jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.493
- Поени од реакции
- 27.314
Добро да те прашам нешто, дали знаеш која била состојбата во време на Санстефанскиот договор? Дали воопшто имаш идеја што тогаш значело воопшто Македонија? Зборуваш за Санстефано како да се прави муабет ние да сме имале држава и дошле Русите и не окупирале.Искрено, ми е гајле на што е последица. Битен ми е епилогот, кој во случајов фала Богу, како ретко кога во историјата е поволен за нас како држава и нација..
И непризнавањето беше директна последица на тоа што браќата на русољупците поради фрустрации не сакаа да не признаат, ама тогаш никој не се бараше правдина?? Знаеш зошто??Затоа што научени сме да бидиме вазали некому, и за жал ропскиот менталитет е доминантен во нашата мила Македонија. Наместо да се радуваат, тие цел ден брчат како на Русија не и одговарало тоа, па ќе не карале и слично. Преку тасета ако не и одговара на Русија..И на Македонија не и одговараше СанСтефанскиот договор ама не гледам податоци дека обичните Руси се замарале со тоа тогаш...
Па пола територија што ја освоиле немале како да ја оддржат, затоа и ја дале на Бугарија со надеж дека ќе ги држат Османлиите надвор од таа територија. А Бугарија и самата неможела да ја оддржи. Си слушнал некогаш за Разловечко и Кресненско востание? Тие се директни резултати на Санстефанскиот договор.
Генерално да не биле Русите, ние ќе сме ја доживеале истата судбина што ја доживеале Одринците, Асирците, Ерменците и Понтијците во остатоците на империјата и тука ќе се зборело Турски, а Македонија ќе било некаков си мит од рамките на Господари на Прстените.