Утре да се одржи референдум за подршка на политиките/дејствувањата на западот и истокот, би бил малце повеќе изненаден од резултатите.
Oдлично би било ова да е можно, и да - ти дефитивно би бил изненаден од резултатите (судејќи според твоите сегашни ставови).
Тука на темава тие што пишат се гласот на народот така?
Темава е штаб на вмро/јанко бачев, ретко кој ви се меша, па затоа лажна претстава имате за јавното мислење на македонецот по ова прашање.
Јанко кој?
Инаку колку што гледам овде повеќето го надраснале сдс/дпне дуализмот и јасно им е дека треба да се множат со нула.
Русија со теророт и окупацијата во Украина си спушти железна завеса спрема цела европа.
Погоре кажуваш дека овде имаме „лажната претстава“ и обвинуваш дека темава е ехо комора, а ти самиот влегуваш со клизечи со погрешни
факти податоци. Но еве ти неколку факти пошто секој заслужува да биде информиран:
- САД ја почна работава, прво кога направи државен удар во Украина а потоа со најавите за нејзино примање во НАТО (и сѐ што произлегува понатаму од ова)
- ЕУ се вазали и под директна контрола на САД, самите ја поставуваат таа „железна завеса“ спрема Русија
- Русија и немаат некој друг избор освен да се бранат, освен ако капитулација не сметаш за избор
Со терор се бават тие кои со умисла убиваат цивили со бомби во автомобили (ќерката на филозофот пред десетина дена во Москва), тие кои го гранатираат Доњетск веќе 8 години, тие кои со ХИМАРС фрлаат мини против цивили во села и градови... Секако дека и руската страна убива цивили, ама тоа се цивили во објекти од каде делува војската на Украина, не е со умисла за да се убиваат цивили.
Ај сега процесирај ги фактиве, па или оспори ги или прифати дека ставовите ги базираш на погрешни информации (баш пошто се дезинформираш во ехо комори). Пошто така со дискусија се доаѓа до реален став, или твоите ставови се погрешни или моите се погрешни, а тоа се одредува според фактите но за фактите треба малку да се потрудиш. Фактите нема да ги добиеш на вести или во западните масовни медиуми.
Ова долу се случува редовно во Доњетск - каде нема воени цели Украина да ги гранатира. А ако гаѓа цивили, тогаш што е тоа ако не терор и тероризам: