Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    733

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Искрено, ми е гајле на што е последица. Битен ми е епилогот, кој во случајов фала Богу, како ретко кога во историјата е поволен за нас како држава и нација..

И непризнавањето беше директна последица на тоа што браќата на русољупците поради фрустрации не сакаа да не признаат, ама тогаш никој не се бараше правдина?? Знаеш зошто??Затоа што научени сме да бидиме вазали некому, и за жал ропскиот менталитет е доминантен во нашата мила Македонија. Наместо да се радуваат, тие цел ден брчат како на Русија не и одговарало тоа, па ќе не карале и слично. Преку тасета ако не и одговара на Русија..И на Македонија не и одговараше СанСтефанскиот договор ама не гледам податоци дека обичните Руси се замарале со тоа тогаш...
Добро да те прашам нешто, дали знаеш која била состојбата во време на Санстефанскиот договор? Дали воопшто имаш идеја што тогаш значело воопшто Македонија? Зборуваш за Санстефано како да се прави муабет ние да сме имале држава и дошле Русите и не окупирале.

Па пола територија што ја освоиле немале како да ја оддржат, затоа и ја дале на Бугарија со надеж дека ќе ги држат Османлиите надвор од таа територија. А Бугарија и самата неможела да ја оддржи. Си слушнал некогаш за Разловечко и Кресненско востание? Тие се директни резултати на Санстефанскиот договор.

Генерално да не биле Русите, ние ќе сме ја доживеале истата судбина што ја доживеале Одринците, Асирците, Ерменците и Понтијците во остатоците на империјата и тука ќе се зборело Турски, а Македонија ќе било некаков си мит од рамките на Господари на Прстените.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Исто се сите, еве и овој го немаше месеци уназад и одеднаш ја се појави: аха црквата :icon_lol: ме заболе уво за црквата, офтопик дискусија темава не за цркви и нивните признавања и расколот, има други теми за тоа.
Не ни коментирам за тие сеа со црковните прашања што почнаа, толку разбираат.

Него смешни ми се наци-форумџииве не можат на раат да се порадуваат, таман ќе турат некоја фотка од некое руско тенкче, нареден ден 5 авиони, 3 хеликоптери, 20 дрона, 18 тенка, 500 војници, 3 железнички рути, 50 воени објекти калибрирани, 6 освоени населени места :pos: :pos: :pos: .

Кога си ќутат и не се ситат некако подобро им проаѓаат наци колегите. Јбг, карма.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Веќе трети месец од инвазијава уште има некој што мисли дека е за денацификација. Па и тоа дека Русија ќе му помогне на Северен Фиром и ќе го спаси па и некакви си православни врски :pos: :pos:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Веќе трети месец од инвазијава уште има некој што мисли дека е за денацификација. Па и тоа дека Русија ќе му помогне на Северен Фиром и ќе го спаси па и некакви си православни врски :pos: :pos:
Види, никој не им ги пикна неонацистите во безбедносните структури. Никој не ги тераше со сила да ставаат улици по Степан Бандера и да им креваат бисти на злосторници од втора светска војна. Украинците се понашаат исто ко нашите сограѓани, креваат бисти на нацистички колаборатори... Така да, и да не е денацификација вистинската причина и тоа како се потрудија браќата да им дадат одличен повод, поткрепен со документарни филмови од западни извори.
 
Тоа не го менува фактот дека имаш на форумов лица што стварно веруваат дека причина за инвазијава е денацификација. Па одозгоре и термини како: специјална воена операција, мировна мисија, укронацисти .
Ок е за изговор на Русите ама возрасни луѓе се повеќето и веруваат во тоа :pos:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Тоа не го менува фактот дека имаш на форумов лица што стварно веруваат дека причина за инвазијава е денацификација. Па одозгоре и термини како: специјална воена операција, мировна мисија, укронацисти .
Ок е за изговор на Русите ама возрасни луѓе се повеќето и веруваат во тоа :pos:
Тоа е целта на ПР-от. САД со таков наратив го освои цел свет. Во Ирак не ни најдоа биолошко оружје, овде барем има нацисти.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Ау ау ау ау хахахахаа, леле леле какви шамари боксови клоци аперкати за освестеното прогресивно шарено чиа смути сорос семинарче наци граџанство.

:bravobe: :bravobe: :bravobe: :bravobe: :bravobe: :bravobe:

Може да се затвори темава.

