Инвазијата на Украина од страна на Русија има само малку врска со територијални прашања, и не може да биде сведена на борба за територија. Русија е огромна, сериозно мислите дека н Путин му е дојдено со Донбас, и дека би ризикувал трета светска војна за пар квадратни километри?
Смешно е тоа, и нема потреба да се правиме наудрени. Ако навистина не ви е јасен контекстот во кој оваа војна се случува, слободно преслушајте го предавањето на Маершајмер, никој нема дадено подобро објаснување на настаните во Украина.
Ништо не е смешно или очајно, не гледам потреба од такви квалификации.
И тоа како има врска со територијални прашања. Уште од 1992 во времето на Јељцин, русите започнаа да прават држави во држави на местата каде што имаше доволни руски колонисти кои беа населувани во земји каде пред колонизацијата ги немало воопшто, како Латвија пример, менувајќи целосно демографска слика!
Оваа војна не е изолиран инцидент туку продолжение на политиката на руските кукавички јајца кои ги оставија насекаде уште од 90ти. До каде што има русин до таму е Русија. Слично на САО Крајина.
Таква им е доктрината, тој им е начинот да се обидат да вратат барем дел од моќта и влијанието кое го имаа до 1989, значи континуирана политика на дестабилизација на комшиски земји со помош на руско малцинство, сто пати покажано и докажано во реалноста.