Претседателски избори втор круг: Ѓорѓе Иванов е новиот претседател на Македонија!

Кој ќе биде новиот претседател на Македонија?

  • Ѓорѓе Иванов - ВМРО ДПМНЕ

    Гласови: 207 48,3%
  • Љубомир Фрчковски - СДСМ

    Гласови: 143 33,3%
  • Нема да гласам / сеуште не определен

    Гласови: 40 9,3%
  • Ќе го поништам ливчето, не сакам да гласам за ниту еден од кандидатите.

    Гласови: 39 9,1%

  • Вкупно гласачи
    429
Статус
Затворена за нови мислења.

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Пријателе, за тоа како грците нас ќе не нарекуваат...ич не ми чуе право да ти кажам.
Тука повторно грешиш. Со влезот во НАТО како Северна Македонија ќе се појави барање од грците за преименување на нацијата и јазикот за влез во ЕУ! Повторно Грција е во подобра состојба! А знаеш како велат оној кој еднаш, двапати, трипати попуштил пак ќе попушти!
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Профрчковистиве овде се направија наудрени за овој пост. Затоа си зедов дозвола уште еднаш да го цитирам.

Значи нема НАТО само со промена на име, туку со промена на се што е македонско. Не знам како на некои овде уште не им стана јасно ова. Тоа е ставот на Грција и не попушта за жива глава.

Ставот на Иванов е повеќе од јасен за тоа. Си кажа човекот дека НАТО може да почека, таму ќе влеземе како македонци, па макар и да не влеземе никогаш.

За разлика од него, Фрле се расфрла со зборови дека ќе влеземе за 3 месеци во нато. Повеќе од јасно е дека сака да не натрти во сите можни кама сутра пози.

Епа почитуван електорату, гласајте.
Abe jas ova go imam tvrdeno iljada pati ama ovie mizat, ne im se citaat
takvi postovi.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
темата ја имаш тука
а ако не ја гледаш емисијата секој поарно не коментирај
Глеај немој случајно некое зборче да ти избега :vozbud:
Идемо.

За да не дојде до забуна, оној одозгора е Миленко.

Преговараме за освен глупите аспирации за нато и еу, и за честа.
Tочно. Затоа честа треба да ни ја гарантира најголемата светска организација.
Тука повторно грешиш. Со влезот во НАТО како Северна Македонија ќе се појави барање од грците за преименување на нацијата и јазикот за влез во ЕУ! Повторно Грција е во подобра состојба! А знаеш како велат оној кој еднаш, двапати, трипати попуштил пак ќе попушти!
Знам те разбирам, но најверојатно тој, хипотетички да кажеме иден договор, би требало да биде сеопфатен јасен и прецизен, за да не им даде никаква можност на грците во иднина де не блокираат било каде.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
сепак тоа звучи смешно ...
да ги молиме ООН ...
демек еве ние ќе смениме име ...
ама вие гарантирајте ни дека ќе си останеме Македонци. :uvo:

факт е дека грција одвај чека да смениме име, за да продолжи со барањата.
Груевски им го измери пулсот на последниот предлог на Нимиц. кој патем беше пакет а грците имаа забелешки затоа шо нешто ќе останело Македонско.

1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Глеај немој случајно некое зборче да ти избега :vozbud:
Идемо.

За да не дојде до забуна, оној одозгора е Миленко.
ако не си приметил интересен си им на Рубинчо и Зона
и никој друг така да јас опериран сум од ваши детски коментари
и не делуваат на мене
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189

Tочно. Затоа честа треба да ни ја гарантира најголемата светска организација.
НЕ. Честа ние треба сами да си ја загарантираме, нашата Влада која ја гарантира.

