- Член од
- 31 јануари 2024
- Мислења
- 270
- Поени од реакции
- 931
Ниту ти, ниту јас не знаеме кој биле целите на Русија пред војната. Може само да нагаѓаме и да носиме заклучоци кои соодвестуваат со нашите симпатии спрема некоја страна во конфликтот.Тоа не беше целта, тоа е нус производ од тоа што имаа намера да остварат. Неутрализирање на Украина како стратешка закана за Русија и темата на разговорите помеѓу Бајден и Путин пред да почне војната - редефинирање на безбедносната архитектура на Европа каде што Русија ќе биде интегрален дел.
Не би рекол дека плановите на САД за Украина се уништени,туку напротив, целото вековно руско наследство од Украина ќе биде избришано. Ќе биде избришан рускиот јазик од таа територија, руската култура, руската црква и целата заедничка историја. Ако до вчера украинците беа “подмножество во руската нација” овие нови генерации на Украинци ќе растат со омраза кон се што е руско. А САД ќе гледа да бидат и соодветно вооружани.
Надвор од Руско-Украинскиве односи, Русија со ова изгуби какви било надежи за некаква кохерентна врска со Европа, нешто што го барала цело време после распадот на СССР, и наместо тоа ризикува да стане привезок на Азија, кај што допрва ќе треба да си го бара местото.
Украјина во НАТО е завршена приказна, од неколку причини: прва и најочигледна, Украина не ја контролира својата територија, и НИКОГАШ повеќе нема да го врати она што го изгуби во конфликтот. За да остатокот влезе во НАТО ќе мора да се откажат од изгубеното, инаку тоа ќе значи војна на Русија со НАТО, која никој не ја сака. Втора причина, дури и да се откажат од изгубеното, повторно нема да влезат во НАТО, затоа што ќе добијат вето од Турција, Унгарија, Словачка, најверојатно и од Франција. Трето, ако НАТО и испрати покана за она што ќе остане од Украјина, Русија повторно ќе го нападне остатокот, ефективно држејќи ја Украина во војна и со тоа надвор од НАТО. Така да ако нешто онака пропадна во сите овие настани, тоа е планот на САД да ја пикне Украина во НАТО. А и после губењето на Крим, не гледам и дека ќе има некој интерес од САД за влез на Украина во НАТО.
Што се однесува до врските со Европа, нека заврши војната, Германците први како попчиња ќе одат на бацирака кај Путин, за поефтин гас и нафта.
Врските на Русија и Украина, за Русија тој однос е едноставен. Украина постои како држава заради милоста од Русија, односно Русите сметаат дека едноставно им дозволиле на Украинците да глумат држава. И се додека таа глума не го носеше НАТО на нивната граница, ги толерираа. Сега умре тоа. После војната, она што Русите го сметаат за нивно, ќе остане во Новорусија, заедно со жителите таму. За она преку Дњепар и не им е многу гајле.
Последно уредено: