Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    681

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.955
Поени од реакции
35.875
На сите на почеток муабетот ни беше дека Зеленски ја води Украина во војна што не можат да ја добијат. Меѓутоа ако успеат да си ја зачуваат контролата врз земјата, потегот апсолутно ќе им се исплати.
Веќе ја заеба работата, изгинаа еден куп луѓе и ид двете страни, голем дел од територијата не му е под контрола, му раселија милиони, цела инфраструктура им е пепел, земјата му е испустена до степен да уште милиони ќе киднат во наредните години, пак ќе мора да се откаже од западот, секогаш ќе ги има ракетите од Русија на готовс за превоспитување.
Најдоброто нешто што можеше да го сторат неговите е да го свирнат уште пред да влезе во оваа егзибиција.
Единствени добитници во играва се САД, продадоа оружје што инаку немаше да го шитнат уште 10 години, шиткаат гас на пазар што претходно не можеа да го допрат и тн.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Се согласувам со постов освен со овој дел и имам неколку прашања...

1. Зошто упорно сите мислат дека Зеленски е марионета?
2. Дали сметате дека не е изгласан демократски на регуларни избори?
3. Дали ако Украина имаше претседател што би му се допаѓал на Путин (еве нека не е ни инсталиран од него), дали и тогаш тој ќе го сметавте за Руска марионета?
4. Дали сите држави на светот што имаат демократски избрана влада која што е блиска до САД (или барем соработува многу со нив) ги сметате дека имаат марионети за претседател/премиер?
1. Да, марионета е. Да не беше ќе направаше политички дил и ќе ќареше од двете страни. Воено неутрално, со наклоност кон ЕУ и ставање на Донетцк и Луганск да му лупаат вето доколку решеше да отиде фулл НАТО(америка). Минск 2 ти е ова што Украина не го имплементира, а го потпишаа Русија и Украина во посредство на Германија и Франција, двете единствени битни земји од ЕУ. И сега Американците ги јачаат за да продолжи војната. Имаш видео каде Бајден јавно на телевизија објаснува како смениле обвинител на Украинците затоа што претходниот не им одговара.

2. Ова најверојатно е точно дека е изгласан на демократски начин. 100% неможам да кажам ама штом одбраа комичар најверојатно на Украинците им прекурчи и ова беше револт. Тоа што е никаков политичар и за мене е главен виновник за смрта на илјадници невини Украинци е друго.

3. Марионета си е марионета без разлика на која страна. И да, за мене ќе беше сметан за руска марионета. Доста десни организации и партии што учествуваат во војнава се против западниот империјализам и потчинетост спрема Русија и се залагаат за независна Украина. Овие дркаџиите на Русија и Путин велат дека се нацисти. Гомната од Азов ја направија таа слика ама и да не беа они овие дркаџиите ќе тераа наративот на Москва. Азов каде е најголемата бројка и нацисти и антисемити главниот финансиер во почетокот им е Евреин и сите пари доаѓаа од олигарсите кои патем ако некој види 70+% од нив се Евреи.

4. Сите не. Северен Фиром, Украина, Чкипе Етник се класичен пример за марионети. Незнам кај беше ти во 2016та година на избори победи дпмне и имаа договор со ДУИ да формираат влада. ДУИ доби телефонски повик и одлучи да оди кон втората партија на изборите. Преспа ти е пишувано во Вашингтон, секоја одлука ти е од Кале. Шиповците на север од нас не смеат да прднат без одобрение на САД. САД ги исконтролира украинците за да сега се најдат во оваа ситуација. Милиони испумпаа Бајденци и компанија од Украина.
Има и други примери, претежно се држави во обид и во идни турбулентни времиња нема ни да опстојат. Да, Македонија нема да опстои во било какво идно сценарио на некоја голема војна затоа што не поставивме темели и институции за држава. Ова не ти го збори шарен куртон туку некој блиските што го сметаат за националист кое патем нема врска туку им објаснувам како е реалната ситуација.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
9.962
Поени од реакции
17.788
Веќе ја заеба работата, изгинаа еден куп луѓе и ид двете страни, голем дел од територијата не му е под контрола, му раселија милиони, цела инфраструктура им е пепел, земјата му е испустена до степен да уште милиони ќе киднат во наредните години, пак ќе мора да се откаже од западот, секогаш ќе ги има ракетите од Русија на готовс за превоспитување.
Најдоброто нешто што можеше да го сторат неговите е да го свирнат уште пред да влезе во оваа егзибиција.
Единствени добитници во играва се САД, продадоа оружје што инаку немаше да го шитнат уште 10 години, шиткаат гас на пазар што претходно не можеа да го допрат и тн.
Не знам за вас, ама за мене тоа цена која вреди да се плати. Ако не се спремни за тоа, секогаш може да бидат Македонија. Земја каде четвртина население ти работи против државата, а комшиите ти мењаат име, историја и тн. Ама Украинците очигледно нејкат да трпат такви срања, и си ги решаваат проблемите на друг начин.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
357
Поени од реакции
239
Договорот падна и пропадна русија почна со артилерија и балитика над киев
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.806
Поени од реакции
26.369
Не знам за вас, ама за мене тоа цена која вреди да се плати. Ако не се спремни за тоа, секогаш може да бидат Македонија. Земја каде четвртина население ти работи против државата, а комшиите ти мењаат име, историја и тн. Ама Украинците очигледно нејкат да трпат такви срања, и си ги решаваат проблемите на друг начин.
Да бе сами си се доведоа до оваа ситуција, никој не ги туркаше :)

Инаку дефинитивно вреди, доколку тоа е твоја политика. Замисли нас Бугарите да не сскаа и вооружуваа да одиме во војна против Грција, Егејска да ја враќаме.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.962
Поени од реакции
17.788
Да бе сами си се доведоа до оваа ситуција, никој не ги туркаше :)

Инаку дефинитивно вреди, доколку тоа е твоја политика. Замисли нас Бугарите да не сскаа и вооружуваа да одиме во војна против Грција, Егејска да ја враќаме.
Ситуацијата е многу едноставна. Украинците сакаа да се преориентираат кон запад, како Полска и другите екс ссср земји. Русија им вика за вас нема таква можност, нема да во дозволиме. Доколку Украинците си го добијат тоа што го зацртале, жртвата вредела.

Еве ти една паралела со кај нас. Ние сме моментално албански вазал со смкнати гаѓи. Ако решиме да ги дигнеме гаќите, ќе изгинат многу луѓе. Доколку успееме, жртвата се исплатела. Доколку не, луѓето изгинале за џабе.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.806
Поени од реакции
26.369
Ситуацијата е многу едноставна. Украинците сакаа да се преориентираат кон запад, како Полска и другите екс ссср земји. Русија им вика за вас нема таква можност, нема да во дозволиме. Доколку Украинците си го добијат тоа што го зацртале, жртвата вредела.

Еве ти една паралела со кај нас. Ние сме моментално албански вазал со смкнати гаѓи. Ако решиме да ги дигнеме гаќите, ќе изгинат многу луѓе. Доколку успееме, жртвата се исплатела. Доколку не, луѓето изгинале за џабе.
Абе јас те сваќам, ама поентата е иста. Ако ние сакаме, тогаш вреди, ама ако дојде некоја Србска струја, која ќе не бутне во војна со Албанците заради своја агенда, од тоа на крај нема да испадне ништо добро по нас. И тоа нема да биде кревање на гаќите, туку соголување на кожата.

Таа е споредбата. Никој не ги праша Украинците. Они им го донесоа Мајдан, они ги радикализираа правејќи дилови со нацисти, они буквално ги фрлија во огин со Русите. Оваа војна не е на Украина. Оваа војна е прокси војна на западот, против Русија.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.300
Не знам за вас, ама за мене тоа цена која вреди да се плати. Ако не се спремни за тоа, секогаш може да бидат Македонија. Земја каде четвртина население ти работи против државата, а комшиите ти мењаат име, историја и тн. Ама Украинците очигледно нејкат да трпат такви срања, и си ги решаваат проблемите на друг начин.
Поентата ти излегува, затоа што така ги штелуваш работите…
Всушност никаква, ама баш никаква корелација неможеш да направиш со Македонија.
Таа 1/4 од население на кое им ставаш знак на равенство со браќава кај нас се дел од многу поголема, помоќна држава! Држава под која и самата Украина била дел малтене цела своја историја! Со далеку позаплеткани историски, економски, културолошки врски.
Ние немаме ни приближно таква компликација, без разлика што гавранчињата од исток со вештачка и поклонета држава во 1871г играат на таа карта!
Ние не граничиме со нуклеарна сила! Нашиот влез во ОТАН не тангира никого! Нашата економска и гео-стратешка положба е еднаква на шупак!(без разлика што не лажеа на школо ;) ).

Друга битна работа која повторно ја штелуваш е дека некој нешто им наметнувал или ги притискал украинците! Од 91’ се слободни како птица и можат да прават што сакаат! Освен нели… guess what!?
Па малку им беше што го посакаа забранетото овошје, па забегаа во ултра-наци анти Русија сентименти!

И трето да потсетам(не конкретно тебе, ама другиве “што забораваат”!)
Јанукович беше последно легитимно избран претседател на таа земја и одговараше пред мнозинството граѓани!
Тогашното (вистинско)мнозинство одлучи нешто друго од платенициве сега! Па да не ги ставаме сите украинци во еден кош или да ги делиме на руси и украинци!
Ова не е патриотска војна! Ова е увезена, фингирана, платена, наместена… итн итн
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.386
Поени од реакции
12.095

Ова преку Албанија е новиот планиран гасовод. Да не се прашувате зошто позициите на Албанија се овакви како што се. :D
Автоматски споено мислење:


Ништо сега на русиве им преостанува да почнат да ги форсираат другите маркери повеќе со V, O и така натаму. Па нека банираат цела латиница кој кр… Ќе се префрлиме на хироглифи после.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.962
Поени од реакции
17.788
Абе јас те сваќам, ама поентата е иста. Ако ние сакаме, тогаш вреди, ама ако дојде некоја Србска струја, која ќе не бутне во војна со Албанците заради своја агенда, од тоа на крај нема да испадне ништо добро по нас.
Меѓутоа за нив испадна добро. Покажаа дека попрво ќе умрат него да дозволат Русија да им се меша во внатрешни работи на државата. Ќе изгубат нешто територија, ама остатоткот ќе живее како што сакаат. Дали Еу, Нато, нивен избор.
Ние сеа радо би го дале Дебар за Бујар да не ни е премиер, али нема..
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Што може да се заклучи по денешниот ден по преговорите?

1. Станува јасно дека се издвојуваат две струи со лоби према Путин. Првата - мировната, која ги застапува интересите на олигархијата предводена од Роман Абрамович. Другата, милитаристичката, предводена од Кадиров и веројатно воените генерали.
Прерано е да се каже народот кон која струја е наклонет, но со оглед на презирот кон олигархијата, успешноста на операцијата, целосната надмоќ на руската војска и нараснатите апетити поради веќе поразената Украина, сопствена и странска пропаганда итн, се чини дека се јавува разочарување од напредокот во преговорите.

2. Во однос на преговорите, има неколку интересни моменти. Според официјалните изјави од двете страни, целосно е променет пристапот на украинската страна, во смисол дека сега се конструктивни, проактивни и конкретни. Јас би додал дури и фер и коректни според она што се објавува дека го понудиле/прифатиле.

Она што мене ми остава чуден впечаток, ми се чини официјалните изјави на Зеленски не кореспондираат со преговарачите. Тој вика нема што да се дискутира за територијалниот интегритет, преговарачите баш напротив нудат некакво решение за Крим од 15 години статус-кво и обврзување да нема воени дејствија за враќање на Крим и Донбас под украинска јурисдикција. ВТФ!? Тука акцентот е на "враќање" што значи они де факто го побиваат Зеленски за територијалниот интегритет и прифаќаат дека Крим и Донбас не се дел од Украина.

Разбирам дека се преговори, дека се користат разно-разни тактики, се блефира, се тестира другиот до каде е спремен да оди, се лаже, се манипулира, се прави и за пропаганда, се сондира реакции, се пуштаат "патки" итн, ама ова се прилично сосема контрадикторни ставови. Можам само да нагаѓам што се крие зад сево ова, од good cop - bad cop тактика, до Зеленски да го задржи имиџот на херој и непопустлив а сите други околу него демек меки како он би испаднал "приморан/предаден од своите".

Друго што е мошне интересно се америте кои пак велат, не виделе они никаков напредок во преговорите!? Јасно е дека се апсолутно незадоволни, и со право. Воопшто не им одговара доколку Русија ги прифати понудените предлози, дури и во ваква форма, сите 8 годишни напори и инвестиции им паѓаат во вода, а Русија *воглавно* го добива тоа што го сака.

Британците исто така изгледаат многу незадоволни од развјот. Тоа го гледам во нивната најава дека ќе го зголемеле военото присуство на Арктикот, промената на ставот дека санкциите ќе ги тргнеле кога ќе се повлече руската војска во став дека сега тоа нема да е доволно и проценката дека тргањето на војска од Киев и Чернигив немало големо значење.

3. Повлекувањето на трупите од Киев и Чернигив е интригантен потег. Едно толкување е дека се работи за токен на добра воља на русите како реципроцитет и задоволството на покажаната нова разумност од украинските преговарачи што и го покажува пак фактот дека според русите работите се движат во посакуваната насока. Другото е дека вршат премештај на трупите за втората фаза од операцијата - Донбас, како што најави Шојгу.
Или комбинација од двете, првото да го користат како "маскировка" на второто.

4. Втората фаза - Донбас, веќе и јавно најавено, подразбира токму тоа. Иако навијачите за Русија веќе "предвидеа" дека тоа било само за јавност, а всушност ќе се тргнело да се осваја цела источна Украина до Дњепар сосе Одеса и цел излез на Црно море, нема факти што го потврдуваат тоа. Не дека не е можно во некоја наредна фаза или во зависност од напредокот во преговорите, но засега тоа се само влажни соништа и желби на мажоретки и веројатно пропаганда на западот. Не е прашање дали можат, секако дека откако ќе се заврши втората фаза и ќе се неутрализира единствениот организиран сериозен отпор на украинската армија утврден кај Доњецк (75к), ќе остане бришан простор до Лвов.

5. Особено интересно е и состојбата околу рубљата. Имено, откако најави Путин плаќање енергенси во рубља а сите скоро едногласно одбиваат барем јавно и во изјави, рубљата расте во однос на долар и евро. Што тоа значи? Некој сериозно купува рубљи, а продава евра/долари. Засега нема информации од каде доаѓа тој тренд, но ќе биде интересно ако испадне дека европа како и секогаш едно збори друго прави, т.е. ако сите вака јавно многу јаки и солидарни ама за секој случај испод рука купуваат рубљи, јер реално немаат избор барем засега. На ова треба да се внимва во наредниот период јер има потенцијал да прерасне во внатреевропски конфликт, ако на пр. се испостави дека дошла зимата и Германија си купила рубљи и у задњи момент купуе руски енергенси под некој изговор немаше спас морално беше, а Франција, Италија или сеедно кои останат со прст у уста или ќе бидат приморани и они тогаш да купуваат рубљи на многу понеповолен курс (поскапо за нив) со што уште толку ќе ја ојачаат рубљата на сметка на еврото/доларот. Такви потреси (доколку се десат, не велам дека со сигурност ќе дојде до тоа) може да го убрза процесот на реален распад/поделба на ЕУ. Малку веројатно е, ама ќе има последици.

6. Преостанатите две точки од целите на Русија, демилитаризација и денацификација не беа спомнати во контекст на денешните преговори. За демилитаризација е јасно, иако сеуште во тек, тоа е завршена работа, Украина нема армија.

Е во однос на денацификација е занимливо. Факт е дека голем број се неутрализирани или ќе бидат во текот на операцијата. Но, прашање е дали ќе е тоа доволно за Русија? Можеби за нив е важно да ги тргнат од Донбас со што ќе сметаат дека е извршена денацификација и руското малцинство е безбедно од нивниот терор, а остатоците од нацистите ќе останат проблем на самата Украина? Иако такво нешто ќе претставува ретерирање од првичната цел, сметам дека е соодветен компромис за да се постигнат останатите цели. Исто така, сметам дека официјална точка со денацификација нема да се појави како таква терминологија во евентуален мировен договор од проста причина што никој од запад нема да го дозволи тоа, па ни самиот Зеленски. Зашто? Јер тоа би значело официјализирање на потикнување, поддршка, обучување, финансирање и вооружување на нацисти и нацизам. За да има денацификација мора да постоела нацификација. Таков историски срам нема да си дозволат по цена светот се да се сруши. И тука сум на став дека и Путин е свесен за тоа и таа цел ќе ја спроведе руската армија на терем (колку успеат да фатат и потепаат, барем од Донбас ќе ги исчистат). А на папир или мировен договор, веројатно денацификацијата ќе биде претставена преку отстранување на институционалното укинување и забрана на руски јазик, култура, традиција итн.

Сума сумарум, сите цели на Русија се блиску до остварување (акцент на близу) во теорија. Ништо не е ставено сеуште црно на бело и официјално и затоа ништо од ова не значи целите се постигнати. Ситуацијата е динамична и непредлива и се може да се сврти за 360 степени во било кој момент.

Засега, за разлика од западот, Русија изгледа задоволна со досегашните резултати и насоката во која се движи ситуацијата за нив.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.955
Поени од реакции
35.875
Не знам за вас, ама за мене тоа цена која вреди да се плати. Ако не се спремни за тоа, секогаш може да бидат Македонија. Земја каде четвртина население ти работи против државата, а комшиите ти мењаат име, историја и тн. Ама Украинците очигледно нејкат да трпат такви срања, и си ги решаваат проблемите на друг начин.
Абе пак губат.
И ние можевме да пробаме да ги згазиме шипците, САД ќе не бомбардираше до степен на непостоење, сега ќе имавме и уште мин пола милион помалку народ, и можеби пола од територијава.
Едноставно е, ако ти се намерачи голема земја нема да видиш бел ден па колку сакаш бори се.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.806
Поени од реакции
26.369
Меѓутоа за нив испадна добро. Покажаа дека попрво ќе умрат него да дозволат Русија да им се меша во внатрешни работи на државата.
Чекај малце остај време и ќе видиме дали е така :)

И во Сирија беа спремни да умрат, ама брадите, не сите. 10 години траеше војната таму.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.386
Поени од реакции
12.095
Автоматски споено мислење:

Шо бе изгледа го секнале гасот преку Јамал ?


Gas flows via Yamal-Europe pipeline fall to zero, other flows steady
Автоматски споено мислење:


Јак е наративот, не е веќе олигарх Абрамович. Друга работа и овој има имунитет како ФАП камион, или пак има воскреснувачки суперсили како рускиве генерали. Дека според така веродостојниот Белингкат, беше отруен со хемиско оружје пред некој ден.
Инаку тој белингкет е многу веродостоен извор на разузнавачки вести, како за врвот на западните страни, така и за верните приврзаници. :ROFLMAO:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom