Што може да се заклучи по денешниот ден по преговорите?
1. Станува јасно дека се издвојуваат две струи со лоби према Путин. Првата - мировната, која ги застапува интересите на олигархијата предводена од Роман Абрамович. Другата, милитаристичката, предводена од Кадиров и веројатно воените генерали.
Прерано е да се каже народот кон која струја е наклонет, но со оглед на презирот кон олигархијата, успешноста на операцијата, целосната надмоќ на руската војска и нараснатите апетити поради веќе поразената Украина, сопствена и странска пропаганда итн, се чини дека се јавува разочарување од напредокот во преговорите.
2. Во однос на преговорите, има неколку интересни моменти. Според официјалните изјави од двете страни, целосно е променет пристапот на украинската страна, во смисол дека сега се конструктивни, проактивни и конкретни. Јас би додал дури и фер и коректни според она што се објавува дека го понудиле/прифатиле.
Она што мене ми остава чуден впечаток, ми се чини официјалните изјави на Зеленски не кореспондираат со преговарачите. Тој вика нема што да се дискутира за територијалниот интегритет, преговарачите баш напротив нудат некакво решение за Крим од 15 години статус-кво и обврзување да нема воени дејствија за враќање на Крим и Донбас под украинска јурисдикција. ВТФ!? Тука акцентот е на "враќање" што значи они де факто го побиваат Зеленски за територијалниот интегритет и прифаќаат дека Крим и Донбас не се дел од Украина.
Разбирам дека се преговори, дека се користат разно-разни тактики, се блефира, се тестира другиот до каде е спремен да оди, се лаже, се манипулира, се прави и за пропаганда, се сондира реакции, се пуштаат "патки" итн, ама ова се прилично сосема контрадикторни ставови. Можам само да нагаѓам што се крие зад сево ова, од good cop - bad cop тактика, до Зеленски да го задржи имиџот на херој и непопустлив а сите други околу него демек меки како он би испаднал "приморан/предаден од своите".
Друго што е мошне интересно се америте кои пак велат, не виделе они никаков напредок во преговорите!? Јасно е дека се апсолутно незадоволни, и со право. Воопшто не им одговара доколку Русија ги прифати понудените предлози, дури и во ваква форма, сите 8 годишни напори и инвестиции им паѓаат во вода, а Русија *воглавно* го добива тоа што го сака.
Британците исто така изгледаат многу незадоволни од развјот. Тоа го гледам во нивната најава дека ќе го зголемеле военото присуство на Арктикот, промената на ставот дека санкциите ќе ги тргнеле кога ќе се повлече руската војска во став дека сега тоа нема да е доволно и проценката дека тргањето на војска од Киев и Чернигив немало големо значење.
3. Повлекувањето на трупите од Киев и Чернигив е интригантен потег. Едно толкување е дека се работи за токен на добра воља на русите како реципроцитет и задоволството на покажаната нова разумност од украинските преговарачи што и го покажува пак фактот дека според русите работите се движат во посакуваната насока. Другото е дека вршат премештај на трупите за втората фаза од операцијата - Донбас, како што најави Шојгу.
Или комбинација од двете, првото да го користат како "маскировка" на второто.
4. Втората фаза - Донбас, веќе и јавно најавено, подразбира токму тоа. Иако навијачите за Русија веќе "предвидеа" дека тоа било само за јавност, а всушност ќе се тргнело да се осваја цела источна Украина до Дњепар сосе Одеса и цел излез на Црно море, нема факти што го потврдуваат тоа. Не дека не е можно во некоја наредна фаза или во зависност од напредокот во преговорите, но засега тоа се само влажни соништа и желби на мажоретки и веројатно пропаганда на западот. Не е прашање дали можат, секако дека откако ќе се заврши втората фаза и ќе се неутрализира единствениот организиран сериозен отпор на украинската армија утврден кај Доњецк (75к), ќе остане бришан простор до Лвов.
5. Особено интересно е и состојбата околу рубљата. Имено, откако најави Путин плаќање енергенси во рубља а сите скоро едногласно одбиваат барем јавно и во изјави, рубљата расте во однос на долар и евро. Што тоа значи? Некој сериозно купува рубљи, а продава евра/долари. Засега нема информации од каде доаѓа тој тренд, но ќе биде интересно ако испадне дека европа како и секогаш едно збори друго прави, т.е. ако сите вака јавно многу јаки и солидарни ама за секој случај испод рука купуваат рубљи, јер реално немаат избор барем засега. На ова треба да се внимва во наредниот период јер има потенцијал да прерасне во внатреевропски конфликт, ако на пр. се испостави дека дошла зимата и Германија си купила рубљи и у задњи момент купуе руски енергенси под некој изговор немаше спас морално беше, а Франција, Италија или сеедно кои останат со прст у уста или ќе бидат приморани и они тогаш да купуваат рубљи на многу понеповолен курс (поскапо за нив) со што уште толку ќе ја ојачаат рубљата на сметка на еврото/доларот. Такви потреси (доколку се десат, не велам дека со сигурност ќе дојде до тоа) може да го убрза процесот на реален распад/поделба на ЕУ. Малку веројатно е, ама ќе има последици.
6. Преостанатите две точки од целите на Русија, демилитаризација и денацификација не беа спомнати во контекст на денешните преговори. За демилитаризација е јасно, иако сеуште во тек, тоа е завршена работа, Украина нема армија.
Е во однос на денацификација е занимливо. Факт е дека голем број се неутрализирани или ќе бидат во текот на операцијата. Но, прашање е дали ќе е тоа доволно за Русија? Можеби за нив е важно да ги тргнат од Донбас со што ќе сметаат дека е извршена денацификација и руското малцинство е безбедно од нивниот терор, а остатоците од нацистите ќе останат проблем на самата Украина? Иако такво нешто ќе претставува ретерирање од првичната цел, сметам дека е соодветен компромис за да се постигнат останатите цели. Исто така, сметам дека официјална точка со денацификација нема да се појави како таква терминологија во евентуален мировен договор од проста причина што никој од запад нема да го дозволи тоа, па ни самиот Зеленски. Зашто? Јер тоа би значело официјализирање на потикнување, поддршка, обучување, финансирање и вооружување на нацисти и нацизам. За да има денацификација мора да постоела нацификација. Таков историски срам нема да си дозволат по цена светот се да се сруши. И тука сум на став дека и Путин е свесен за тоа и таа цел ќе ја спроведе руската армија на терем (колку успеат да фатат и потепаат, барем од Донбас ќе ги исчистат). А на папир или мировен договор, веројатно денацификацијата ќе биде претставена преку отстранување на институционалното укинување и забрана на руски јазик, култура, традиција итн.
Сума сумарум, сите цели на Русија се блиску до остварување (акцент на близу) во теорија. Ништо не е ставено сеуште црно на бело и официјално и затоа ништо од ова не значи целите се постигнати. Ситуацијата е динамична и непредлива и се може да се сврти за 360 степени во било кој момент.
Засега, за разлика од западот, Русија изгледа задоволна со досегашните резултати и насоката во која се движи ситуацијата за нив.