Академија на ИТ Александрија
Ако те интересираат компјутери иди си у
Alexandria. Таму ми студира едно другарче и вика ептен cool место било. Не само што за година дена (максимум две за компјутерски мрежи) ќе добиеш практични знаења и куп сертификати (Cisco, Microsoft, CompTIA, CIW), него дури и ти наоѓаат работа. Сега баш ми рече оти Александрија со Он.Нет направила некој договор за пракси и сите шо биле на пракса Он.нет ќе ги запослувал.
Освен тоа, кажуваше дека сега од октомври ќе имале некои нови интересни програми (специјалист за продажба и специјалист за поддршка, мрежен техничар и програмер). Вика, вистинско чудо колку многу научиле за така малку време и - толку лесно и забавно. Мали групи, добра опрема и уште подобри инструктори. И нема малтретирање околу испити пошто све полагале на компјутер. Значи, нема мито, нема корупција. Е да, кошта малце повеќе (али само заради испитите за сертификати) али тие пари ги враќаш за помалце од една година. На државните факултети ќе окапеш со години и кога ќе отидеш да конкурираш за работа на крај ќе ти кажат, батка, како може ти тие работи да не ги знаеш. И, пак мораш да учиш она што нив им треба. Рачунај ти сега колку пари се тоа само за животни трошоци додека студираш.
У секој случај, другарчево вика дека не жали за ниедно евро што го дал таму затоа што веќе му обезбедиле работа...
Ај сеа шо ќе кажете.... Факултет а? Како не бе...