Прекувремената работа невидлива за газдите

Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Ни денар плус за десетчасовен работен ден

Дванаесетчасовна работа на градежни скелиња, покрај жешки преси за пеглање или затворени во канцеларија, без да добијат ниту денар плус за повеќето работни часови. Во ваква ситуација се голем дел од македонските работници, притиснати од газдите да остануваат на работа прекувремено и без никаков надомест.

Никој не може да изброи колку точно работници работат подолго од законски одредените осум часа дневно, а не добиваат екстра-приходи за тоа. Kако најкритични дејности од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги издвојуваат градежништвото, текстилната индустрија, малопродажбата, угостителството, но не се изоставени ни вработените во други области. Генерално, привилегија да им бидат платени прекувремените часови имаат вработени во големите компании, особено во ИТ и во телекомуникацискиот сектор, како и во јавната администрација.

Работниците ретко пријавуваат

Според синдикалците, токму неплатената прекувремена работа е една од најчестите причини поради кои работниците бараат правна заштита и совет од синдикатот. Но најголемиот дел молчат за злоупотребата и не пријавуваат во Државниот инспекторат за труд, исплашени дека може да ја загубат и онаа месечна плата што ја добиваат.

Сепак, има и такви што се решаваат на таков чекор. Вработена во една од банките во земјава раскажува дека сите од нејзиниот сектор редовно останувале на работа два часа по завршувањето на работното време, како и по неколку часа во сабота. Раководителот ги терал да остануваат прекувремено бидејќи имало премногу работа која не можела да се заврши во регуларното време. Тоа траело половина година, а не добиле ни денар за тоа.

- Еден ден се изненадив кога на мојата сметка видов дека ми префрлиле повеќе пари отколку што ми е платата. Прашав за што се работи и ми одговорија дека трудовата инспекција ја казнила банката бидејќи некои од вработените имале прекувремени неплатени работни часови. Некој од вработените пријавил, но не се откри кој. Оттогаш раководителот буквално н` брка да си одиме по завршувањето на работното време - раскажува скопјанката Р.В.

Градежниците најзагрозени

Меѓу најзагрозените се градежните работници. Од Синдикатот за градежништво објаснуваат дека во оваа гранка законот генерално не се почитува. Особено е критичен летниот период кога поради зголемениот обем на работа работното време се продолжува и по неколку часови од регуларното, а работниците не добиваат ништо повеќе од редовната плата.

- Тогаш градежните работници остануваат на работа по 10 или 12 часа. Во компаниите кои се наши членки, а тоа се десетина големи градежни компании, со сигурност може да потврдам дека овој дел од законот се почитува. Тоа значи плаќање на прекувремената работа и слободни денови. Но во другите компании, кои најчесто се помали градежни фирми, законот флагрантно се крши - вели Павел Трендафилов, претседател на Синдикатот за градежништво.

Трендафилов објаснува дека во земјава има околу 4.000 градежни фирми. Од нив, големи компании, кои се и членки на Синдикатот, се десетина и тие вработуваат околу 30 отсто од градежните работници во земјава. Преостанатите се човек-фирми или мали компании со по неколку вработени во кои повеќето градежници добиваат минимална плата, не им се плаќаат придонеси, здравствено осигурување, па за плаќање на прекувремената работа не станува ни збор.

Дел од вината за ваквата состојба Синдикатот ја гледа во недоволната ажурност на трудовата инспекција.

- Инспекторите недоволно го покриваат теренот и не секаде ги казнуваат работодавците кои го кршат законот. Најчесто се правдаат дека немаат доволно инспектори, но тоа не е оправдување. Мора да има повеќе и поредовни контроли, како и казни - вели Трендафилов.

Трудовата инспекција од почетокот на годинава добила 21 писмена пријава за непочитување на работното време и за прекувремената работа. Во јануари и во февруари, по констатирани неправилности, инспекторите донеле 75 решенија со кои на работодавците им наложиле да ги почитуваат работното време, прекувремената работа, како и да им ги исплатат дополнителните работни часови на работниците.

Од Државниот инспекторат за труд велат дека работниците полека се охрабруваат да пријават неправилности.

- Од страна на работници има и телефонски јавувања за пријавување прекувремена работа, по кои Инспекторатот постапува - велат од трудовата инспекција.

Извор
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
ШТРАЈК ?
преведи го овој збор правилно.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Од каде прекувремена работа, секогаш се останува за доброто на компанијата, како клиентот е важен ќе донесе нови клиенти, како компанијата е млада мора да се покажедека се брза итн...
Клиешеа што ги слушам одкако почнав со работа.

Сум имал искуство и со надвор, ќе ти платат и ако ти се јават во ниедно време, далеку сме од нивниот менталитет
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Ни денар плус за десетчасовен работен ден

Дванаесетчасовна работа на градежни скелиња, покрај жешки преси за пеглање или затворени во канцеларија, без да добијат ниту денар плус за повеќето работни часови. Во ваква ситуација се голем дел од македонските работници, притиснати од газдите да остануваат на работа прекувремено и без никаков надомест.

Никој не може да изброи колку точно работници работат подолго од законски одредените осум часа дневно, а не добиваат екстра-приходи за тоа. Kако најкритични дејности од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги издвојуваат градежништвото, текстилната индустрија, малопродажбата, угостителството, но не се изоставени ни вработените во други области. Генерално, привилегија да им бидат платени прекувремените часови имаат вработени во големите компании, особено во ИТ и во телекомуникацискиот сектор, како и во јавната администрација.

Работниците ретко пријавуваат

Според синдикалците, токму неплатената прекувремена работа е една од најчестите причини поради кои работниците бараат правна заштита и совет од синдикатот. Но најголемиот дел молчат за злоупотребата и не пријавуваат во Државниот инспекторат за труд, исплашени дека може да ја загубат и онаа месечна плата што ја добиваат.

Сепак, има и такви што се решаваат на таков чекор. Вработена во една од банките во земјава раскажува дека сите од нејзиниот сектор редовно останувале на работа два часа по завршувањето на работното време, како и по неколку часа во сабота. Раководителот ги терал да остануваат прекувремено бидејќи имало премногу работа која не можела да се заврши во регуларното време. Тоа траело половина година, а не добиле ни денар за тоа.

- Еден ден се изненадив кога на мојата сметка видов дека ми префрлиле повеќе пари отколку што ми е платата. Прашав за што се работи и ми одговорија дека трудовата инспекција ја казнила банката бидејќи некои од вработените имале прекувремени неплатени работни часови. Некој од вработените пријавил, но не се откри кој. Оттогаш раководителот буквално н` брка да си одиме по завршувањето на работното време - раскажува скопјанката Р.В.

Градежниците најзагрозени

Меѓу најзагрозените се градежните работници. Од Синдикатот за градежништво објаснуваат дека во оваа гранка законот генерално не се почитува. Особено е критичен летниот период кога поради зголемениот обем на работа работното време се продолжува и по неколку часови од регуларното, а работниците не добиваат ништо повеќе од редовната плата.

- Тогаш градежните работници остануваат на работа по 10 или 12 часа. Во компаниите кои се наши членки, а тоа се десетина големи градежни компании, со сигурност може да потврдам дека овој дел од законот се почитува. Тоа значи плаќање на прекувремената работа и слободни денови. Но во другите компании, кои најчесто се помали градежни фирми, законот флагрантно се крши - вели Павел Трендафилов, претседател на Синдикатот за градежништво.

Трендафилов објаснува дека во земјава има околу 4.000 градежни фирми. Од нив, големи компании, кои се и членки на Синдикатот, се десетина и тие вработуваат околу 30 отсто од градежните работници во земјава. Преостанатите се човек-фирми или мали компании со по неколку вработени во кои повеќето градежници добиваат минимална плата, не им се плаќаат придонеси, здравствено осигурување, па за плаќање на прекувремената работа не станува ни збор.

Дел од вината за ваквата состојба Синдикатот ја гледа во недоволната ажурност на трудовата инспекција.

- Инспекторите недоволно го покриваат теренот и не секаде ги казнуваат работодавците кои го кршат законот. Најчесто се правдаат дека немаат доволно инспектори, но тоа не е оправдување. Мора да има повеќе и поредовни контроли, како и казни - вели Трендафилов.

Трудовата инспекција од почетокот на годинава добила 21 писмена пријава за непочитување на работното време и за прекувремената работа. Во јануари и во февруари, по констатирани неправилности, инспекторите донеле 75 решенија со кои на работодавците им наложиле да ги почитуваат работното време, прекувремената работа, како и да им ги исплатат дополнителните работни часови на работниците.

Од Државниот инспекторат за труд велат дека работниците полека се охрабруваат да пријават неправилности.

- Од страна на работници има и телефонски јавувања за пријавување прекувремена работа, по кои Инспекторатот постапува - велат од трудовата инспекција.

Извор

Ова е точно и ќе додадам дека само тие не работат за викенд додека останатите имаат само по еден ден во неделата слободен.
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Има фирми каде прават промет милиони во денот со искористување на трудот на работникот така што работникот посебно пред празници работи прекувремено од 08:00 до 22:00 часот работат дури и по 14/16 часа во една смена ....знам дека им идат инспецкии што се вика еднаш годишно колку да си поминат на редот но досега не сум слушанл некој да е казнет .....послем инспекција газдите си работат по стариот принцип така што повторно работникот не е платен за прекувремената работа.
Проштетајте еден ден пред празник до најаките фирми каде што газдите имаат по пет коли и секоја кола им е за посебна прилика ... xD тие газди се на фирми каде работат на големо ..... имам приметено во магацини на големо ,маркети ... и тн
Не е фер тие што имаат да се богатат на трудот на работникот кој работи за парче леб (n)
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Како наговорил Фридрих Енгелс: „Нормата на плаќањето на прекувремена работа е толку мала што стои во остра противречност со огромната штета што му ја причинува прекувремениот труд на здравјето и животната сила на работникот“.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Ајде бе не се жалете...РАБОТАТА ГО НАПРАВИЛА МАЈМУНОТ ДА СТАНЕ ЧОВЕК....
А сега газдиве се трудат да ве направат луѓе а вие се жалите :)
 
L

.Lost Angel.

Гостин
ПРЕКУВРЕМЕНАТА РАБОТА НЕВИДЛИВА ЗА ГАЗДИТЕ - ТОА ТИ Е НАША ЗЛАТНА МАКЕДОНИЈА :(:facepalm:
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Ајде бе не се жалете...РАБОТАТА ГО НАПРАВИЛА МАЈМУНОТ ДА СТАНЕ ЧОВЕК....
А сега газдиве се трудат да ве направат луѓе а вие се жалите :)
Да не сакаше да пишиш дека тие газди се трудат луѓето да ги направат мајмуни со таа минимална плата од 8050 денари ,со 12/14/16 часовна работа во една смена .... луѓе кои следниот ден треба да бидат во 08:00 часот на работно место со цел да им донесат на фамилијата парче леб?
Работниците ги направија газдите луѓе кои сега имаат премногу финансии ,тие газди сеуште ги искористуваат работниците на тој начин дури можат. Не е фер (n)
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Немам ништо против прекувремена работа под услов тие саати да се платат дополнително, пример ако некој му е дневница 400 ден а работи 8 саати на ден значи саатнина му е 50 денари, е сега ако некој го држи на ден доплинително 2 саати тоа е плус 100 денари плус заради тоа што се прекувремени саати треба да бидат за 50% поплатени за тие саати тогаш 75 денари ќе биде дополнителен саат односно вкупно 150 денари за дополнитленото време и кога ке се пресмета и основицата од 400 денари вкупната дневница ке изнесува 550 денари и работникот ке помотивиран да остане да заработи екстра пари а и работодавецот за да ја заврши дополнителната работа. така ке има две задоволни страни а работникот ке биде помотивитан да работи и нема да ја намали продуктивноста што во случај да не биде доплнително платен ке му падне продуктивноста. На ваков начин треба да се решаат овие пробеми во македонија
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Ајде бе не се жалете...РАБОТАТА ГО НАПРАВИЛА МАЈМУНОТ ДА СТАНЕ ЧОВЕК....
А сега газдиве се трудат да ве направат луѓе а вие се жалите :)
Да не имаш грешка во падежите,а не си приметил
--- надополнето: 22 мај 2012 во 01:12 ---
Немам ништо против прекувремена работа под услов тие саати да се платат дополнително, пример ако некој му е дневница 400 ден а работи 8 саати на ден значи саатнина му е 50 денари, е сега ако некој го држи на ден доплинително 2 саати тоа е плус 100 денари плус заради тоа што се прекувремени саати треба да бидат за 50% поплатени за тие саати тогаш 75 денари ќе биде дополнителен саат односно вкупно 150 денари за дополнитленото време и кога ке се пресмета и основицата од 400 денари вкупната дневница ке изнесува 550 денари и работникот ке помотивиран да остане да заработи екстра пари а и работодавецот за да ја заврши дополнителната работа. така ке има две задоволни страни а работникот ке биде помотивитан да работи и нема да ја намали продуктивноста што во случај да не биде доплнително платен ке му падне продуктивноста. На ваков начин треба да се решаат овие пробеми во македонија
Имашеи празнична дневница која беше трипати поголема од редовната,ама газдите ја укинаја оти многу им се празнел џебот.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Да не имаш грешка во падежите,а не си приметил
--- надополнето: 22 мај 2012 во 01:12 ---

Имашеи празнична дневница која беше трипати поголема од редовната,ама газдите ја укинаја оти многу им се празнел џебот.
Да,и мене не ми звучеше добро но штотуку станав човек :)
--- надополнето: 22 мај 2012 во 01:19 ---
Да не сакаше да пишиш дека тие газди се трудат луѓето да ги направат мајмуни со таа минимална плата од 8050 денари ,со 12/14/16 часовна работа во една смена .... луѓе кои следниот ден треба да бидат во 08:00 часот на работно место со цел да им донесат на фамилијата парче леб?
Работниците ги направија газдите луѓе кои сега имаат премногу финансии ,тие газди сеуште ги искористуваат работниците на тој начин дури можат. Не е фер (n)
Не е фер но понудата е таква.Работодавецот нуди а работникот одбира.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
ПРЕКУВРЕМЕНАТА РАБОТА НЕВИДЛИВА ЗА ГАЗДИТЕ - ТОА ТИ Е НАША ЗЛАТНА МАКЕДОНИЈА :(:facepalm:
Се додека не се смени системот не дојде едно партиски систем каде што ќе има партија кога што ќе се грижи за народот и државата ништо не правиме на оваа наша Македонија и треба СОЦИЈАЛИЗАМ и тоа повеќе од потребно
 
Џабе е и социјализам ако има луѓе како овие нашиве кои само гледаат да те украдат на секој начин (n) треба да дојде вистински човек кој ќе искорени ова све и кој ќе смени многу работи. ама тешко во овие 100 год.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Сегашниве газди не се ништо поарни од тие газди во 1842 година во Велика Британија.
10, 11, 12 часовниот труд го третираат како нормален работен ден.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom