Да застанеше после анексиите на Австрија и териториите со германско население денес веројатно ќе беше повеќе почитуван од Бизмарк. Ама алчен гз три кура јаде
Да во следните колку 2 години пред да почне комплетниот колапс на германската економија и држава. Целата Германска економија била една огромна кула од карти која можела да опстои само со финансиски вбризгубања во форма на освојување и пљачкосување на територии. Германците немале доволно пари да ги платат нафтата, житото и останатите суровини што ги купувале од Советскиот Сојуз до 1941 па морале буквално да продаваат воени бродови, технички податоци и дизајни за авиони и да признаваат Советска контрола врз други држави во европа. На Романците за време на целата војна не им платиле една железничка композиција нафта иако имале договор за размена нафта за јаглен/жито. Грците буквално ги натерале да земат кредит со нивното злато како колатерала и после им ги украле и златото и парите.
Ако почнам да ги листам сите најапсурдни работи што ги правеле нацистите ќе почнат да изгледаат како да се пародија а не реална политичка власт. Комплетно неодржлив систем на секое ниво. И тоа не не-одржлив на долг рок туку на краток рок мерен во од една до пет години максимум.
Впрочем и целата војна почнала неколку години порано баш и заради тоа, сите се подготвувале за војна во периодот од 1942-43. Германците ја почнале војната во 39 зошто и со парцијално ре-вооружување они веќе биле банкрот. Тргнале во светска војна без морнарица, без тешки бомбардери, без моторизација, без залихи на храна и нафта.