Дека имало украински колаборатори исто како што имало и во Финска и балтичките земји не спорам. Бирале според нив помалото од 2 зла помеѓу Советите и Германците, друга дискусија е тоа. Дека Украинците биле одговорни за Бабин Јар итн. е во најмала рака смешно и морам да пишам нешто пошто некој од форумов се образува и после ќе се глупира irl. Методите на убивање во Украина, Латвија (Sardinenpackung) биле "изум" на Фридрих Јекелн. Затоа и го викаат Јекелн Систем. Ниту бил тој Украинец, ниту Курт Еберхард, Ото Раш, Паул Блобел, Ерих Кох, ниту SS-Einsatzgruppen што ги извршиле наредбите на овие. Доста веројатно е да имало Украинци што "помагале", ама да кажеш тие се одговорни за Бабин Јар па и СС-овците биле ужаснати од Украинците лол. Јекелн и Кох си ги имаат признаено злоделата, судени се од советски/полски суд после војната. Јекелн е обесен во Рига (покрај Бабин Јар ист тип масакр има планирано и извршено и во еврејското гето во Рига) на плоштад пред илјадници. Значи, ниту оние што дале наредба ниту извршителите се Украинци. Наредниот пат кога ќе ти излезе телеграм како Украинците го отвориле Аушвиц, отвори книга, википедија, резонирај па шири (не)знаење.