Сакав само да му посочам дека сам потенцира нешто и истото тоа нешто еднаш важи ама друг пат не важи - според потребите на дискутантот. Тоа мене не ми е во ред за водење здрава дискусија.
Во принцип форумот е место за спротиставени мислења ама откако ќе го изнесиш своето треба да стоиш зад него, а не да го менуваш како последица на контрааргумент, а со цел да „победиш“ во дискусија.
Мислење се менува ако увидиш дека си грешка или пак ако кон твоето мислење има доволно про или контра аргументи, па се сменале некои состојби на терен (во војнава на пример) и според тоа си донел заклучок дека НЕ е бетонирано твоето мислење туку си го променил од такви причини.
Барем за мене, мислење не се менува затоа што треба тебе или на било кој да му докажам дека сум во право. Маж рекол, маж одрекол се тие муабети.
Убаво те прашав, дали ако ова од страна на Русија е окупација во твоите очи и Украина има право да се брани (значи ниту те нападнав, ниту ти го спорам мислењето, тоа е твое мислење), ТОГАШ и ние аналогно на тоа имаме право териториите од Грчец па натаму да си ги вратиме и ОСОБЕНО повеќе да не гледаме градови како Кичево и слични кои ги дадоа на поклон со територијалната поделба да веат Албански знамиња, па да одиме комотно со оружје таму и да си го земем тоа што е наше?
Е сега, прашањето не ми го одговори, односно велиш дека не е аналогно на ситуацијата што ти ја опишуваш и ставот кој го завземаш.
Практично, користиш наратив за 2014 кој ти одговара за да ја оправдаш сегашната ситуација во Украина и нејзината територијална одбрана, а ИСТИОТ тој наратив го вртиш за 180 степени кога сме ние во прашање и кога Албанците се спомнуваат во 2001?
ШТО е различно, освен наративот? Пошто наративот ќе го промениме, ти потенцирав дека учебниците по историја веќе се испишани со наративот кој одговара на моменталната номенклатура на власт, но ШТО СУШТИНСКИ е поразлично меѓу двете работи?
Очигледниот одговор е апсолутно ништо, но тоа не ти одговара да го признаеш.
Можеби причината е што не сакаш да попуштиш во дискусија или причината е што си ПРО НАТО ориентиран па тераш таков наратив во секоја една ситуација (дали одговара или не, небитно).
Заради тоа немаш право да речиш дека соговорникот не се согласува со за нешто што само за ТЕБЕ е вистина и е твој наратив па го нарекуваш БЦ тип на дискусија. Напротив, токму ти тоа го правиш, а го обвинуваш соговорникот за истото.
Јас само ти посочив, погледни што правиш за да сфатиш зошто другите те гледаат на начин на кој што те гледаат.
Клучните зборови ти се „ја присили“ и „нема назад“. Се согласувам.
НАТО ја подбуцна Украина, тие беа доволно наивни да веруваат дека од НЕУТРАЛНОСТ има поубаво и дека ЗАВЗЕМАЊЕТО СТРАНА е решение.
Еве гледаме на терен која депопулација им се случува од таквото едно решение.
Ако НАТО по секоја цена инсистира земји кои граничат со Русија да бидат нивни вазали, наместо Руски, одговорот ќе биде ист - многу нормално.
Како што би бил одговорот на УСА ако сега некој оди и инсистира Алјаска поворно да е Руска територија. Логично, нели?
Го тепаш и малтретираш едно дете, еден ден детето ќе порасни, а ти ќе остариш и ќе ти падне газот. Што очекуваш дека ќе се случи следно?
Назад посекако нема.
Токму тоа ти потенцирав, ниту твојата ниту мојата не ја исклучува но секако очигледно е што им се случува на Украинците, еве откако разврзавме повеќе од 2 реда муабет и сам напиша колку тој твој другар е „нерегрутиран“ или „слободен“.
Што мислиш, дали до недоглед ќе седи во дворот на скара и ќе се слушате на вајбер од такви околности или ќе ти пишува (ако може) од некој бункер или ров?
Не смее да мрдни надвор од Украина, токму тоа и што ти го посочив во постот погоре каде ти кажав дека милиони УКРАИНКИ се надвор од Украина, склопуваат врски, бракови, раѓаат деца на ДРУГИ луѓе кои не се Украинци. Сето тоа води кон депопулација.
Толку од НАТО наративот: Се бориме до последниот Украинец.
Честито.