Во Финска се поотворено се зборува за НАТО, претседателот изјави дека нема да биде потребен референдум. Швеѓаните изјавија дека доколку Финска се одлучи за НАТО влегуваат и тие. Нема повеќе Finlandization, т.е. неутрален бафер што беше успешна политика едно 80 години...наместо тоа Русија ќе добие 1300км нова граница со НАТО, НАТО една од најсовремените и најспремните армии, а Финска и Шведска (ако се одлучат за НАТО) сигурносни гаранции (пошто гледаат со Русија никогаш не си сигурен). Дали неутралноста на Украина (ако воопшто тоа и беше целта на Русија) вреди 2 нови НАТО членки на граница 100 пати поспремни од Украина, не сум баш сигурен. За разлика од многумина Путин не го сметам глуп, човекот маестрално изигра во врска со енергетската зависност на Европа од Русија и очигледно е дека ова во Украина го спремаше долго време. Дали предвидел вакви реакции и сплотеност на НАТО, ЕУ, Финска итн. како одговор е друго прашање.
Sent from my GM1913 using Tapatalk
Полекаа полекичка кочииии Мицко. Веднаш да расчистиме пропагандата околу украинската армија и нејзината "инфериорност". Пропагандата у војна е легитимно средство и оружје, си има свои цели и потреби за секоја страна, но смешно е што со 2 клика и 1 функционална мозочна ќелија секој може да ја сруши, но мнозинството одбира да верува на МСМ.
Пропагандата на западот дека украинската армија е слаба, мала, неспремна, никаква, мизерна, си има своја цел и тоа најмногу према рускиот народ, како би се створило разочарување од "неспособноста" на најмоќната армија во свет да се справи со пар наркомани кои маваат со шприцеви и игли. Но, што велат фактите?
Пред мировната мисија, украинската армија била рангирана на 22ро место во свет. Во тој ранкинг не се внесени доставките на западно оружје, опрема, инструктори, стратези итн пред и за време на операцијата. Поважно, тука не се пресметани поддршката и соработката со нато во разузнавање, особено воено, а познато е дека точна и навремена информација е највредното оружје. Значи прво да немаме илузии дека Русија е соочена само со Украина, туку и против нато.
Сето ова ја искачува некоја позиција и Украина влага во топ 20 воени сили во светот. За полесно да го разбереме значењето на овој факт, спортска паралела. Во фудбал, од 20 тимови топ 20% (4 екипи) одат во ЛШ. Секој натпревар помеѓу овие 4 тима се квалификува како дерби.
Во светот од 200+ земји, топ 20% се првите 40. Украина е во топ 10% најмоќни, т.е. први 20. Во аналогијата со фудбалот, топ 10% од 20 екипи се првите 2. Украина е тој тим што би бил 2ро место.
Финската армија е на 59то место, како и српската и хрватската отприлика, така да не да не е 100 пати поспремна, туку напротив 100 пати послаба.
А за евентуален влез на Финска у нато, веќе кажаа русите дека ќе се реагира соодветно, у превод веројатно како во Украина. Па после пак они ќе бидат "агресорот" нели. Јер вака 80 години никаква закана од Русија не им е доволна, нека си се испробаат и они ако не им се живее во мир.
Фактот што Русија користи 15-19% од активната војска, без 19 милиони резерви, како и употреба на релативно постаро оружје и опрема без најмодерното (со мал исклучок на еден Кинжал) говори дека и те како во предвид имаат можен директен конфликт со нато поради што и не се ангажираат најсовремените оружје и техника, како и дополнителни сили од активната војска ниту од резервите.
И сето ова е само конвенционално оружје, без да се спомене нуклеарното тактичко и стратешко вооружување на Русија кое секогаш постои како last resort.