Лавров нека изгаси светло, кажа се, нема што понатаму да се додаде.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Тоа е целта на ПР-от. САД со таков наратив го освои цел свет. Во Ирак не ни најдоа биолошко оружје, овде барем има нацисти.
Океј е, не ги напаѓам русофилите. Само ми е малку смешно што возрасни луѓе веруваат во такви приказни, немора до толку да ги браниш.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.448
Ова е целиот одговор за дилемите околу војнава. Одговор, кој подржувачите на санкции и разгорувачите на војна не сакаат да го чујат. Оноа, со прсти во ушињата пеат: - Ла,ла,ла...

Репликава му е врв.
Тоа е буквално све што треба да се каже.
 
Последно уредено:
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Тоа не го менува фактот дека имаш на форумов лица што стварно веруваат дека причина за инвазијава е денацификација. Па одозгоре и термини како: специјална воена операција, мировна мисија, укронацисти .
Ок е за изговор на Русите ама возрасни луѓе се повеќето и веруваат во тоа :pos:
Една од причините. Никој не вели дека исклучиво тоа е, на долго и на широко е пишувано колку многу причини и колку мултифакториелна е мировната мисија.

Има ли некој на некого објавено војна? Има ли мобилизација во Русија? Објавено ли е некакво воено стање во Русија? Во Херсон, Мелитопољ, Бердјанск, Мариопољ и другите ослободени градови имаше ли војна денес или имаше парада? Во Москва имаше војна или парада?

Објавата на Зеленски војник со наци симболи, сите илјадници досега заробени и убиени со наци симболика тетоважи литература, сите маршови за Бандера, самиот батањон Азов, сники самите како си кажуваат дека се нацисти и се гордеат со тоа...што ти треба повеќе за да ги наречеш укро-нато-цистите?

Да земат со к*р истетовиран со кукаст крст по чело да те маваат сите нацисти од ВСВ па се до Азов пак ќе викаш дека нема што да се денацифицира тука.
 
Член од
2 октомври 2018
Мислења
97
Поени од реакции
204
Веќе трети месец од инвазијава уште има некој што мисли дека е за денацификација. Па и тоа дека Русија ќе му помогне на Северен Фиром и ќе го спаси па и некакви си православни врски :pos: :pos:
Да да, денацификација е една од главните цели. Според видеава денес од Донбас и југот, барем таму нема веќе да има дечки со тетоважи што глумат локални шерифи, тргање споменици од ВСВ и дерусификација.

Вака некако:

Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Една од причините. Никој не вели дека исклучиво тоа е, на долго и на широко е пишувано колку многу причини и колку мултифакториелна е мировната мисија.

Има ли некој на некого објавено војна? Има ли мобилизација во Русија? Објавено ли е некакво воено стање во Русија? Во Херсон, Мелитопољ, Бердјанск, Мариопољ и другите ослободени градови имаше ли војна денес или имаше парада? Во Москва имаше војна или парада?

Објавата на Зеленски војник со наци симболи, сите илјадници досега заробени и убиени со наци симболика тетоважи литература, сите маршови за Бандера, самиот батањон Азов, сники самите како си кажуваат дека се нацисти и се гордеат со тоа...што ти треба повеќе за да ги наречеш укро-нато-цистите?

Да земат со к*р истетовиран со кукаст крст по чело да те маваат сите нацисти од ВСВ па се до Азов пак ќе викаш дека нема што да се денацифицира тука.
Толку сте отидени вие фановите и дркаџиите на било која страна што не вреди ни да се објаснува. Види, ти како што знаеш да пишуваш на долго и широко секако дека тоа е вистината. Мислам ти и тенеке сте најверодостојните извори овде. Можеби после Дарди. Штом си ти напишал на долго и ширико дека тоа е мировна мисија еве ти верувам.

За другото нема потреба да коментирам, никаде не ни негирав дека има нацисти и добро знам кој е Степан Бандера и Азов. Само што имаш 200 000 регуларна војска која должност и е да ја штити државата. Таа бројка од 5к - 10к азовци и слични е многу мала ама штом си ти пишал на долго и широко секој ден еве и за тоа ќе ти поверувам дека сите се нацисти.
Само реков дека е смешно возрасен човек да верува дека денацификација е причината за да Русија се реши на инвазија. А веќе не ми е ни смешно. Жалосно е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom