Аууу, шо сум нашол една игра.
Авантура со хорор, мрачна атмосфера, од прво лице, како Silent Hill, само не е многу страшна. Колку што Silent Hill е страшна толку е оваа чудна. (SH ја немам играно ама имам гледано дека е)
Се вика,
The Void.
(ко од некое аниме личи постеров. На википедија го има со огромна резолуција)
Се наоѓаш во свет сличен на чистилиштето. Во играта, Пространството (The Void) е место каде некои души случајно ќе влезат пред апсолутната смрт. Основен оружје во играта не се ножеви, мечови, пушки и сл. туку.. бојата. Оригинална идеја.
Почнува вака:
Death took your last Heart.
Recover it - before life leaves you completely...
ќе шеташ троа, и оп...
Па, тоа накратко. Играва е излезена од 2008ма во Русија направена од Руси под името Тургор (притисок, тензија). После е излезена полска верзија со наслов Tension, па во 2009 е малце измената (велат подобра) и излезени се германска (март) и англиска верзија (октомври). Значи играта е релативно нова, 5 месеци негде стара.
Видете Трејлер, видиете на
Википедија, и
официјаната страна,
Гејмплеј видео, прва сцена
Јас само ја почнав, незнам како е понатаму ама почетокот е ептен добар.
ПС. Ко Ларс вон Трир да ја режирал играва :tv: