Нема модерен начин на проектирање сила, има успешен и неуспешен
А иначе од каде ти е заклучокот дека губи Русија влијание? Русија губеше влијание, крајот на 20 век. Ако ја видиш сега ситуацијата и ја споредиш периодот пред да дојде Путин на власт, ќе видиш дека Русија во многу сегменти е понапред. Имаше успешни воени интервенции во Чеченија, Грузија, Сирија, Украина. Воглавном ја проширија својата територија, Успешно го промовираа евроазискиот сојуз и Брикс, во кој учествува повеќе од половина светско население, и најбрзорастечката економија во светот.
Значи не гледам дека им се намалува влијанието, напротив им се зголемува. Додека западот и САД воопшто не ми личи дека влијанието им расте. Таму кајшто Русите ги добија конфликтите, западот ги изгуби. Имаа срамно повлекување од Авганистан, не дека се повлекоа сами по себе, туку дека тие што ги обучуваа и оставија позади, изгубија во неколку дена.
Значи последните 20 години, влијанието на Русија оди нагоре полека но сигурно, а влијанието на западот се губи, полека но сигурно. Или ако имаш некои други критериуми, дај да ги видиме.
А тоа кој и кај се сели... Тренд е сиромаштијата да се сели на запад, дека запад има тенденција да го купува социјалниот мир. Затоа цел блиски исток и северна Африка се нафукаа у муслиманските гетоа.
Точно е дека Русија виде дека „
атмосверата за војна на западот е 0“... и во германија во 1945 атмосверата за војна се симнала на 0. Тоа не збори дека нешто се сменило во политикчите правци, туку тоа збори дека времето на јагма поминало.