- Член од
- 1 јули 2012
- Мислења
- 2.384
- Поени од реакции
- 7.017
Кој ги гледал документарците на Малагурски за распадот на Југославија, сигурно добро го запамтил делот за војната во Босна кога бил постигнат договор помеѓу завојуваните страни, требало да се потпише, али наместо тоа, америчкиот амбасадор го собрал Изетбеговиќ да го просветли и го советувал да не потпишува никаков договор туку да издржи уште некое време и ќе ја има цела Босна и Херцеговина. После тоа знаеме сите како заврши таа војна. Секој со секого војуваше. Ден денес се гледаат последиците на западните совети. Шансите Зеленски да го добил истиот совет се преголеми. И во таа ситуација западот ги вооружуваше босанците, имаа поддршка и од муџахедини. Некако премногу се поклопуваат и повторуваат работиве за да би биле случајност, не само околу конкретниов случај, туку и целата поделба и раскарување на народите.