Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    673
Член од
24 април 2008
Мислења
10.569
Поени од реакции
11.697
:) Како сакаш, твоја работа, ама имам попаметна работа отколку да читам нечии не концизни размислувања.

Ако можиш послушај, или само погледни како пишуваат членовиве на форумот кои имаат многу лајкови за нивните дискусии, оти никој не чита запурничави постови, без барем малце духовитост во стилот на Let3.
Но сепак имаш време за да реплицираш со одговор дека не ги читаш репликите упатени кон тебе, што повеќе те прави игнорантен член на форумот, отколку објективен дискутант.

За мене форумот е место за дискусија, а не за собирање лајкови.

Доколку грешам, тогаш администраторите/модераторите се добредојдени да ме банираат за да знам дека погрешно сум водел дискусија на форумот.
 
M

Mario Gómez

Гостин

USA regime going to supply fascist Kiev junta by counter-mortar radars.

"The Pentagon announced the transfer to Ukraine, the first three of the 20 counter-mortar radars.
According to the Steve Warren press secretary of the US Department of Defense, at November 20, was handed over to the Ukrainian side three light radar used to detect and suppress the mortar crew."
Name of radars wasn't mentioned, but possibly these are AN/TPQ-49 counterfire radar.

Specifications
•Operating frequency: L-Band
•Detection range: > 10 km
•Point of origin accuracy: 75 m at 5 km
•Azimuth coverage: 360°
•Elevation coverage: 0 - 30°
•System weight: 68 kg / 150 lb
•System size: 1.25m / 4 ft diameter
by 1.25m / 4 ft high
•Power requirements: 1,200 W,
110/240 VAC 50/60 Hz, 24 VDC
-------------------------------------------------------------------------
You can read more here
http://www.srcinc.com/pdf/63-AN-TPQ-49.pdf

Because of low elevation coverage, this counter-radar stations be located in high point of base. So they be good target for sabotage groups and heavy artillery of Novorossiya army. No doubt with this radars be work USA army crew, because it is hard to taught people work with such station at short term. I want to remind that Ukraine and USA using different metric systems. So with these station be work USA "instructors", who going to come to Ukraine under false flag of US organization "Peace Corps". Joe Biden announced this yesterday. So, be more US boots in Ukraine ground for help to Nazi regime to kill former own citizens.

Да се вратиме на темава, не се лоши играчки овие. :)

http://www.defense.gov/news/newsarticle.aspx?id=123700
 
badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Nas covek koj e delovno vo Harkov mi kaza deka tamu imalo ogromen broj na ruski tenkovi i artilerija rasporedeni po gradot...duri i vo centar na Harkov.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Многу е јака рускава пропагандава, добро е што последно има повеќе учесници во темава, за да се разјаснат овие небулози, инаку досега ќе маструбираа како луди одреден број на поддржувачи на ликот и делото на најголемиот хуманист на планетава, Путин хим селф.
Путин е едно огромно разочарување!
Неговото цвикаторство е со катастрофални и далекусежни последици за цел свет. Посебно за просторите (како Балканот) каде што се водат геостратешките рововски битки.
Путин ќе остане запаметен како примадона што се правеше голем маж, а кога дојде вистинското излезе пуфкало.
Избегнувам да учествувам во оваа тема, затоа што ми е мака. Како за она што се пропушти да се стори, така и гледајќи ги сегашните, а и идните последици од недејствувањето. Сега кога го пропушти вистинскиот момент што и да превземе или да се заканува (како во говорот во Сочи) ќе биде само уште поголемо заглавување.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.212
Поени од реакции
18.030

Избегнувам да учествувам во оваа тема, затоа што ми е мака. Како за она што се пропушти да се стори, така и гледајќи ги сегашните, а и идните последици од недејствувањето. Сето тоа заради неспособноста да се дејствува. Сега кога го пропушти вистинскиот момент што и да превземе или да се заканува (како во говорот во Сочи) ќе биде само уште поголемо заглавување.
А што може да се очекува од човекот кој што направи се што може да го примат во западниот клуб на плејбои.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
А што може да се очекува од човекот кој што направи се што може да го примат во западниот клуб на плејбои.
Ама баш примадона... Се слика со мотори, со тигри, во секакви фејсбук „јунаштва“ ко да е од Дебреште, а не претседател на Русија... Кој е тој сериозно цврст маж и да го сака да го прави тоа што ќе се слика со разголени гради за да го гледа цел свет. Тоа само примадона. Затоа кога дојде вистинското го нема потребното. И едно црнче излезе поербап.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.569
Поени од реакции
11.697
Ама баш примадона... Се слика со мотори, со тигри, во секакви фејсбук „јунаштва“ ко да е од Дебреште, а не претседател на Русија... Кој е тој сериозно цврст маж и да го сака да го прави тоа што ќе се слика со разголени гради за да го гледа цел свет. Тоа само примадона. Затоа кога дојде вистинското го нема потребното. И едно црнче излезе поербап.
А инаку што очекуваш ти од Владимир Путин ?

Ако очекуваш да испрати војска во источна Украина, тогаш очигледно не гледаш подалеку од носот. Со испраќање војска во источна Украина, Путин му дава амин на западот за да започне војна со Русија.

Украина е важна за Русија и за Путин, но Путин има и други приоритети.

Па добро, Путин барем се слика со мотори и со тигри за разлика од овој исончаниов во Белата Куќа на Авенија Пенсилванија број 1600 во Вашингтон - главниот град на САД, на кого поважно му е да се слика со Мињонсе и со Тајгер Вудс.
 
Очекував она кое и најнеталентираниот ќе го стореше и она што се прави. Што правеше САД во Србија, Либија... Испрати го воздухопловството и никој долу нема да смее да мрдне. Никој никого нема да убива, а овие од страна само ќе џавкаа и ќе бегаа со подвиткана опашка. Кој ќе и се спротивставеше на Русија заради далечен интерес загрозувајќи си ја домашната безбедност?
 
Забораваш еден многу важен факт - САД бомбардираат држави во кои речиси нема американци, додека во источна Украина живеат претежно Руси.

Со кој памет Русија би бомбардирала сопствен народ ?

Од оваа гледна точка можеш да кажеш дека Владимир Путин нема тестиси за да бомбардира сопствен народ, но не можеш да кажеш дека не превзема ништо за да им помогне на Русите во источна Украина.

Еве, минатава недела спомна дека иднината на Украина лежи во нејзина федерализација.

Со ова, Путин им дава политичко решение на Украинците за ставање крај на граѓанската војна во Украина, но повеќе од очигледно е дека Украинците нема да го прифатат истото.

Времето ќе го направи своето, а околностите се на страната на Русија и на Путин, бидејќи засега единствените негативни последици кои ги трпат се од ниската цена на нафтата, но истата не може до бескрај да паѓа. Се што е потребно, е Путин да има добра стратегија за да се соочи со предизвиците пред него, а бомбардирањето засега не доаѓа во предвид, но тоа не значи дека не може да биде земено во предвид во иднина.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.522
Поени од реакции
20.926
Путин е едно огромно разочарување!
Неговото цвикаторство е со катастрофални и далекусежни последици за цел свет. Посебно за просторите (како Балканот) каде што се водат геостратешките рововски битки.
Путин ќе остане запаметен како примадона што се правеше голем маж, а кога дојде вистинското излезе пуфкало.
Избегнувам да учествувам во оваа тема, затоа што ми е мака. Како за она што се пропушти да се стори, така и гледајќи ги сегашните, а и идните последици од недејствувањето. Сега кога го пропушти вистинскиот момент што и да превземе или да се заканува (како во говорот во Сочи) ќе биде само уште поголемо заглавување.
Ај кажи ми како ти ќе се однесуваше и справеше со ситуацијава на негово место?

Многу e лесно од дома јас вака-јас така, ама кога ќе треба да се "рипне"...
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Забораваш еден многу важен факт - САД бомбардираат држави во кои речиси нема американци, додека во источна Украина живеат претежно Руси.

Со кој памет Русија би бомбардирала сопствен народ ?

Од оваа гледна точка можеш да кажеш дека Владимир Путин нема тестиси за да бомбардира сопствен народ, но не можеш да кажеш дека не превзема ништо за да им помогне на Русите во источна Украина.

Еве, минатава недела спомна дека иднината на Украина лежи во нејзина федерализација.

Со ова, Путин им дава политичко решение на Украинците за ставање крај на граѓанската војна во Украина, но повеќе од очигледно е дека Украинците нема да го прифатат истото.

Времето ќе го направи своето, а околностите се на страната на Русија и на Путин, бидејќи засега единствените негативни последици кои ги трпат се од ниската цена на нафтата, но истата не може до бескрај да паѓа. Се што е потребно, е Путин да има добра стратегија за да се соочи со предизвиците пред него, а бомбардирањето засега не доаѓа во предвид, но тоа не значи дека не може да биде земено во предвид во иднина.
Зошто да бомбардираш? Само ако има противавионско дејствување, само тоа се уништува. Откако биде уништена противоздушната одбрана, се води контрола на движењата на воените сили и не се дозволуваат воени судири.
Што значи иста активност но се покажува друг карактер. Додека САД владеејќи со небото поттикнуваше судири на силите на земјата, Русија можеше воената надмоќност на авијацијата да ја искористи за да обезбеди мир во земјата.[DOUBLEPOST=1416702860][/DOUBLEPOST]
Ај кажи ми како ти ќе се однесуваше и справеше со ситуацијава на негово место?

Многу e лесно од дома јас вака-јас така, ама кога ќе треба да се "рипне"...
Ова го напишав неколку недели после злоделата во Одеса и кога војната во Донбас сеуште не беше разгорена.

Што требаше Русија да стори после настаните во Одеса за да го спречи крвопролевањето кое сега ќе трае со месеци?
Неколку сати после настаните во Одеса да постави на границата барем 150 000 целосно наоружана војска. Да се свика итна седница на Советот за Безбедност и да побара можност за ограничена воена акција во Украина образложувајќи ги причините посебно она кое го видовме во Одеса. Се согласиле или не се согласиле (што е поверојатно) Русија да ги превземе постапките кои ги најавува. Уште од изутрина другиот ден Претседателот на Русија да излезе во јавност и да ги навести сите свои идни потези.
- Да навести ограничена воена акција пред се на воздушните сили во Украина.
- Да изнесе црна листа на криминалните наци организации во Украина и црна листа на политичарите кои ги прекршуваат меѓународните права на народите.
- Да ги изнесе правните основи кои ги има на десетици. Доволно е да се земе некоја најбанална. Јавното вадење на награда за убиство на рускиот Претседател како и за секој русин (етничко чистење) во Украина објавено од страна на висок украински политичар (олигархот Коломајски) за што целата сега киевска власт не рече ништо против. Во изминативе месеци на криза ги има на десетици вакви причини кои правно оправдуваат вмешување на Русија и заштита на своите права.
- Фаќање на криминалните лидери кои ги прекршуваат меѓународните права.
- Да го одреди времетраењето на акцијата и целта.
- Јасно да ја одреди иднината на Украина. Украина да остане цела со автономија на руските региони. Крим е во склопот на Русија но со специјален однос со Украина. Без граница, без пасоши и слично.

Да започне со воздушни акции за уништување на украинските воздушни сили, а на терен испратените специјалци во соработка со локалните проруски диверзанти за да го спречат или намалат одговорот на украинските воздушни и противвоздушни сили. Тогаш кога би била остварено целосно владеење со украинското небо, 90% од целата работа е завршена. Украинскиот одговор може да биде помал или поголем. Украинската авијација е помал проблем отколку противвоздушните сили на Украина. Како и да е независно што може да дојде до сериозна штета за неколку недели руската авијација би воспоставила целосна контрола над украинското небо. Особено ако добро работат руските диверзанти на терен. Потоа се забранува секакво движење на воени сили во Украина и секој ден со патроли на авијацијата се контролира и се оневозможува било кој да убива било кого. Средно големи десантни сили се спуштаат во местата онаму каде што се мисли дека се кријат Турчинов, Јацењук, Јарош, раководствата на наци организациите, односно сите оние кои се ставени на црната листа. Десантните сили пребаруваат успешно или неуспешно фаќаат и се повлекуваат. Се избегнува колку што се може било каков судир со украинците. Ако било која повлијателна јавна личност почне да галами против руската интервенција и тој се става на црната листа. Преку десантните сили се зазема банкарскиот систем. Им се одземаат имотите на сите оние кои се на црната листа (политичари и олигарси), и банкарски се распределуваат на социјалните слоеви во Украина. Истото и со се она кое е со нивните недвижности. Од Украина се зема само она што останало од воздушните и противвоздушните сили како и воените технологии битни за руската армија. За определениот период колку се фатило се фатило. Прекинуваат руските упади на десантни сили продолжува само воздушната контрола над Украина и се остава можност на упад на командос групи. Се организира добро платена прикриена агентура за да даде известување за било какво појавување на лицата кои се на црната листа. Штом се добие известување, преку авијацијат се испраќаат специјалците и се обидуваат да ги фатат. За оние кои се скриле надвор од Украина, најверојатно во западните држави, се објавува меѓународна потерница. Ако државите каде се наоѓаат лицата од црната листа одмавнат со раката. Се повикуваат правните средства во ООН, меѓународни судови и слично. За оние кои се однесени во Русија се организира судење јавно и по сите стандарди. Пресудите се извршуваат во руски затвори со најповолни услови затоа што истата мерка нема можност да се изведе во Украина. Кога во јавниот живот на Украина нема да можат да вршат насилни влијанија силеџиите од црната листа, медиумите и политичката сцена ќе почнат понормално да работат. Останатите партии природно ќе мора да го организираат животот и да ја распределат власта меѓу себе. Русија им дава плин според најповолниот договор. Им дава не повеќе од 2 милијарди и ветување дека како што ќе заслужат со стабилизирање на политичката сцена така и ќе го исполни договорот со ветените 15 милијарди евра.
Кога сето ќе се оствари, ја повлекува авијацијата и контролата ја превзема украинската војска.