На пр. јас не можам да загарантирам дека си "реален", кога мојата перцепција доловува спротивности, како исто доловува лицемерие и кај светските органи кои божем се на наша страна како и на нашите противници.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
165
Поени од реакции
19
Не ако прајме реално муабет, Фрчко е далеку попаметен од Иванов. Тоа се виде впрочем вечерва на дуелот, Иванов за Фрчко е нула
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Знам те разбирам, но најверојатно тој, хипотетички да кажеме иден договор, би требало да биде сеопфатен јасен и прецизен, за да не им даде никаква можност на грците во иднина де не блокираат било каде.
Никогаш ама потенцирам никогаш, Грција нема да се согласи да го затвори македонското прашање, со потпишување договор во кој Македонија во светот би била именувана како Северна Македонија, а националноста и јазикот како Македонски!
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
686
Поени од реакции
662
Пријателе, за тоа како грците нас ќе не нарекуваат...ич не ми чуе право да ти кажам.
Пријателе се изгуби во ставовите. И самиот си свесен дека проблемот кај Грците е постоењето на македонската нација. ООН е организација, и како секоја организација е од привремен карактер, плус да не зборим дека никој од големите сили не ја ебава ни 2 посто. Таа не може да гарантира баш ништо, не може да гарантира ни дали ќе се опстои во следните 50 години, или како Лигата на народи ќе се распадне како кула од карти и нејзините документи да не важат 5 пари. Поентата е друга, едно е сам да се сложиш за некое решение свесно што е против твоја корист, а друго е ако тоа ти е наметнато. Така да денес овој проблем со Македонското име и идентитет ни е наметнат да не речам со сила, сакаат да го озаконат и овековечат со нашиот потпис. Така да ако не ти е важно некој ако ти вика дека си “курва“ а ти не си, е едно, а ако си потпишал дека си “курва“ тогаш си “курва со тапија“.:toe:
 
член1став3

сеирџија
Член од
10 февруари 2009
Мислења
446
Поени од реакции
13
За сето ова што ни се дешава со Грците кррив е Грујо и никој друг, не сум партиски определен ама учев надвор од државава и многу ми се јасни ставовите на Грција, за кој повеќето од вас не ни знаат за што се работи.
Целата политика со Грција се смени со доаѓањето на оваа гарнитура на власт 2006 и од тогаш ние си имаме проблем, кој самите нема да го решиме него ќе ни го решат другите и ќе не ебат зашто имаме тотално лоша да не речам ужасна надворешна политика.
Муабетов ви е погрешен. Не е крив ни Бранко ни Љубчо, за ова со грците, крив е само Грујо.
 
lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Не ако прајме реално муабет, Фрчко е далеку попаметен од Иванов. Тоа се виде впрочем вечерва на дуелот, Иванов за Фрчко е нула
А Шврчковски бил..спрема изјавата на Иванов...дека кога тој се бавел со политика Шфрче бил само обичен „асистент буреконосач“.

:pipi:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
За сето ова што ни се дешава со Грците кррив е Грујо и никој друг, не сум партиски определен ама учев надвор од државава и многу ми се јасни ставовите на Грција, за кој повеќето од вас не ни знаат за што се работи.
Целата политика со Грција се смени со доаѓањето на оваа гарнитура на власт 2006 и од тогаш ние си имаме проблем, кој самите нема да го решиме него ќе ни го решат другите и ќе не ебат зашто имаме тотално лоша да не речам ужасна надворешна политика.
Муабетов ви е погрешен. Не е крив ни Бранко ни Љубчо, за ова со грците, крив е само Грујо.
Во право си не е крив ни Бранко ни Киро што се смени знамето
што секаде не знаат како фиром
али крив е Грујо што сеуште се трудиме сите да не признаат како Република Македонија
алал да ти е на паметот не си студирал ти ни надвор ни никаде
кладба ставам дека ова ти е втор или трет ник на форумов
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
сепак тоа звучи смешно ...
да ги молиме ООН ...
демек еве ние ќе смениме име ...
ама вие гарантирајте ни дека ќе си останеме Македонци.
По твојата логика ние не ни треба да бараме некакви гаранции бидејќи знаеме дека сме Македонци :toe:

Факт е дека договорот треба да заврши со параф на најмоќната светска организација.
факт е дека грција одвај чека да смениме име, за да продолжи со барањата.
Груевски им го измери пулсот на последниот предлог на Нимиц. кој патем беше пакет а грците имаа забелешки затоа шо нешто ќе останело Македонско.
Јас по којзнае кој пат ќе повторам.

Мене не ме интересираат грчките позиции туку позициите на меѓународната заедница, која воедно е и арбитар на спорот.

Доколку ние чекаме грците да прифатат компромис кој на нив ќе им одговара....отидивме јабана.

Значи да заокружам.
Нашата определба и борба за компромис кој ќе гарантира зачувување на Македонскиот јазик и идентитет, треба да им ја наметнеме на влијателните држави како Америка, Англија и Германија......со што би се реализирал договорот кој ќе биде парафиран во ООН.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom