Истото сме го слушнале, само што различно го толкуваме. Она неколку пати нагласи дека не смее да каже некои работи заради цензура и казни (можеби дури и затвор), заради тоа што медиумите во Русија се строго контролирани и им прикажуваат на Русите она што власта мисли дека треба да го знаат. На нашки - им го перат мозокот. Исто така кажува дека интелигентните масовно ја напуштаат Русија (нешто вообичаено при конфликти, остануваат само сиромашните/глупите).
И види, нормално дека ако на глупите им го перат мозокот дека Русија тргнала во војна затоа што немала избор, а притоа паметните ги апсат или си одат од државата, дека на анкети излегува дека поддршката кон Путин расте. Кога си диктатура, слободно можеш да ги неутрализираш сите неистомисленици и да останат само "yes, sir" луѓе. Стара традиција им е ова на Русите...
EDIT: баш ко нарачана за муабетов ми дојде оваа вест:
https://off.net.mk/nabrzinka/novaja-gazeta-prestana-da-izleguva-nemame-drug-izbor