и кој е мое совршенство.
И јас како тебе, не си се сметам совршена себеси, за да би трагала по некој совршен. Уште повеќе, јасно ми е дека имам малку тежок карактер, конфузна сум, поголемиот дел од времето сум во фрка и не знам да покажам како што треба што чувствувам... И затоа оној кој го имам е совршениот за мене. Затоа што прифати да биде со мене ваква каква што сум и не ми замерил никогаш за ништо. Затоа и јас можам да прејдам преку сите негови моменти, секоја нерешителност, повременото изолирање... Нема принцеви и принцези, има само луѓе кои во вистинскиот момент и во вистинското време се нашле заедно и решиле заедно да работат за да создадат нешто заедничко.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom