Јас како што знам Јацењук дури беше и во владата на Виктор Јанукович, Тимошенко и кога во Украина имаше проруска влада постојано беше на функција, тогаш тие не беа нацисти? Или дури работеа и делуваа прорусија тогаш не се нацисти, а ако делуваат контра тогаш се нацисти? Сите што дојдоа на власт после Мајдан, сите имаат работено во проруските влади на Украина, освен Витали Кличко кој од самиот старт на политичката кариера е анти-Русија..
Проблемот е што тоа подвлеченото е немерливо малку.
Русија никогаш, повторувам НИКОГАШ не користеле нацисти за ништо. Ниту во Украина ниту било каде... Чекам да бидам демантиран. Ама нема, пошто зборуваш напамет и тресеш зелени - инаетот од незаење и заблуди е секогаш најголемиот.
(патем една извесно фотошопирана слика во троцифрен број пиксели од некој Русин - не би прави Вагнер нацисти, да те спасам од непотребен труд).
па сега вака.. Нормално, јасно ми е дека и Русија си имаше свои калкулации во Сирија (базата во Латакија), гасоводот итн. Но општо мнението не беше дека Русите се агресори, како што е мнението сега кога ја разоруваат Украина. Инаку јасно е, постојано го тврдам тоа дека Америка 5 денари нема да и дај на Украина ако нема ќар од тоа, а камоли современо оружје.
Кое мислење, чиво мислење?
На рандом неинформирани Амери (гледајќи те тебе очигледно и Македонци)? Тоа мислење ќе беше такво па сеедно што и да направат Русија. Или Кина. Или Белорусија, С. Кореја, итн. Итн... Лапате пропаганда и немате критичко мислење. Што и да направат РФ ништо нема да се смени окулу тоа.
Што се тиче бизнис „пресметките“ на САД, проблемот е што може да им е се изјаловат, не само ако ја изгубат војната (пак ќе бидат во ќар) ама посебно ако се деси MAD заради нивниве постапки (скраја да да е).
Кога Русија интервенира далеку од своите граници, како што велиш за да си ги заштити интересите во Сирија спречувајќи гасоводот на Катар да врви преку Сирија во Европа (никаде тука не е замешана Русија), и сакајќи да го задржи приматот на главен снабдувач на Европа со гас, тогаш Русија има право да си ги брани интересите дааалеку од своите граници, а сега ги нарекуваш терористички психопати САД, што и тие гледаат некој интерес во Украина. Еве ако гледаме реално, викате, што бара да се меша Америка во Украина? А што бара да се меша Русија во тоа Европа од кај да купува гас?
Да, затоа што ништо што направи Русија не ги загрози директно САД и тоа никако не можеше да доведе до MAD. Има разлика. Ова што го прават психопатите што ги раководат САД, ова е и тоа како можно да доведе до MAD. Целиот нивни endgame е во Русија да искочат работите од контрола и власта (Путин) да бидат сменети. Но иако ништо од тоа нема ни абер да се деси, тие не престануваат. Што мислиш дека ќе се деси ако навистина почнат со далекусежни ракети да гаѓаат градови длабоко внатре во во РФ? Зошто мислиш дека сето тоа нема да води кон ескалација и враќање - не директно на САД ама на некој од вазалите на САД? Ете Полска иде на ум со 20-30.000 војници кои војуваат против Русија, и пошто се егзекутори на уништувањето на Северн Поток 2, најголеми подржувачи на агресијата против РФ, итн, итн.