Тоа би бил Путин и Русија каква што очекувавме. Мислам дека само вака би било спречено крвопролевањето на цивили чиј крај не може да се согледа. Ако би дошло до загуба тоа би било војници, авиони, нешто што е прифатливо и што постои за таа намена. Убивањето на цивили не е прифатливо и тоа би било спречено. Така Путин би го исполнил ветувањето дека нема да дозволи раскрвавување на украинскиот и рускиот народ.
И што можеше во сето ова да стори НАТО или западните распустувачи на држави и народи!?
Цел свет ќе речеш браво, вака се запира крвопролевање на обичното население.

Ако се земе предвид искажаната спремност за насилие од страна на наци Киев и западните поттикнувачи. Нема можност за прекин на крвопролевањата се додека постои било каква можност да направат човечка или некаква штета на русите и Русија. Порано или подоцна Русија пак ќе мора да сериозно да се вмеша, ако ништо друго со доставување на потешко вооружување. Како што погоре напишав, кој го контролира украинското небо, ќе ја има надмоќноста на теренот.

Ова со Република Донбас, Луханск е само заглавување.
Што ќе рече сега Москва!? Ако ги прифати како дел од Русија, ќе направи прекршување на меѓународните норми кое може да и се удри од глава. Ако ги одбие, населението во тие региони ќе се смета за изневерен
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.522
Поени од реакции
20.926
Го заборави на крај Оскар доделувањето...

На кратко, УСА е суперсила, Русија не е. УСА може да прави што сака, Русија не баш.

Подолго, руска инвазија на Украина ќе биде нејзино самоубиство (на РФ). Да замислиме дека руски трупи влегуваат во Киев и Лвов (па дури и ограничени воздушни напади). И што сега? Русија загарантирано неколку генерации ќе има имиџ на злосторник, агресор, окупатор од страна на цел западен свет па и пошироко. Таа окупација ќе влече доста пари, и за одржавање на војската и за функционирањто на Украина а за секоја грешка, негативна последица итн засекогаш ќе биде обвинувана РФ. Санкциите се уште го немаат достигнато својот моментум а УСА и ЕУ имаат уште "карти во ракавот" (покрај економски, можат и да го вооружаат Киев). Населението во Украина (централна и западна) ќе станат поголеми русофоби и од Балтикот. Сето ова за да Путин докаже дека е "маж". Секогаш пред да правиш нешто пресметај кои би можеле да бидат последиците.
 
Последно уредено:
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Русија нема никакви амбиции да влегува во Киев или Лвив, немаат амбиции ни Донбасот да си го припојат, ќе си го остават како кукла-држава, во најлош случај долгорочна амбиција би им била поврзување на Донбас со Крим па преку контролирање на Донбасот да имаат каква-таква поврзаност со Крим преку земја.
Конфликтов не е за покажување кој е маж. конфликтов е Путин да проба да задржи колку може авторитет во Украина откако со Еуромајданот стана јасно дека Русија нема повеќе да го контролира Киев.

Инвазија преку воздух или било каква (официјална) инвазија на Русија би била катастрофална затоа што би дало алиби на балтичките НАТО држави за поголема анти-руска пропаганда, наоружување на границата кон Русија и ширење параноја, ионака европските пријатели на Русија веќе исчезнуваат.
Со руска инвазија и брзо завршување на конфликтов ќе се минимизираа цивилни жртви, ама никој не ги ебе цивилите.

Денес бомбардирано Дебалцево со Град и Ураган, 5 цивили загинаа.
 
