- Член од
- 15 ноември 2013
- Мислења
- 1.551
- Поени од реакции
- 2.727
Да се надоврзам на ова, поради ова што го кажа, Иран има многу битна позиција во новиот свет, што според мене мислам дека ќе биде следна точка на судир.Колку знаеш да се ориентираш на географска мапа ?
Дали знаеш да ги најдеш Киргистан и Узбекистан на мапата на Азија ?
Доколку знаеш да се снајдеш барем на географска мапа на Азија, би знаел дека Киргистан има заедничка граница со Кина на исток и со Узбекистан на запад, а за да продолжат било какви патишта или железнички пруги од Киргистан и Узбекистан кон Европа, ќе мораат да поминат или преку Казахстан кон Русија и источна Европа, или преку Туркменистан и Иран кон Турција и Балканот.
Секако можат и Иран да го заобиколат преку Касписко Море, па да продолжат преку Азербејџан и Турција, а можат и Балканот да го заобиколат преку Црно Море и да продолжат преку Украина и Полска.
Какви и да им се плановите на Кинезите, ќе резултираат со воспоставување на трговски и економски врски со држави кои западот ни малку не ги посакува за свои трговски и економски партнери, почнувајќи од Иран се разбира. Всушност токму Појас и пат иницијативата на Кина е една од главните причини зошто западот и` се има нафрлено на Кина како муви на измет последниве 2-3 години, а не социо-економската положба на Ујгурите во Кина или автономијата/самостојноста на Тајван.
Земајќи го во предвид фактот дека после планираниот пораз на Русија, наредна на тапет на западот за демократизација несомнено ќе биде токму Кина, Кинезите баш и немаат нешто многу причини зошто да им веруваат на наводно добрите намери на нивните сегашни најголеми трговски и деловни партнери.
Неверувам дека јенките можат да направат rollback во Кина или некако да ја "демократизираат", но ќе пробуваат да им направаат containment на нивните амбиции. А за ова мислам дека Иран покрај што е најбитен има и најдобра атмосфера за изведување.
Иран е чудна држава што и покрај тоа што е авторитарна и има теократска структура, образованието не им е дотолку угушено, па имаш пообразовано и прилично вестернизирано население што има пристап до информации од надворешниот свет, и кое е огорчено од тамошната теократска структура, затоа гледаме многу често масовни протести против исламскиот режим.
Моменталната администрација на САД е свесна за ова, па иако покрај тоа што пробуваат да ги смират односите со Иран, доколку власта не е послушна многу голема е веројатноста дека ќе ја играат картата на промена на режим со оглед на расположението на народот таму, и да инсталираат нивна прозападна власт.