Сите што го сметате ова за нормално, да ве прашам дали ќе го сметате утре ако му текни на Албанија вака да се однесува во Западна Македонија за Тетово и Гостивар. На диви премини со официјални возила да вооружува сепаратисти, а вие да ги претставувате како добротвори.
Донекаде ги разбирам и двете страни но не разбирам како некои се за отцепување на Крим а против отцепување на дел од Македонија.
Но ова хипотетичко однесување на Албанија со однесувањето на Русија може да се спореди само ако ако на протести од 20.000 Македонци се собори легално избраната власт, укине Албанскиот како службен јазик и се забранат Албански телевизии и радио станици и живи се запалат про-Албански демонстранти.
Пошто тоа се случи во Украина.
500.000 протестираа, го симнаа легално избраниот прецедател (противуставно пошто им фалеа пратеници за кворум додека пратениците во парламент беа опколени со маскирани типови), го забрануваат Рускиот јазик и ТВ станици, и експресно решаваат да се приклучат на НАТО со најава дека Руската војска мора да си оди од Крим.
А 2004 исто така има Поморанџеста револуција.
Што очекуваа? Путин да каже "свака част, изволте поставете војска и избркајте не од Црно Море"
Да се разбереме, јас ја подржувам сувереноста на Украјина од проста причина што Крим како и осамостојувањето на Косово може (и ќе биде) употребено како пример и изговор за отцепување на делови на Македонија во иднина. Но Украина да тера самостојна политика против Руски интереси е како Венецуела да тера политика против Американски интереси, ќе има последици.