Вчера на Канал5 имаше интервју со претседателот на КФМ, не го знам човекот дали е поштен или ко другите функционери си гледа прво за себе ама ми остави многу позитивен впечаток.
Еден цитат од интервјуто:
Ние како нација патиме од комплекс на ниска вредност и сметам дека тој катанец дека како народ и нација не вредиме со овој успех на кошаркарите го скршивме
Точно мое мислење, ако го бива човекот и на други позиции се исто фини луѓе (нели Врба е исто во раководството) само нека се пренесе тоа и во другите федерации.
Многу добар почеток за смена на менталитетот на пониска вредност што го добивме со губењето на името, знамето и да не навлегувам понатаму во политика.
Само вака нека продужи и да биде сплотен народот и имаме шанси нешто да бидне од нас

.