Да, меѓутоа сепак да земеме предвид дела Чеченците не се ниту Руси, ниту па Словени, тие си се автентичен Кавкаски народ, со своја култура, јазик и писмо, а по вера се Сунитски Муслимани. Сепаратистичките соништа кај Чеченците, а можеби и кај некои други народи таму во тој регион не верувам дека се мртви, туку моментално ете поради пријателството на Путин и Кадиров се онака ставени под тепих, а после некоја деценија кога Путин и Кадиров ќе бидат минато како во политички, така и во биолошки аспект, повторно тој сепаратизам ќе оживее, магично ќе се разбудат тие сепаратистички идеи, соништа. Едноставно во било која држава која е мултиетничка и мултирелигиска по некое непишано правило мора на секои неколку децении, односно и по неколку пати во текот на еден век да има внатрешни турбуленции, меѓуетнички судири, сепаратизам и.т.н. Да ги земеме нашиве краишта ко за пример западниов Балкан (просторот на екс.ЈУ). Она што се Чеченците таму, тука кај нас се Албанците, посебен несловенски народ, со посебна култура, јазик и писмо, по религија доминантно се Сунитски Муслимани и да имаат сепаратистички соништа од дамнешни времиња, денеска се мирни, ама што правиме ако после 10, 20, 30 години пак запукаат од некој рид ко у не така далечната 2001 што беше па сите се чудеа/чудевме абе што е ова, како се деси ова, е така !