jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.524
- Поени од реакции
- 27.343
Многу погрешно ги замислуваш воените операции и заглавувањата.koa kje zaglaat rusite edna godina na slednoto gradce.
За да на пример брзо се отсече Авдивка, според некоја си блицкриг стратегија, каква што најчесто замислуваме ние лаиците, треба огромен број на војска. Кога на ова ќе се додадат повеќе вакви утврдувања, попут маринка, Бахмут, Угледар и најверојатно во иднина уште некој град во Доњецк, тогаш најверојанто треба уште повеќе војска.
Овие утврдени градчиња се на релативно мал регион, и не се на повеќе од 100 километри оддалечени. Сите овие градчиња имаат одлична бункерска инфраструктура и длабоки утврдувања недостапни на класично бомбардирање и огромни залихи на муниција и голем број на војска (во воен речник Авдиевка може да се каже дека имала армиска моќ на една армија) . Значи не се класични ровови.
Практично, заобиколување на серија на вакви утврди (практично блицкригот го прави тоа, заобиколува концентрирани воени центри и ги одсекува од остатокот на војската) би значело серија утврдувања во позадина, кои целосно треба да бидат опколени од трупи кои треба да се црпат од главната фронтална линија. А пошто се тешки за освојување (глупост е да се рече дека се за Русите само тешки), Тоа значи непотребно оптеретување на фронтот во недоглед. За секој ваков стронгхолд, Русија би требало да употреби најмалце 50К дополнителна армија, и притоа мора да се каже дека овие центри имаат и моќна артилерија која може да претставува опасност за логистиката која во таков еден случај ќе биде изложена. Да не зборам дека со маневрите, бројот на жртвите драматично се зголемува (една од причините што Нацистите ја загубиле војната со СССР биле токму загубите што ги имале во маневрите во Барбароса, па останале со осакатени единици).
Па така наместо маневри е одлучено да се справуваа со таквите утврдувања поединечно и во спора војна.
Да се рече дека разузнавањето не го познавало овој факт, пак е глупо, затоа што Русија во ниеден момент не се обиде да ги аутфланкира овие стронгхолди (освен Мариопол, што значи иделе само на еден стронгхолд). Така да Русите, според сите индикации како настапија во Доњецк, многу точно знаеле што ги чека, и све ова што се случува никако не им бега од првобитниот план.