Од '91 наваму Русија никогаш не го контролирала Киев.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Го заборави на крај Оскар доделувањето...
Влегувањето и целосното превземање на политиката во Украина од САД, Германија, Полска... односно Запад,нарушува стретешки интерес на Русија и ја обезсилува. После обезсилувањето следува ропство она на кое сме ние овде подложени како и многу други народи во светот (ако паднат Русија, Кина и другите добри или лоши опоненти на владеачите, ропството ќе биде уште побезочно и уште побезкруполозно).
Дали се сложуваш со ова? И според тебе што треба(ше) Русија и нејзиниот Претседател да превземат? Да не стори ништо, ова што ги става во дефанзивна положба или јасно да им ставеа на сите до знаење да не ги чепкаат нивните стратешки интереси бидејќи имале или немале сила, се работи за втората најголема воена и НУКЛЕАРНА супер сила.

На кратко, УСА е суперсила, Русија не е. УСА може да прави што сака, Русија не баш.
Не претерувај! Освен за поморските сили Русија е воено компетитивна со силите на САД посебно во одбранбена војна.

Подолго, руска инвазија на Украина ќе биде нејзино самоубиство (на РФ). Да замислиме дека руски трупи влегуваат во Киев и Лвов (па дури и ограничени воздушни напади). И што сега? Русија загарантирано неколку генерации ќе има имиџ на злосторник, агресор, окупатор од страна на цел западен свет па и пошироко.
Да му ја скршеше кичмата и кога ќе џавкаа отстрана, а русите господар на просторот, духот ќе им беше скршен и покрај сета пропаганда сите ќе ги видеа безсилни. После кршењето на кичмата во Сталинград, не помогна ни Гебелс ни пропаганда ништо. Потсети се што се случи околу Сирија. Само да не речеш САД се толку скромни што доброволно се наместија да изедат шамар.

Таа окупација ќе влече доста пари, и за одржавање на војската и за функционирањто на Украина а за секоја грешка, негативна последица итн засекогаш ќе биде обвинувана РФ. Санкциите се уште го немаат достигнато својот моментум а УСА и ЕУ имаат уште "карти во ракавот" (покрај економски, можат и да го вооружаат Киев). Населението во Украина (централна и западна) ќе станат поголеми русофоби и од Балтикот. Сето ова за да Путин докаже дека е "маж". Секогаш пред да правиш нешто пресметај кои би можеле да бидат последиците.
Еве ние Македонците не кренавме општо востание меѓу 19 и 20 век па после 10кратно повеќе изгинавме во војни служејќи во туѓи војски. Ете во 2001 година не бевме спремни да дадеме неколку десетици илјади (кој Господ го одбери) па во мирно време в кревет ни изумреа многу повеќе и цел народ ни е отепан. А непријателот од 2001 не понижува и навредува и ни се смее в лице секој ден. Па така те прашувам:
Дали ти си се пресметал?
Зошто Путин не се пресмета за Беслан, туку одлучи дека ако не дејствува цената ќе биде далеку повисока.[DOUBLEPOST=1416752499][/DOUBLEPOST]
Русија нема никакви амбиции да влегува во Киев или Лвив, немаат амбиции ни Донбасот да си го припојат, ќе си го остават како кукла-држава, во најлош случај долгорочна амбиција би им била поврзување на Донбас со Крим па преку контролирање на Донбасот да имаат каква-таква поврзаност со Крим преку земја.
Конфликтов не е за покажување кој е маж. конфликтов е Путин да проба да задржи колку може авторитет во Украина откако со Еуромајданот стана јасно дека Русија нема повеќе да го контролира Киев.

Инвазија преку воздух или било каква (официјална) инвазија на Русија би била катастрофална затоа што би дало алиби на балтичките НАТО држави за поголема анти-руска пропаганда, наоружување на границата кон Русија и ширење параноја, ионака европските пријатели на Русија веќе исчезнуваат.
Со руска инвазија и брзо завршување на конфликтов ќе се минимизираа цивилни жртви, ама никој не ги ебе цивилите.

Денес бомбардирано Дебалцево со Град и Ураган, 5 цивили загинаа.
„Со руска инвазија и брзо завршување на конфликтов ќе се минимизираа цивилни жртви, ама никој не ги ебе цивилите.“
Да беше Путин она кое се претставува ова затемнетото требаше да му биде поважно од се друго.
ама очигледно никој вклучувајќи го В.В. Путин не ги ебе цивилите
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom