па до пред некоја година сите врски во кои бев не ми беа нешто посебно битни и не придавав некое посебно значење...нити пак посебно внимание(ова не е во смисол дека сум ги третирал као ѓубриња)...али секогаш другата страна можела да осети на што е, никад не сум лажел нити сум ветувал нешто што не сум го мислел, едноставно не сум се трудел многу многу...
е после тоа најдов нешто за кое сфатив дека ме сака повеќе од неа...и се сменив во поглед на посветување на внимание, грижење, значење...во поглед на се...тоа заврши, нема везе друго ми е зборот...незнам што подразбирате под внимание што пишувате гушење и такви работи, ама по се изгледа станува збор за некоја тинејџерска верзија на врска, кога едниот прави нешто повеќе од што треба за другиот, и кога едниот внесува повеќе емоции одколку другиот, иако тој првиот е свесен за тоа...мислам дека доколку еден пар навистина се сака , неможе да дојде до гушење, поради тоа што ако сакам да ми опстои врската за која мислам дека вреди да се борам-нема шанси да дозволам партнерката да ме гуши...не е можно тоа...дури и да почне да ме „гуши“, јас сум тој кој можам да преземам нешто околу тоа...значи има муабет тука, искреност...се што ми смета има да кажам во однос да си се зачувам нас...истото го очекувам и од девојката
ако јас посветувам внимание и се грижам тоа значи дека сум сигурен дека девојката ме сака...и истото што го напишав погоре ќе го очекувам и од неа...значи реагирање доколку некој претера во нешто(условно кажано)...а ако си ќути и остава да си тече тоа „гушење“..или уште бетер, ако истото го сфаќа као тинтрање, ондак може комотно да иде да си брка работа, пошто таква мисирка не ми треба...самата помисла дека некој си мисли дека сум теле кое „трча“ по неа без некоја особена причина,или па од причина што таа мисли дека е краљица елизабета, ми е претерано гадна и претерано егоистична...ме тера на смеење...се спотера некој да им посветува внимание без разлог