Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    726
Член од
28 август 2013
Мислења
4.370
Поени од реакции
13.312
Јас поставив едноставно прашање, директно, и со јасна смисла на реченицата. Дали го ОПРАВДУВАТЕ, а не кој како се однесувал....
Чекај малце, многу се залета... Што беше коренот на проблемот што ситуацијата волку ескалира и некој не сака да го сопре тоа?
Мислиш Украина стои зад сето ова, помизерно народот живее од пред 10 години...

Да не се истите тие луѓе што донесоа терористи кај нас и им доставуваа оружје?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Јас поставив едноставно прашање, директно, и со јасна смисла на реченицата. Дали го ОПРАВДУВАТЕ, а не кој како се однесувал....
И ако ние оправдуваме и не оправдуваме ќе се смени нешто ?

прво и Русите не оправдуваа мешање на САД слично, па и бајаги полошо, па видоа дека со не-оправдување нигде не стигнаа па заклучија дека не-оправдувањето нигде не ги однесе, па наместо не-оправдување, решија да прават нешто, пошто е поучинковито така.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.830
Поени од реакции
2.922
Јас поставив едноставно прашање, директно, и со јасна смисла на реченицата. Дали го ОПРАВДУВАТЕ, а не кој како се однесувал....
Во Македонија тоа веќе се случи преку тиранска платформа оти така сакаат шарените будали гласачите за сдс хунта кое јас и другите како мене ни ги ОПРАВДУВАМ

Sent from my SM-N986U using Tapatalk
 
Член од
6 февруари 2022
Мислења
974
Поени од реакции
3.797
:icon_lol: Албанија нема потреба да праќа никакви војски или помош, они го владеат ова парче земја.

Сите што го сметате ова за нормално, да ве прашам дали ќе го сметате утре ако му текни на Албанија вака да се однесува во Западна Македонија за Тетово и Гостивар. На диви премини со официјални возила да вооружува сепаратисти, а вие да ги претставувате како добротвори.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.382

Донекаде ги разбирам и двете страни но не разбирам како некои се за отцепување на Крим а против отцепување на дел од Македонија.

Но ова хипотетичко однесување на Албанија со однесувањето на Русија може да се спореди само ако ако на протести од 20.000 Македонци се собори легално избраната власт, укине Албанскиот како службен јазик и се забранат Албански телевизии и радио станици и живи се запалат про-Албански демонстранти.

Пошто тоа се случи во Украина.

500.000 протестираа, го симнаа легално избраниот прецедател (противуставно пошто им фалеа пратеници за кворум додека пратениците во парламент беа опколени со маскирани типови), го забрануваат Рускиот јазик и ТВ станици, и експресно решаваат да се приклучат на НАТО со најава дека Руската војска мора да си оди од Крим.

А 2004 исто така има Поморанџеста револуција.

Што очекуваа? Путин да каже "свака част, изволте поставете војска и избркајте не од Црно Море"

Да се разбереме, јас ја подржувам сувереноста на Украјина од проста причина што Крим како и осамостојувањето на Косово може (и ќе биде) употребено како пример и изговор за отцепување на делови на Македонија во иднина. Но Украина да тера самостојна политика против Руски интереси е како Венецуела да тера политика против Американски интереси, ќе има последици.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.050
Поени од реакции
9.411
Јас поставив едноставно прашање, директно, и со јасна смисла на реченицата. Дали го ОПРАВДУВАТЕ, а не кој како се однесувал
Спорот е помеѓу Русија и САД.....тоа што овие сиротињи ги користат американците за спроведување на геостратешки интереси е нивна несреќа јбг. Целата заебанција на која ти не и даваш значење е што ретко кои држави се суверени. Еве на пример јас лично верувам дека Германија од 1945 навака никогаш не си ја повратила сувереноста и дека таму некоја американска организација им ги поставува владејачките гарнитури.
Така и со Украина, имаме тука марионетки поставени од американците кои буквално ги жртвуваат за да си постигнат свои цели.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.860
Не мора да значи. Иако од тоа што може да се види по видеа сите единици веројатно им се спремни за упад, ваквата ситуација може да ја држат со недели. Најверојатно се водат и преговори, но во секој случај засега војната е најверојатен исход, иако постои можност да не се случи.
Не знам дали може со недели да ја држат војската во ваква ситуација зашто по тоа што гледам, последните 3-4 дена веќе сите баталјони им се растурени по посебни едниници во мали кампови по границата во шуми и други места. Таква долготрајна состојба е прилично скапа, проблем од логистичка гледна точка за да им се достават намирници, плус дремат таму по привремени кампови.

