Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    684
Член од
22 декември 2018
Мислења
437
Поени од реакции
620
Колку повеќе трае Конфликтов, Европа губи ресурси и не е конкурентна на светки пазар, а со тоа и Македонија е вклучена во тој процес.. Азија ќе го превземе приматот бидејќи користи ефтини ресурси од Русија
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.677
Поени од реакции
5.305
Ме занима @Klinton што мисли за теков на војнава... некоја експертска прогноза да даде како на времето.
Тоа америчката техника опасно добро се покажа, особено Патриотите (y)
Овие русиве со блокирани сметки, со советско оружје и цел Свет против нив едвај ден за ден сврзуваат. Што со пари, што со муниција, што со старомодна техника како кинжалите...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.556
Поени од реакции
40.550
Штом @Ne_sum_ja го снема очигледно многу лошо им иде. Русиве му го убија оптимизмот.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.364
Поени од реакции
81.674
Русија да ги задржи териториите, а заузврат на Украина да и дозволи евроатлански интеграции.

Гледам на Запад некако се зборува се повеќе за ова, за модалитетите со кои Украина би се натерала да го прифати.

Мислам дека тој што го турка ова поима нема зашто војнава почна. Сите напори во тој правец се бесцелни, не заради тоа што би било невозможно Зеленски да го прифати, туку заради тоа што е невозможно Русија да го прифати тоа.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.468
Поени од реакции
12.240

За Мосва никогаш не беше проблем интеграција во Еу. Туку членството за Нато. Јасни се барањата на Русија. Забрана за членство во Нато, и максимално минимизирање на воениот потенцијал.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.364
Поени од реакции
81.674
За Мосва никогаш не беше проблем интеграција во Еу. Туку членството за Нато. Јасни се барањата на Русија. Забрана за членство во Нато, и максимално минимизирање на воениот потенцијал.
Јас реков евроатлански интеграции. За Украина понудениот морков е членство во ЕУ и НАТО.

Тој сегмент (членството во НАТО) е неприфатлив. Една од причините за војната е тоа.

Инаку, руските политичари изјавија неколку пати дека членство во ЕУ не им смета.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.468
Поени од реакции
12.240
Со оглед на тоа дека толку ќе да е од Бајден и компанија, ќе има сериозни обиди за преговори поради ослабената позиција на Зело во блиска иднина.

Грешка ќе направи Русија опет, треба да го почекаат Трамп и компанија па со нив да направат пазар. А овие Еу и Зело нека ги остават сами нека си праат светско панаџури за кловнови.

Замрзнување на конфликот само ќе придонесе за уште покрваво продолжување на истиот после мандатот на Трамп.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2009
Мислења
3.677
Поени од реакции
5.305
Long story short, до какви и да дојде примија, преговори, договори. Русија после ова ќе работи на уништување на Украина како држава, народ, нација на долг рок.
Како далеку помоќна држава, и се послаб Запад евентуално во поглед на време и рок, ќе успеат.
Со такви држави како Кина, САД, Британија, Русија, не треба да садиш отровни крастаици.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.468
Поени од реакции
12.240
Long story short, до какви и да дојде примија, преговори, договори. Русија после ова ќе работи на уништување на Украина како држава, народ, нација на долг рок.
Како далеку помоќна држава, и се послаб Запад евентуално во поглед на време и рок, ќе успеат.
Со такви држави како Кина, САД, Британија, Русија, не треба да садиш отровни крастаици.
Им одговара на ЕУ да го замрзнат моментално. Со тоа што Сад и Трамп нема да фрлаат кеш како до сега. Ќе бидат препуштени сами на себе Зељо и Еу. Ќе работат да ги зголемат индустеиските воени капацитети и обука на своите пулени наредните 4 години. И после опет да го продолжат. Со тоа што во Европа, пример Германија се спрема за војна со Русија во 2029, се надзираат некои планови за тој период.

На Русија не им одговара моментално, со тоа што имаат моментална предност. И само тотална разврска на конфликтов би требало да е нивна цел.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.807
Поени од реакции
4.499
Трамп вчера се роди пак само бидејќи ја мрдна главата. Од кога стана и ја крена раката, ги доби изборите. Со таа тупаница ја запечати судбината на Украина. До година ова време прашање е дали Украина ќе постои, се надевам дека грешам!
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.862
Поени од реакции
10.283
Бидејќи сега само се чека изборниот ден за Трамп да биде потврден како нов претседател на САД, нема да ме чуди ако војната заврши уште утредента, слично како што иранците го заебаа Џими Картер со заложничката криза.

Веројатно Путин ќе си ги добие освоените територии, ќе се направи дополнително една тампон неутрална зона а одреден дел од Украина можеби и ќе влезе во НАТО
 
Kajgana Shop

На врв Bottom