- Член од
- 12 јуни 2008
- Мислења
- 260
- Поени од реакции
- 6
Дома > Македонија
Приведени новинарски екипи во Северна Грција
Коментари (4)
14.10.2008 13:48
Момироски: Никогаш не ни барале специјални дозволи Новинарските екипи на А1 и на А2 Телевизија, заедно со новинарка на „Нова Македонија“ денеска беа приведени од грчката полиција во селото Забрдени, леринско.
Новинарот на А1, Горан Момироски и на А2, Горазд Чомовски, со снимателот Игор Јанковски и новинарката Мери Јордановска од Нова Македонија, повеќе од еден час биле држени во локалната полициска станица.
Причините за приведувањето се уште не се познати.
Тројцата новинари и снимателот биле легитимирани и испрашувани еден час и 20-ина минути. Главно прашањата биле зошто се дојдени, што снимаат. А1 контактираше со еден од нив, кој рече дека полицијата им барала специјални дозволи за снимање од грчкото Министерство за информации.
„Нешто што досега воопшто и никогаш не било потребно за новинарско покривање на било кој настан во Грција“, објаснува новинарот на А1, Горан Момироски.
Грчките полицајци најверојатно се сомневале дека новинарите снимаат воени објекти.
Затоа им забраниле понатамошни снимки. По проверката, новинарите биле пуштени на слобода но, и им бил доделен полициски ескорт.
Новинарските екипи се вратиле назад во Забрдени, само што пристигнале, од полициската придружба ги информирале дека не смеат да разговараат со локалното население од Забрдани затоа што наводно го вознемирувале со прашањата.
Кратко потоа, во придружба на полициски ескорт им кажале да се упатат кон граничниот премин Богородица, кон Македонија.
Новинарите беа испратени од своите новинарски куќи за да информираат за настанот по вчерашниот инцидент, кога беа уапсени четворица Македонци, а еден беше повреден во судирите на локалното население со грчката армија.