Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    745

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.504
Поени од реакции
35.251
Него, колку тоа природен гас произведува Украина? Не знаев дека уопште имаат наоѓалишта, нели се зависни од увоз на гас?
Или веќе ги врбуваа да почнат да вадат гас со фракинг?
Да одговорам на моето сопствено прашање, еве што дознав по одредено истражување:
http://www.nytimes.com/2013/11/06/business/international/chevron-and-ukraine-sign-deal-on-shale-gas.html
Chevron and Ukraine Set Shale Gas Deal
LONDON — Western oil companies trying to find shale gas in Europe are discovering that Ukraine, eager to reduce its dependence on Russian energy imports, is one of their most willing partners. On Tuesday, Chevron signed a 50-year agreement with the Ukrainian government to develop oil and gas in western Ukraine...
Шејл гасот се вади со фракинг постапка за која можете да се информирате подетално од линкот во мојот потпис. Всуштност секако препорачувам да се едуцирате за фракингот, за да не дозволиме такво нешто евентуално да се случи и кај нас.
Еве мапа од светските наоѓалишта на шејл гас:
(приметете го наѓалиштето во Украина)
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Ако западните големи сили ја навлекуваат руската Влада во нешто тоа е правење на дејство со кое руската политика би ја изгубила моралната сила. Значи независно од заканите со силни зборови, не ќе беше страшно Русија да се осмелеше да употреби извесна воена сила. Во мерата која има право да ја употреби за да ги заштити своите интереси. Проблем се потезите со кои Русија би ја изгубила легитимноста на својата долгорочна политика.

Стојам на ставот дека Русија направи голема грешка што не го превзеде воздушниот простор над Украина. Со тој чин во целост ќе ја диктираше ситуацијата и ќе оневозможеше убиства и насилства.

Но ако со проруските бунтови бидат отцепени територии од Украина, тоа за Русија ќе биде со далекусежно штетни последици. Тоа е потегот на кој сакаат Русија да ја навлечат. На САД, НАТО не му одговара Русија да ја употреби својата сила и затоа погрешна е проценката дека треба да остане настрана за да не биде вовлечена во воена реакција. Украина е веднаш до руската граница, никој не би им се спротивставил на русите тука. Западот ја навлекува руската политика да се полакоми за територии и со тоа да ја изгуби моралната сила.

Ако се обезвредни правилото воспоставено од ООН после Втора Светска војна - да нема менување на границите, тоа ќе биде посебно штетно за Русија, Кина,
Индија.


ЕУ и САД немаат сепаратистички движења кои ќе направат измена во балансот на силите. Таму тие ситуации низ вековите се значително расчистени. Шкотска, Каталонија, Баскија..., ништо суштински не менува во моќта на државите од кои ќе добијат нешто поголема автономија.
 
Последно уредено од модератор:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Ако се обезвредни правилото воспоставено од ООН после Втора Светска војна - да нема менување на границите, тоа ќе биде посебно штетно за Русија, Кина,
Индија.
Ти се зезаш? Ај види ги границите кои се промениле како последица на WW2 и види колку граници се сменија последиве 25 години. Мислам дека сме сведоци на најинтензивно менување на границите во човековата историја.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Опомена уште еднаш за димензиите и количината на графичката содржина!
Овде сме да дискутираме, секоја слика која ни служи на помош е добредојдена но мора да биде едитирана и приспособена на постот.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Ти се зезаш? Ај види ги границите кои се промениле како последица на WW2 и види колку граници се сменија последиве 25 години. Мислам дека сме сведоци на најинтензивно менување на границите во човековата историја.
Не се согласувам. Можеш да ги погледнеш кратките видеа каде се прикажани промените на граници низ историјата. После Втора Светска војна (значи не мислам на границите што настанаа со војната) има најдолг и најмирен период на неменување на граници. И оние кои се променија/ле не беа позначајно правно отстапување од принципот се до Косово.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Шмит: Мегаломанија на ЕУ и лудости во политиката кон Украина
Поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит во интервју за „Билд“ ја обвинува ЕУ за погрешна политика во однос на Украина. „Косово и Крим не се исто“, пренесуваат весниците став на германската министерка за одбрана.


Весникот „Билд“ пренесува дел од интервјуто со поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит, кој има 95 години, и тоа делот кој се однесува на претстојните избори за Европскиот парламент на 25 мај.

Во него, на прашањето што им препорачува на граѓаните на ЕУ, зошто да излезат на гласање, Шмит одговара:

„Би им рекол, одете да гласате, иако власта всушност е во рацете на бирократите од ЕУ и министрите за надворешни работи, премиерите и претставниците на државите-членки. Но, малата излезност само би го влошила проблемот.“

Шмит смета дека прво што треба да направи новиот Европски парламент, е да изврши „пуч“ против Европската комисија, која во меѓувреме се состои од 28 еврокомесари и илјадници бирократи. Парламентот, според Шмит, треба да има многу поголема моќ во однос на бирократите од Брисел, што е можно само ако во ЕП се крене востание.

На прашањето на „Билд“, дали Брисел премногу се меша во работите на државите членки, Шмит со одговор:

„Не само тоа, тој премногу се меша во светската политика, иако мнозинството комесари малку се разбира во неа. Последниот пример е обидот на Комисијата да ја приклучи Украина. А потоа да ја приклучи и Грузија. Да потсетам, Грузија не е во Европа. Тоа е мегаломанија, ние таму немаме што да бараме“.

Шмит истакнува дека тој не бара поголема воздржаност од ЕУ во надворешната политика, туку од службениците и бирократите во Брисел. Тие слабо се разбираат во работите, ја ставија Украина пред изборот: Исток или Запад.

Шмит, на прашањето дали Европа се наоѓа на работ на амбисот, како пред Првата светска војна во 1914 година, со одговор:

„Ситуацијата се‘ повеќе почнува да личи на тогашната. Европа, Американците и Русите се однесуваат онака како што убаво опиша Кристофер Кларк во својата книга ’Месечари’, опишувајќи ја ситуацијата пред војната“, вели Шмит за „Билд“

„Косово и Крим не се исто“

И украинската криза - тема во весниците. Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен ги отфрла споредбите на рускиот претседател Путин на отцепувањето на Косово од Србија со анексијата на Крим.

„Министерката за одбрана Урсула фон дер Лајен смета дека воената интервенција на НАТО во косовскиот конфликт пред 15 години не била спротивна на меѓународното право“, пишува весникот „Ди велт“.

„Во текот на посетата на Косово (15.05) фон дер Лајен изјави дека не се согласува ни со оценките на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, дека тој како тогашен шеф на владата сноси дел од одговорноста за воздушните напади на НАТО.

’Не се согласувам со тоа. Многу пред интервенцијата имаше јасни укажувања, докази и извештаи за сериозно кршење на човековите права, за заканувачки геноцид. Покрај тоа, Советот за безбедност во неколку наврати беше повикуван на помош. Затоа, ситуацијата во тоа време на Косово не може да се споредува со анексијата на Крим од страна на Русија’, изјави министерката.

Шредер пред неколку недели изјави: ’Јас лично го прекршив меѓународното право’. Тој како канцелар во 1999 година испрати на Балкан авиони „Торнадо“, кои учествуваа во бомбардирањето на Србија од страна на НАТО, без резолуција на Советот за безбедност на ОН. Русија и Кина во ова тело беа против интервенција.

Урсула фон дер Лајен истакнува дека почетната ситуација на Крим беше сосем поинаква. ’Каде беа повиците на ОН? Каде е барањето Советот за безбедност на ОН да преземе акција? Каде е повикот до меѓународната заедница? Сето тоа го немаше. Затоа, двете ситуации не се споредливи’, изјави министерката.

Таа ја пофали мисијата на КФОР на Косово, оценувајќи ја за успешен пример за мирно решавање на конфликти. Развојот во оваа балканска земја, истакна министерката, на импресивен начин покажува како од речиси безизлезна ситуација може да се најде пат во мирна иднина“, пишува „Ди велт“.

Весникот потсетува деке Бундесверот на Косово е присутен со 700 војници и со 15 години тоа е негова најдолга мисија.

Весникот „Зиддојче цајтунг“ за посетата на министерката Урсула фон дер Лајен на војниците на Бундесверот на Косово пишува дека таа сакала да се сретне и со политичките претставници на Косово, но до тоа не дошло поради предизборната кампања за предвремените избори, закажани за во јуни.

„Спорниот премиер Хашим Тачи повторно се кандидираше, па во германското министерство за одбрана, според воени кругови, постоело стравување дека средбата со него би можела да биде инструментализирана во кампањата. Но, тогаш се појавил уште еден проблем. Имено, германската министерка радо сакала да се состане со својот косовски колега, министерот Агим Чеку. Но, косовската страна, според информации од воени извори, средбата со Тачи ја ставила како услов за разговор со Чеку, или двајцата или ниеден. Затоа, министерката Урсула фон дер Лајен одлучила да не се сретне со ниеден од нив“, пишува „Зиддојче цајтунг“.
http://www.dw.de/шмит-мегаломанија-на-еу-и-лудости-во-политиката-кон-украина/a-17641046?maca=maz-rss-maz-pol_evropa_timemk-4728-xml-mrss
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Нема потреба повеќе да се занимаваме со тоа кој прв почнал. Пошто Косово беше во 1999 ... а да речеме Руската инвазија врз дел од Грузија беше во 1991.

1991 е порано од 1999.

Косово за Русија е како сламката за давеникот, не помага ништо во Украинскиот случај.

Ниеден регион на Украина нема најмала причина да се отцепи, остај што немаат легално право , немаат ни причина , освен зголемување на територијата на Русија.

Веќе е речено дека русите во Украина живееле подобро од останатите народи.

Овој преседан ќе им се удри по глава на самите руси , а веќе напредните цивилации се поставија на страната на Украина , русите ги разочараа и тие малку подржувачи што ги имаа во нормалниот свет. (за Северна Кореја , Куба , Сирија, Пиперкос републикос не знам)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.878
Поени од реакции
12.412
интересно
Донбас и Луганск: Национализација и враќање во социјализмот?
Според предлог уставот на самопрогласената Доњецка Република, усвоен вчера, една од главните мерки што новите власти треба да ги спроведат е национализација на големите претпријатија што, откако Украина во декември 1991 излезе од составот на поранешната СССР и стана меѓународно призната држава, за багателна цена ги преземаа новопечените богаташи.

Социалистическиј Донбасс

Истовремено, ОН во извештајот говори за влошување на човековите права во Источниот дел, посебно Крим. Со вакви извештаи зае**би ја логиката :facepalm:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.504
Поени од реакции
35.251
LoL, Хелмут Шмит е жив!
... аnd kicking! ;)


интересно
Донбас и Луганск: Национализација и враќање во социјализмот?
Според предлог уставот на самопрогласената Доњецка Република, усвоен вчера, една од главните мерки што новите власти треба да ги спроведат е национализација на големите претпријатија што, откако Украина во декември 1991 излезе од составот на поранешната СССР и стана меѓународно призната држава, за багателна цена ги преземаа новопечените богаташи.
За ова би гласал со двете раце (и со уште нешто), ако се најде јунак кај нас да го спроведе.

Нејасни работи се ова со Мариупол и активирањето на олигархот Ринат Ахметов.
Ринат Ахметов е важна фигура во Украина, не само заради тоа што се смета за најбогат човек таму, туку и заради тоа што директно под него работат над 300.000 работници, кои заедно со нивните фамилии се солидна бројка луѓе.
Иако истиот наводно уште од средата дал изјава (некои клипови се вртат по јутјуб) на поголемите медиуми сеуште нема никаква вест за ова (CNN, BBC, RT, итн). Дури делува како да е подметната вест сето ова... или па баткава игра на некоја сопствена карта. Интересно во секој случај.

Иначе има некои написи во неколку амерички новини, каде бомбастично пишуваат дека работниците се бореле против федералистите. Федералистите наводно се тргнале од барикадите и од административните згради.
Од друга страна, на клипов друго слушам. Ринат Ахметов помеѓу другото повикува на поголеми права на одлучување за регионите... игра двојна игра, или што?
Погледајте:

Можеби овој напис фрла најдобро светло на случувањата со Ринат Ахметов, фрла следниот натпис:
http://mashable.com/2014/05/15/steelworkers-eastern-ukraine/
Akhmetov himself laid out his plan in a YouTube video posted on Wednesday. In it, he calls for the kind of federalism trumpeted by the Russian foreign minister — one that gives power to the states versus the central government in Kiev. That would result in a largely decentralized power structure in Ukraine that would open up the eastern regions to Russian meddling. But it could, with Akhmetov's support, lead to an end to the worst post-Cold War crisis between east and west.

He is hoping, he said in a statement published by his company, to avoid "economic downturn, unemployment and poverty."

"The only right way, in my view, is to amend the Constitution and decentralize government," Akhmetov said. "It is when Kiev gives authority to the regions. It is when regional governments are not appointed but elected. And it is when local authorities are responsible to the people in the present and future."
 
Последно уредено од модератор:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Не се согласувам. Можеш да ги погледнеш кратките видеа каде се прикажани промените на граници низ историјата. После Втора Светска војна (значи не мислам на границите што настанаа со војната) има најдолг и најмирен период на неменување на граници. И оние кои се променија/ле не беа позначајно правно отстапување од принципот се до Косово.
Нема врска, не е тоа темата, мојот став е дека хартијата трпи све, и во пракса победува најјакиот и најмудриот.

Околу Руска воена интервенција. Јас сепак мислам дека тоа не е немање на храбост, туку јасно определување на линија на која може да дејствува. Да те потсетам, Украина има тенкови колку Франција и Британија заедно, па и повеќе. Воена интервенција може многу лесно да предизвика антагонизам меѓу народот, како што впрочем се случи на Балканот, а тоа би значело дека би ја изгубил Западна Украина. Јас мислам дека народот воопшто во западна Украина, покрај моменталните случувања, не и веруваат на хунтата.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Целата работа е интересна.
Ринат Ахметов, порано познат како sugar daddy на Јанукович, исто така обвинуван за финансирање на про-руските бунтовници, ја поддржа целоста на Украина.
Сигурно не од патриотизам, туку од бизнис интерес.
Не му одговара неговите фабрики да се отцепени и санкционирани од Европа.
А такви ќе се, доколку Донецката Република се осамостои. Би рекол дека се плаши од санкции и изолација.

Можеби во сето тоа игра улога и веста што @Lurtz ја сподели за национализација и социјализам.
Можеби навистина сепаратистите излегле од контрола.
Не знам колку е вистина тоа, но доколку е, мислам дека ќе е катастрофална грешка.
Тогаш и украински и руски олигарси ќе се свртат против ДНР. Олигарсите се плашат од социјализам и национализација како вампир од лук.
Е, дури тогаш Путин ќе интервенира во Украина, само против Донецката Република, од причина што Путин е многу работи, но социјалист или комунист - ЊЕТ.
Путин има дебели врски со крупните руски капиталисти. Затоа и не ми се верува толку во тоа. Ќе покаже времето.

Забележете исто, како Ринат Ахметов досега молчеше.
Само откако Путин ја повлече војската и ги поддржа изборите во Украина, Ахметов се објави против отцепување на источна Украина.
Не знам дали Ахметов ургирал кај Путин од страв од санкци или Путин кај Ахметов, но изгледа плански направено.
Се разбира дека исто побара поголеми права за регионите, особено неговиот регион.

Како и да е, ова не е добра вест за Донецката Република и тие што го организираа, подржаа и гласаа на референдумот, наречете ги како сакате, гледам сега новиот термин во мода е "федералисти", иако тие "федералисти" на референдумот побараа независност, отцепување, а подоцна побараа и припојување кон Русија.
Можеби Ахметов сака Донецката Република да ја претвори во Ринатахметова Република, каде што се' ќе е како во добрите стари времиња на Украина во лер.
Олигархот на чело, народот сиромашен, бизнис и со Русија и со ЕУ/САД, јахти, патувања, шопинг и во Русија и во Европа.

Позаплеткано од Game Of Thrones. Еврејски и муслимански олигарси се борат за превлат, а украинците и русите се убиваат по улиците.


-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Да, граѓанските права и слободи, веќе на голема врата стигнаа и во Крим.


Севастополь. Разгон митинга против коррупции. Добро пожаловать в Россију!
http://davidis.livejournal.com/379077.html


Crimean Authorities Ban Protests Until June 6

As Interfax notes, this ban would prevent the planned rally by Crimean Tatars to commemorate the 70th anniversary of the deportations of Crimean Tatars by Stalin on May 18.

http://www.interfax.ru/russia/376472
http://pressimus.com/Interpreter_Mag/press/2787
 
Последно уредено:
Член од
9 јуни 2009
Мислења
194
Поени од реакции
78
Ако е ова точно, тогаш ептен се заплеткува состојбата во Доњецк.

Но:
1. Каде беа овие работници кога терористи убиваа невооружени граѓани во Мариупол?
2. Како може бизнис интересите на Ринат Ахметов да се поважни од интересите на народот во Доњецк?
3. Како може бизнис интересите на Ринат Ахметов да се побезбедни во Украина во која се слуша гласот на Десниот Сектор, но не и на федералистите?

И, ај да видиме дали ако повторно дојдат терористите во Мариупол, на која страна ќе бидат овие работнички патроли.

Ринат Ахметов веќе одбрал страна.[DOUBLEPOST=1400285040][/DOUBLEPOST]Ах, сега веќе ми е полесно.
Ахметов сакал да седи на две столчиња, ама сега увидел дека имало само едно.

интересно
Донбас и Луганск: Национализација и враќање во социјализмот?
Според предлог уставот на самопрогласената Доњецка Република, усвоен вчера, една од главните мерки што новите власти треба да ги спроведат е национализација на големите претпријатија што, откако Украина во декември 1991 излезе од составот на поранешната СССР и стана меѓународно призната држава, за багателна цена ги преземаа новопечените богаташи.

Социалистическиј Донбасс
 
Последно уредено:
Член од
9 јуни 2009
Мислења
194
Поени од реакции
78
...
Можеби навистина сепаратистите излегле од контрола. ...
Од каде пак ова?

http://www.reuters.com/article/2014/05/16/us-ukraine-crisis-akhmetov-insight-idUSBREA4F03F20140516
"Akhmetov does not play a key role in the Donbass at the moment. This is really important," said Inna Bohoslovska, a politician who once belonged to Yanukovich's Party of the Regions.

"At the beginning he tried to influence events to try to get it under control to strengthen his position, but then he lost all control."
Врабец, на ова ли мислеше?

...Да, граѓанските права и слободи, веќе на голема врата стигнаа и во Крим.


Севастополь. Разгон митинга против коррупции. Добро пожаловать в Россију!
http://davidis.livejournal.com/379077.html


Crimean Authorities Ban Protests Until June 6

As Interfax notes, this ban would prevent the planned rally by Crimean Tatars to commemorate the 70th anniversary of the deportations of Crimean Tatars by Stalin on May 18.

http://www.interfax.ru/russia/376472
http://pressimus.com/Interpreter_Mag/press/2787
Сега, кога уште не е смирено соседството на Крим:
1. некој веднаш нашол расипаност (корупција) во новото раководство на Крим,
2. Кримските Татари не можат да направат научна конференција, ами мораат да излезат да се изразуваат на улица.

Знам дека ова се дел од човечки права.
Но, кога сеуште не гледам "западните демократски гласила" да ги осудат нацистичките дивеења во Украина, барањето гласност за горните два случаи е повеќе од провидно.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom