- Член од
- 20 декември 2005
- Мислења
- 503
- Поени од реакции
- 6
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА ЗОРАН СТЕФАНОСКИ, ПОВТОРНО ЗАИГРА ПАРТИСКИ ПРЕД ИЗБОРИТЕ, РЕШЕН ДА ИМ ПОМОГНЕ НА СВОИТЕ ОД СДСМ
За жена и партија - и во провалија!
Повереникот на СДСМ во Советот за радиодифузија Зоран Стефаноски, пред изборите реши повторно да им помогне на СДСМ и сопругата, па на медиумите кои единствено останаа без контрола од СДСМ им поднесе пријави дека биле пристрасни, само затоа што водителите имале различна интонација на гласот при спомнување на СДСМ
Медиумите во досегашниот тек на кампањата како никогаш досега се придржуваат на правилата при известување за изборната кампања, заклучиле од Советот за радиодифузија, меѓутоа според нивното мислење постојат банални грешки за кои Советот за радиодифузија (СРД) се надева ќе бидат поправени до крајот на изборната кампања. Во таа насока е посочена СИТЕЛ телевизија против која Советот донел одлука да покрене прекршочна постапка поради неизбалансирано покривање на претседателските кандидати и на кандидатите за локалните избори, како и за субјективниот пристап во известувањето за редовните активности на Владата. Пријава заработи и Наша ТВ за неизбалансирано покривање на кампањата.
Дека, поднесувањето прекршочна пријава против СИТЕЛ е неоснована, можат да заклучат и самите гледачи. Никогаш не биле лишени од изјавите на СДСМ и активностите на неговите функционери. Секогаш и секаде биле следени нивните настапи и секогаш биле подеднакво третирани како останатите политичари. Дури и извештаите на ОБСЕ за претходните три изборни циклуси покажуваа дека СИТЕЛ секогаш имал фер однос кон СДСМ и целокупната опозиција.
Најверојатно на Советот, не му се допаднала интонацијата на водителите при споменувањето на зборчето СДСМ. Па така, повереникот на СДСМ во Советот за радиодифузија Зоран Стефаноски, пред изборите реши повторно да им помогне на СДСМ и сопствената сопруга која е четврта на листата на советници од редовите на опозиционата СДСМ во Прилеп, и на медиумите кои единствено останаа без контрола од СДСМ им поднесе пријави дека биле пристрасни. Дури, ни цензорите од Католичката црква не ја коментираат и казнуваат интонацијата, како што тоа го прави првиот човек на СРД Зоран Стефаноски.
Со овие изјави, дека СИТЕЛ имал субјективен пристап во известувањето за работата на Владата, поранешниот шеф на бензинска пумпа во Прилеп, вработен од торбешкото лоби во Македонија, директно ја загрозува пазарната дејност на сите медиуми. Како близок пријател на торбешот Велија Рамкоски, со кој имаат заедничко потекло од прилепските села, тој всушност ја става торбешката телевизија во преден план пред сите останати. Преку торбешкото лоби, стигна и на функцијата. Со ова Стефаноски плати дел од услугите на торбешкото лоби, кое пред да стане прв човек на Советот, му даде парче леб. Душата му била чиста, ама функцијата очигледно не!
Ова не е прво партиско делување на Советот за радиодифузија. Од самото создавање, според првиот Закон за радиодифузија од 1997 година, Советот има партиска функција. Создаден е во мандат кога Собранието имаше неповторливо мнозинство, кога СДСМ контролираше над 110 пратеници во Парламентот! Љубчо Георгиевски и Петар Гошев, како тогашна опозиција, направија историска грешка бојкотирајќи ги парламентарните избори во 1994 година со што, до 1998, Собранието работеше практично без пратеници од опозицијата. Нормално, при таква апсолутна власт во Парламентот СДСМ имаше и потполна власт во Владата. Амбиентот во кој се создаваше и постави во функција Советот за радиодифузија беше тој. Апсолутно еднопратиски.
И сега, поставеноста на работите е идентична како и во 1994 година. Ништо не е сменето. Партиската функција на Советот секогаш се става во движење кога на СДСМ му треба помош, за да ги казнува сите оние кои не се под негова контрола.
ОД ШЕФ НА БЕНЗИНСКА ДО СРД
За актуелниот претседател на СРД Зоран Стефаноски има најмалку три податоци кои покажуваат дека тој е нестручен за функцијата која ја обавува.
За жена и партија - и во провалија!
Повереникот на СДСМ во Советот за радиодифузија Зоран Стефаноски, пред изборите реши повторно да им помогне на СДСМ и сопругата, па на медиумите кои единствено останаа без контрола од СДСМ им поднесе пријави дека биле пристрасни, само затоа што водителите имале различна интонација на гласот при спомнување на СДСМ
Дека, поднесувањето прекршочна пријава против СИТЕЛ е неоснована, можат да заклучат и самите гледачи. Никогаш не биле лишени од изјавите на СДСМ и активностите на неговите функционери. Секогаш и секаде биле следени нивните настапи и секогаш биле подеднакво третирани како останатите политичари. Дури и извештаите на ОБСЕ за претходните три изборни циклуси покажуваа дека СИТЕЛ секогаш имал фер однос кон СДСМ и целокупната опозиција.
Најверојатно на Советот, не му се допаднала интонацијата на водителите при споменувањето на зборчето СДСМ. Па така, повереникот на СДСМ во Советот за радиодифузија Зоран Стефаноски, пред изборите реши повторно да им помогне на СДСМ и сопствената сопруга која е четврта на листата на советници од редовите на опозиционата СДСМ во Прилеп, и на медиумите кои единствено останаа без контрола од СДСМ им поднесе пријави дека биле пристрасни. Дури, ни цензорите од Католичката црква не ја коментираат и казнуваат интонацијата, како што тоа го прави првиот човек на СРД Зоран Стефаноски.
Ова не е прво партиско делување на Советот за радиодифузија. Од самото создавање, според првиот Закон за радиодифузија од 1997 година, Советот има партиска функција. Создаден е во мандат кога Собранието имаше неповторливо мнозинство, кога СДСМ контролираше над 110 пратеници во Парламентот! Љубчо Георгиевски и Петар Гошев, како тогашна опозиција, направија историска грешка бојкотирајќи ги парламентарните избори во 1994 година со што, до 1998, Собранието работеше практично без пратеници од опозицијата. Нормално, при таква апсолутна власт во Парламентот СДСМ имаше и потполна власт во Владата. Амбиентот во кој се создаваше и постави во функција Советот за радиодифузија беше тој. Апсолутно еднопратиски.
И сега, поставеноста на работите е идентична како и во 1994 година. Ништо не е сменето. Партиската функција на Советот секогаш се става во движење кога на СДСМ му треба помош, за да ги казнува сите оние кои не се под негова контрола.
ОД ШЕФ НА БЕНЗИНСКА ДО СРД
За актуелниот претседател на СРД Зоран Стефаноски има најмалку три податоци кои покажуваат дека тој е нестручен за функцијата која ја обавува.
- Не е компетентен, бидејќи на тоа место дојде благодарејќи на СДСМ од обичен шеф на бензинска пумпа во Прилеп.
- Има партиски конфликт на интереси. Неговата сопруга е шеф на жените од најголемата опозициска партија во Прилеп и четврта на листата за советници од редовите на СДСМ.
- За третиот дел, ќе објавиме дополнителни податоци, но се сомневаме дека Зоран Стефаноски е лице на кое му фалат две години од биографијата, што се гледа и од сајтот на СРД. Се сомневаме и истражуваме дека Зоран Стефаноски е осудувано лице и доколку тие сомневања се покажат точни, претстои несомнен службен отповик во СРД. Дознаваме дека има скорешно вработување на бивш прилепски судија, кој неславно ја заврши кариерата во Прилепскиот суд и за кој постои сомневање дека директно му помогнал на Зоран Стафаноски и дека неговото сегашно вработување во СРД е враќање на услугата. Прилепскиот бивш судија е нестручно лице и нема основни познавања за телекомуникациите и радиодифузијата. Освен ова, истражувајќи го овој случај, дојдовме до сознанија за тоа како се трошат пари во СРД за купување компјутери и тоа по прилепска линија. Но, за сето ова по изборите, да не се нервира претседателот на СРД и да направи нова партиска интервенција во корист на СДСМ.