Збориме за нешто што е историски факт, под тогашен диктат на Русија за 1 година негде над 5 милиони украинци биле жртви.
Тука имаш официјална статистика за тој период, и кои места биле најмногу таргетирани.
Прегледај го приврзокот 324223
Срамно е малку да се релативизира вакво нешто.... со пропагандава на екипата овдека уште малце ќе испадне и дека евреите имале подобар живот под Хитлер.
Сосема погрешен е наративот, дека мерките кои доведоа до Холодоморот, имале етнички предзнак - тоа дека намерата била да се сотрат Украинците (заради нивната етничка определба).
Тој наратив е пропагиран од западните историчари и служел да се поткопа руско-украинското единство, кое советската власт се обидувала да го одржи/воспостави. Ова во контекст на Студената војна.
Во поново време, тој наратив е отфрлуван се повеќе. Највеќе и заради истражувањата на американските армиски историчари, како полковник Дејвид Гланц.
Значи, холодоморот е резултат на советскиот план за брза индустријализација и национализација на земјиштето.
Им ја земаат земјата (и храната) на селаните и ги бутаат во фабрики.
При таа транзиција, "внимателно и вешто" изведена - селаните испоумираат од глад, или биваат убивани, ако се бунат (имало и селски буни).
Работата е, што ова воопшто не било насочено кон Украинците како етникум, туку било спроведувано низ целиот огромен Советски Сојуз (Русија, Узбекистан, Казахстан и др.). На секаде на селаните им била одземана земјата и гладувале, умирале.
Разликата е во тоа што највеќе земја селаните имале таму каде што била најплодна, а тоа е во Украина. Највеќе селанството преживувало од земјоделие таму каде што била најплодна и каде што ја имале најмногу во посед. Како, на пример, ова би го засегнало некое село во Сибир, кај што 90% живеат од лов? Ќе дојдат ќе им го земат месото, што го уловиле прошла недела? (земја немаат, за да им земат) Голема работа, ќе идат пак ќе уловат. Тоа го прават на дневна-неделна база.
Додека овие во Украина што еднаш годишно прават жетва и живеат од неа цела година, кога ќе им ја земеш земјата и жетвата, они година дена немаат што да јадат.
Затоа во земји како Украина највеќе умирале (до 3.5 милиони). Инаку умирале многу и во други региони, на пример земјоделскиот Казахстан, каде што умреле до 2,3 милиона. Во земјоделските региони на Русија исто така имало многу жртви.
Не бил Холодоморот резултат на мерки насочени ексклузивно кон Украинците. Низ целиот Советски сојуз имало милиони мртви, но заради погоре-кажаното Украина највеќе настрадала.
Наративот дека Холодоморот е ексклузивно наменет за Украинците, сепак не е мртов и денес уште повеќе ќе оживува, во контекст на војнава во Украина и покрај тоа што токму американската модерна историографија придонела во дебанкирање на тој мит, пред дваесет години.
Кога ќе побараш на нет за Холодоморот, секогаш ќе ти излезат податоци само за Украина (до 3,5 милиони на Википедија). Податоците, на пример, за Казахстан (до 2,3 милиона на Википедија) се одвоени и тешко се наоѓаат. Исто и за другите делови на СССР. Казахстан бил нешто помал од Украина, тоа време и таму, како што гледаш, умреле огромен број на селани, а верувам дека до сега не си чул за Холодоморот во Казхстан.