Mora da se spomne i rabotata na MHRMI i AMHRC:
ММДЧП и АМКЧП повторно бараат Македонија да ги прекине преговорите за името
Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија (8 септември, 2011) - По повод 20-годишнината од независноста на Република Македонија, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) повторно побараа Македонија веднаш да ги прекине преговорите околу името.
Срамно е што Македонија, со учеството во преговорите, есамата ги крши своите најосновни човекови права, кои што се однесуваат на самоопределба. За осуда е и тоа што западниот свет, и покрај тоа што ја призна Македонија, инсистира Македонија да го промени своето име.
ММДЧП и АМКЧП во јули 2010 година започнаа кампања „Нашето име е Македонија“. Со таа рекламна кампања бара прекин на преговорите, и притоа добија огромна поддршка од Македонците во Република Македонија и во целиот свет.
Како што е наведено во кампањата „Нашето име е Македонија",
"Ние победуваме. Над 130 земји ја признаа Македонија, вклучувајќи и четири од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН. Имаме сила да ставиме крај на ова. Стоп за преговорите за нашето сопствено име".
ММДЧП и АМКЧП бараат Македонија жестоко да го брани нашето име и веднаш да стави крај на преговорите за името. Понатаму, бараме:
• крај на употреба на "привремена референца" на „ПЈРМ" или „Поранешна Југословенска Република Македонија"
• Македонија да го врати оригиналното знаме
• Македонија да се повлече од Привремената спогодба во 1995 година
Нашите организации, исто така:
• ја осудуваат секоја македонска влада за предавство пред на грчките расизам, како и САД и Западна Европа за продолжување на преговорите за името
• ја осудуваат владата на САД и западноевропските влади за закана за повлекување на "поддршка" за Македонија, барајќи да го смени своето име
Конечно, ММДЧП и АМКЧП упатуваат повик до секој Македонец, организација и поединец да се потпишат на кампањата „Нашето име е Македонија".
www.mhrmi.org/our_name_is_macedonia
Молчењето не е опција. Нашето име е Македонија.
###
Основано во 1986 година, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи. За повеќе информации:
www.mhrmi.org,
twitter.com/mhrmi,
facebook,
info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја
www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на
info@macedonianhr.org.au или преку +61 3 93298960.