Мислам дека веќе е дадена наредба за инвазија и сега само се дефинираат одредени специфики на терен. Плус, ова сега што излезе дека Путин смета дека средба со Бајден е преуранета кажува многу.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952

Јас го разбирам ова како малце закаснавте, сега почекајте да ги здрмаме, после ќе делиме сфери на влијание. Можда и сум сосем грешка и ништо нема да се случи, ама некако натаму ми оди работата моментално.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.652
Поени од реакции
33.835
... јас ја подржувам сувереноста на Украјина од проста причина што Крим како и осамостојувањето на Косово може (и ќе биде) употребено како пример и изговор за отцепување на делови на Македонија во иднина. Но Украина да тера самостојна политика против Руски интереси е како Венецуела да тера политика против Американски интереси, ќе има последици.
Не верувам некој овде да не ја поддржува сувереноста на Украина. Проблемот е што тие сувереноста ја изгубија кога САД им огранизираше државен удар и им постави марионетска власт.

Паралелата со Венецуела и САД не е баш соодветна, требаше Канада или Мексико да ги земеш како пример. :)

Донекаде ги разбирам и двете страни но не разбирам како некои се за отцепување на Крим а против отцепување на дел од Македонија.
Проблем е тоа што на ваквите процеси се размислува како на демократски акции кои се резултат на волјата на народот. Не е така. Тие процеси се резултат на директно делување на големите сили, САД во Косово и Русија во Крим... Народот никој не го прашува ништо, и безначајно е што мисли народот или што ние на форумов дискутираме и мислиме. Тоа е суштината, инаку до утре можеме да посочуваме на моменти како тоа дека Крим никогаш не бил во рамки на Украина додека Хрушчев не го извадил и ставил од една во друга советска република. Небитно во споредба на фактот на демострацијата на сила која е главната причина за враќањето на Крим во Русија.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.382
Паралелата со Венецуела и САД не е баш соодветна, требаше Канада или Мексико да ги земеш како пример. :)
Канада и Мексико си ќутат и слушаат.

Венецуела е прав пример што се случува кога некој мал во интересна сфера на големиот не размислува ладно.

"Хефе, на континент сме со суперсила која кур не и чуе да сјебе држави на другиот крај на светот, која овој континент го прогласи за своја интересна сфера и која во минатото има пролеано океани крв ако некој не ги слуша. Што да праиме? Да пробаме да извадиме колку можеме или да им идеме контра?"

"Вамос мучачос, вива ла револусион!!!"
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.637
Поени од реакции
42.177
моментално дискутираат да ги признаат ЛНР и ДНР. За војна ништо не зборат. Путин рече дека денес ќе донел одлука за тоа.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.307
Поени од реакции
7.030
украинците ако беа паметни немаше да стават и устоличат влада која ќе им обезбеди скапи енергенси за разлика од енергенсите кои идеја од русија по повластена цена

западот изгледа многу добро ја искористи неодлучноста и поделеноста на народот во оваа сиромашна по стандард источноевропска земја(не и по ресурси сиромашна) да им го начука до коске..... ако им беа важни ќе им направеја стандард и реформи по на пример шведски модел, а не да ги остават како цигани за утре да го користат како топовско месо кога ќе им притреба

сите црвени линии на кремљ се поминати и нормално е дека ќе мора да ја решат со украина по секоја цена да не дозволат НАТО да
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Интересно прашање е зошто се дозволува да има стотици видеа на социјалните мрежи од трупите, каде се движат. Сакаат да се гледа тоа и да ги посеруваат од страв изгледа, но ако почне фрката мислам дека ќе бидат укинати сместа овие тикток, микток. Значи ако снема видеа ќе знаеме дека почнало вистинското :D
 
Нема како да се скрие тоа во денешно време, посебно кога некој се спрема за голема инвазија. Нема теорија да придвижиш толку многу техника и трупи без некој да не го сними тоа и да го објави на социјална мрежа зашто секој од 7 до 77 има телефон со камера и профил на социјална мрежа. Благодарение на денешната технологија можеме да гледаме подготовки за голема инвазија во slow motion :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom