Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.954
- Поени од реакции
- 34.313
Ама немаат носачи... Немаат! Немаат носачи, разбираш??!?Русија не е империјалистичка сила, они си гледаат нивни двор, не се мешаат на други, не им замерувајте што немале морнарица. Битно им е да имаат нуклеарки да не им се качуваат на кур јенкиве и овие други идиоти.
Автоматски споено мислење:
Сериозно, дури и САД како дефакто Пакс Американа не се спремни ниту имаат конципирана воена структура и логистика за водење на масовна копнена војна надвор од нивната држава. Армијата на САД во концепт е експедициона сила. Таму каде може да завршат работа брзо, идат, eбaт, бегаат (оставаат марионети на власт).
Кога САД во нивната историја имаат водено масовна војна против силен противник, ако гледаме надвор од ВСВ кога копнено во Европа се вклучија кога исходот од војната практично беше заклучена работа? Денес уште помалку можат да водат масовна војна надвор од САД, едноставно немаат логистика за тоа а противниците им се поспремни од било кога за асиметрично војување против нив.
Никој денес нема логистика за масовна копнена ивазија против озбилен спремен противник, ама па и никој друг (освен САД) отворено не претендира да биде империја и хегемон. Они инсистираат да бидат хегемон, па нив ги анализираме. Но ни они не би можеле да водат масовна војна во - на пример - Азија или Африка. Во Европа можеби, но не премногу источно.
Ова се разбира во голема мера е само мисловна вежба, заради нуклеарното оружје и MAD, но сепак е нешто што вреди да се спомне. Посебно кога се истакнуваат слабостите на други држави.
Да, РФ немаат носачи на авиони. Ама можат да ги потопат сите носачи на САД во еден ист ден (MAD на страна)... И за што служат тие носачи на авиони? За да се држат под контрола државите како РФ и Кина? Се разбира дека не, тие служат за да ги држат под контрола сите други што не можат да се бранат.