Украинскиот народ му дојде преку глава од Русија, протестите почнаа со Јевромајдан, со тоа што Јанукович одби да потпише ССА со ЕУ. Украинците долги години се подгазувани од русите, и сега им скурчи, Јанукович од државата изнел 8 милијарди евра. Руси во Украина се 17 посто, ебеш га, ни рамковен не можат да бараат. Меѓутоа, Крим е со руско население, но во територијата на Украина, и навлегувањето на руска војска претставува кршење на територијалниот суверенитет и интегритет на Украина, со што Украина има полно право да се брани.
Сега, ако дојде до војна (дај Бог да не дојде, блиски народи и иста вера сме, ќе ми е многу жал), Русија има повеќе војска и вооружување, но и Украина има многу спремна војска и вооружување, фронтовско боиште заради територијата на Украина би било огромно. Многу жртви, пораз на Украина, но дури тогаш ќе има тешкотии за Русија, тој народ ќе се организира во отпор. Белорусија би помагала на Русија, ама Унијата и западот, НАТО, со сигурност ќе ја помагаат Украина, со финансии, вооружување, логистика и разузнавање. Една ваква војна ќе биде поразителна за Русија, дури и да излезат како победници, финансиски ќе се истоштат, а до израз ќе дојдат многу слабости на нивното вооружување и тактичка неспремност. Русија веќе ја загуби Украина, само не знам колку се свесни за тоа.