Абе некој го постираше говорот на Вучиќ ?
Вучиќ ѝ се обрати на нацијата: Ова е само почетокот, ќе сакаат да ја исфрлат Русија од ОН (ВИДЕО)
Претседателот на Србија Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста по повод развојот на ситуацијата во Украина.
„Многу ми е тешко да им се обратам на граѓаните, веројатно во најлошото расположение во последните десет години“, кажа Вучиќ. „Кризата во Украина влијае и на Србија. Целиот свет стана поинаков и буквално ништо повеќе не е исто“, кажа тој.
„Се случија тектонски промени на светската сцена, и Србија се наоѓа во исклучително тешка ситуација и помалку од кога било постои разбирање за позицијата на Србија и на нашиот народ каде било во светот“, кажа тој.
„Тоа не е прашање на нашата принципиелност и исправноста на нашиот став туку околностите кои нè доведоа во тешка ситуација.
Речиси не постои претставник на големите земји со кого не сме разговарале“, кажа Вучиќ.
„Лично разговарав со претставниците на САД и ЕУ, со Урсула фон дер Лаен, со претседателите на Франција, Германија. Разменував пораки со шефовите на Европскиот совет, за нашите гласања и сè останато“, кажа Вучиќ.
„Србија е соочена со огромен притисок и малку кој сака да ја слушне нашата аргументација и тогаш ви е јасно колку е нашата позиција тешка“, додаде.
„Ја мислам дека ова е само почетокот, притисоците на нашата земја ќе бидат огромни во следниот период“, кажа тој. „Очекува во следниот период да има неколку замки за Србија“.
„Видовте дека Албанците поднесоа барање да станат дел од НАТО, видовте дека добија поддршка на сила како Турција.
Некои од следните иницијативи ќе биде исклучување на Русија од Обединетите нации“, истакна Вучиќ.
„Планираат врз основа на членот 6 да поведат расправа за тоа. Тогаш тоа отвора простор за промена на резолуцијата 1244, по што ние повеќе немаме правна основа и следи признавање на независноста на Косово“, кажа српскиот претседател.
„Нашата позиција ни за 3,4,5 дена нема да биде подобра. Никој не сака да ги слуша приказните за ’99, за Косово, тоа за нив е завршена приказна. Замислете да кажат – сега повеќе нема фабрики, сега ќе ги затвораме фабриките, да не зборувам за набавката на одредена стока која ние ја немаме доволно“, кажа Вучиќ.
Најави и протестна нота за Турција поради изјавата на Ердоган за влегување на Косово во НАТО.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста по повод развојот на ситуацијата во Украина.
www.mkd.mk