Поентата на системов, во случајов не е конвенционална војна, туку нуклеарниот (де)баланс и МАД доктрината. После преставата на оружјата кои де факто го заобиколуваат анти-ракетниот штит, балансот го брка САД. За да САД обезбеди баланс, треба симулацијата да потврди дека доволен број нуклеарни боеви глави ќе паднат во Русија, за таа целосно да биде уништена. Моментално тоа е со знак прашање, тоест не е сигурно.
Апсолутно ама апсолутно не постои никаков знак дека MAD балансот е нарушен а уште помалку дека САД го брка балансот. Да имаше такви индикации сега ќе имавме студена војна и САД ќе имаше десет активни програми за нови балистички ракети и ќе вложуваше трилиони долари во нова технологија. Тридент проектилите за лансирање од подморници се 30 години стара технологија, а Minuteman копнените проектили се скоро 50 години стара технологија. Истото е и со руските проектили со некои обновувања сега скоро во делот со подморници.
Овие проектили ништо не ги запира ниту пак некој во скоро време ќе развие нешто што ќе ги запре. Затоа не ни прават нови ниту пак го зголемуваат постоечкиот арсенал.