Абе другар оти ми ставаш зборови во уста. Во никој случај не реков дека отцепувањето на Косово е одобрено од мене. Напротив, јас тоа го сметам за нелегален преседан и голема неправда кон Србија. Но повторно ќе кажам тоа не и дава право на Русија туку така да анексира територија на својот прв сосед и историски сојузник.
Истата таа Русија која се буни против тоа што се случи со Косово, сега ги користи истите методи со тоа што оди и чекор понатаму со тоа што изврши анексија.
Никој не вели дека не треба да градиме соработка со Русија, сепак тоа е една светска сила и треба да се има добри односи да се гради аоработка. Али во никој случај не се согласувам дека треба да тераме некакви луди филмови за да ни биде бр.1 стратешки партнер. На ниту една држава (освен Белорусија) во Европа Русија не им е број 1 стратешки партнер. Тој филм веќе и кај Србите помина.
Наше партнерство треба да гледаме прво со соседите и регионот, па со еу и понатаму со големите сили во преден план со Уса.
Не ти го разбирам ова со негување западна култура. Околу нас цела Европа се обедини, постои една валута, еден пазар, една железница, многу унифицирани закони итн итн... За 10 години најверојатно ќе бидеме сведоци и на заеднички безбедносни сили. Зарем уште треба да водиме дискусија за тоа каква култура треба да негуваме. Отоманска култура или "руска школа".
Убаво велиш, Русија е една светска сила, но поблиску е до нас отколку САД, кои не поделија на внатрешен план, за разлика од Русија која можеби не поделила на територијален план со потпишувањето на Лондонскиот Договор на Лондонската Конференција од 1913 година, со кој Македонија била поделена помеѓу Србија, Грција и Бугарија, но едно е кога ти ја делат татковината, а друго е кога ти ја делат нацијата, а САД го направија ова второво со војната од 2001 година и со форсирањето на Охридскиот Рамковен Договор.
Кристално истото го прават САД и во Украина, каде што можеби Виктор Јанукович бил корумпиран претседател, но бил претседател на обединета Украина, додека денешната хунта во Киев ја подели Украина на Украинци и не-Украинци.
Бидејќи руското малцинство во Украина, кое патем е мнозинство во источна Украина, спаѓа во не-Украинците, денес им се случува ваквиот државен терор и етничко чистење бидејќи се не-Украинци.
А и згора на се, Македонија и Русија делат заедничко копно на европскиот континент, додека САД се од другана страна на Атлантскиот Океан.
Делумно си во право за едниот пазар и за едната валута.
ЕУ не е еден пазар и една валута, туку се залага за тоа да биде единствен пазар и единствена валута, а еден пазар и една валута или заеднички пазар и заедничка валута, не е исто што и единствен пазар и единствена валута.
А тие единствени и унифицирани закони очигледно не можат да важат во сите држави членки на ЕУ, бидејќи некои се повеќе развиени, а некои се помалку развиени, некои се побогати, а некои се посиромашни.
Не може едни исти даноци да се плаќат и во Германија, која е најразвиена индустриска и економска сила во Европа, и во Грција која се дави во долгови.
А како капак на сето ова, истите тие закони ги составуваат евробирократите во Брисел кои никогаш не биле избрани на фер и демократски избори, туку ги назначува претседателот на Европската Комисија, кој е избран од Европскиот Парламент, а притоа нема ниту еден против-кандидат.
Европскиот Парламент, чии што пратеници се избрани на фер и демократски европарламентарни избори, гласал за само еден кандидат од вкупно колку кандидати понудени ? ЕДЕН !!!
Ќе ме извиниш, но ова на мене не ми делува баш плуралистички и демократски, туку напротив, повеќе ме потсетува на Советскиот Сојуз од времето на Јосиф Висарионович Сталин.
Знаеш, и во Советскиот Сојуз имало фер и демократски избори, на кои имало само една партија и само една кандидатска листа во секоја изборна единица.
Но што е уште поважно, сите граѓани гласале ЗА кандидатот со тоа што оставале празни гласачки ливчиња во изборните кутии, а единствен начин да гласаат ПРОТИВ било ако со пенкало запишат на гласачкото ливче дека гласаат против конкретниот кандидат и зошто гласаат против него.
Кога членовите на изборната комисија ќе виделе дека гласачот запишува нешто на гласачкото ливче, веднаш во изборниот список оставале забелешка дека гласал ПРОТИВ.
Зарем не била прекрасна советската демократија ?
Е па и европската демократија, или подобро кажано - евробирократската демократија, се движи во истиот правец, а јас лично мислам дека не треба да бидеме во такво друштво.
Веќе еднаш бевме во такво друштво, се викаше Југославија, и видовме како заврши.
Затоа јас лично мислам дека треба да се држиме настрана од таквото друштво, бидејќи со такви закони, не ни бегаат економска и должничка криза кои ќе не направат уште повеќе зависни од милостијата и немилостијата на истите тие евробирократи во зависност од тоа дали ќе ни дадат по некој милион евра или не, а тоа на мене лично не ми делува баш фер и демократски, и вооошто не ми делува како да е во духот на слободната пазарна економија и слободниот пазар.
И јас како тебе го сметам западот за поразвиен и понапреден од Русија, но во последно време се почесто се сомневам во таквиот развој и напредок на западот наспроти Русија, бидејќи сите тие приказни за западната надмоќ во областа на развојот и напредокот наспроти Русија, ги слушаме претежно од западните медуми, кои слободно можеме да ги квалификуваме како субјективни, а не објективни.
Можеби руските медуми не се ништо поарни, Russia Today е добар пример за тоа, но тоа не значи дека треба да ја отпишеме Русија само затоа што не глуми светски полицаец, светски судија и светски извршител на правдата, како што тоа го прават САД и западот.