Следи го ти рускиот економски напредок. Пола кило водка, трула конзерва риба и едно парче леб за вечера..Не благодарам...
Повели ти следи го рускиот пример за економски напредок од 1990-те години ако толку ти врши работа.
Кај мене немаше потреба од тоа, моите родители беа меѓу првите кои останаа без работа после 8 септември 1991, а не беа бирократи кои клатат врата за да земаат плата.
Но среќа во несреќа беше тоа што веднаш откако останаа без работа отворија сопствена фирма, па навремено финансиски застанавме на здрави нозе уште во раните 1990-ти години. Златното правило од првиот ден од кога ја отворија фирмата гласи: никогаш да не се работи за државата и никогаш да не се соработува со компании кои работат за државата или соработуваат со државата. Јас го практикувам таквото правило до денешен ден, приватниот капитал секогаш има поголема вредност во споредба со државниот капитал.
А Русите од 1990-те години извлекоа поука: не бил проблемот само во советскиот социјалистички систем, туку и во Михаил Горбачов и речиси безусловната доверба во наводно добронамерните американци.
Се останато е веќе позната историја.