Преживување.

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Темава ја почнавте околу снежново невреме кое не зафати пред неколку дена. И јас ќе почнам со него, но покасно ќе напишам и нешто повеќе околу други видови непогоди.
Секогаш може да се случи невреме. Овој пат беше снежно невреме, но има и други природни природни непогоди кои можат да се случат.
Она што беше карактеристично за оваа непогода, беше одсуство на било каква акција на пошироката општествена заедница.
Ќе појаснам со пример:
Неспоредливо најголема снежно невреме во Македонија беше забележено во зимата 1952/1953 година
Снегот падна на крајот на октомври и паѓаше повеќе пати, а снежната покривка се задржа се до април.
Висината на снежната покривка со Струмица таа година достина 88 сантиметри.
Можете да замислите, колку беше во другите градови, бидејќи Струмица е меѓу најтоплите градови, каде што снежна прекривка просечно има 8-10 дена во годината
Во тие услови реагираже државата. Извршена е мобилизација на Југословенската Народна Армија;
Војската чистеше снег од патиштата, од улиците, од покривите на куќите, се поправа телефонските и електричните водови, се поправаа водоводни инсталации и така натаму.
А што сега се направи?
Ништо...
Илјадници граѓани се без струја и вода со денови. И што е решение?
Ќе го тужиме ЕВН? И што ако го тужиме?
Погледнете го Скопје
Цела недела тротоарите се под мраз. Медијумите известуваат дека секој ден триестина граѓани се со скршени раце и нозе. И пак ли ќе тужиме? И кого ќе тужиме?
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Овде повеќето и вака одвај врзуваат крај со крај. За преживување елементарна и друг вид непогода најголемиот дел од нас секако не е подготвен. Прогнозите во РМ ич не се оптимистички. Во такви услови, каде и да сте, што и да имате, треба да бидете кадарни истото да го зачувате и да го одбраните. Нема да помогне никаква пригодна реч за солидарност, соживот и стратешко партнерство. Изгледа дека полесно ќе поминете таму каде што луѓето и не се така честа појава - има кај нас доста такви, одамна напуштени подрачја и региони.

Бидејќи нема некое фајде да чекате помош од некаде:
- Вода (и знаење како се доаѓа до неа), нешто за нејзино филтрирање, сува храна која долго време не се расипува, храна која заситува и дава енергија (се разбира, ако сте гурмани, можете инспирација да црпите од Бер Грилс и да пробате гомно од дива свиња, ама ја мислам дека и некое кило грав ќе заврши работа), лекови, вода, способност за брза и лесна евакуација, солидна психофизичка состојба (според некои проучувања, прежувувањето бара ринтање, физичка активност и помалку кукање и депресивни епизоди), вода, доволно запалки и кибрити, ножеви и неколку основни алатки, соодветно друштво, вода и нешто за нејзино прочистување, еден-два калашникова со доволно муниција (кој знае, може ќе уловите нешто или ќе извршите самоубиство), издржлива облека, добри обувки, смисла за импровизација, вода, елеметарно познавање на вештините за преживување во природа (имено, станува збор за екстерно полагање кое најчесто се полага само еднаш, а испитувачот е крајно строг и не му чуе за праведност, милост, молитви, партиска припадност и сл.), и не знам дали досега спомнав, вода.
 

Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Гледам доста добри и паметни мислања во темава. Еве нешто од мене.
За мене е најважно тоа што е во главата. Познавањето на многуте вештини за преживување се далеку покорисни од тоа дали имате колиграм грав или една рака гасеници или пак имате јаже за планинарење и коноп за нижење тутун. НО ако незнаете како да врзите одреден јазол со максимална ефикасност, џабе ви е во раката. Нормално, без алат нема занает, ама со еден куп алати и немање поим за тоа како тие се употребуваат, тоа е пропаст. Разликување на сигурни од отровни билки/печурки/животни/инсекти, местење стапици, наоѓање добро место за престој/кампување, ракување со алати и оружје, импровизации буквално за се, наоѓање траги од животни, правење и местење импровизирани стапици за нивно фаќање, убивање или онеспособување, градење засолниште... Сево ова е сосема доволно за некој да преживее секакви временски услови. НО со празни раце, скоро ништо неможе човек да направи...Еве неколку работи кои би ни овозможиле да преживееме во скоро секакви услови. Оружје - за снабдување на храна со лов на животни и самоодбрана, нож - за самооодбрана, по ситна преработка на дрво, преработка на храна, за сечење други помеки материјали. Импровизирајте, ножот има огромен број на употреби. Препорака од мене да се има 3-4 ножеви со добар квалитет. Секира - за поефикасна обработка на дрво, пробивање низ врати во случај на природни катастрофи, исто, импровизирајте! Алати за поправки на други алати, предмети, транспортни средства и сл. Штрафцигери, клешти, чекан, ножици, ортоми, конци и мн. друго. ИМПРОВИЗИРАЈТЕ!! Материјали за оддржување : Картон, најлонски вреќи, конци, дрва, штици, стапови... уште милион разни работи што ќе ви помогнат да изградите засолниште, да го поправите веќе оштетеното или да ја осигурате неговата издржливост (од тежината на снегот, капење, провев на воздух и сл.). Средства за приготвивање и снабдување на храна: Како што напишав погоре, оружје, ножеви, садови (тенџериња, тави, ОГАН, ВОДА). Средства за палење оган: Запалки, ќибрити, свеќи, восок, вазелин, памук, памучни материјали (алишта), дрва, борина, смола, алкохол, животинска маст/сало (истото се користи и како храна), алуминиумска фолија (за подлога и изолација од влажна земја, снег итн.). ВОДА: Белило и таблети за прочистување, садови за складирање и пренос на вода (туби, шишиња, бардаци, ќесиња, кондоми без лубрикант во чорапи (да не пукнат/се скинат) и останати садови за складирање и пренос на вода), знаење каде да се најди поток, река, место за копање бунар, како да се прочисти, која вода е пивка... Медицински сресдсва за хигиена: Сапун, алкохол, газа, памук, апчиња и капсули за дијареа, гадење и повраќање, за смирување болка, одредени медицински помагала за хронично болните, антиалергенси и др.
И најбитното: ЗНАЕЊЕ, ЗНАЕЊЕ и само ЗНАЕЊЕ!!!!!!!
 
Последно уредено:

Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Имаше тема за ова
Ама тоа беше само за на Пелистер, а еве јас од Неготино што сум и што треба на Серта да одам? Не се истите дрва, растенија и колиби на Серта како што се на Пелистер...
 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
990
Ама тоа беше само за на Пелистер, а еве јас од Неготино што сум и што треба на Серта да одам? Не се истите дрва, растенија и колиби на Серта како што се на Пелистер...
слушај ти сеа паљото шо му вели
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Залихи на храна и брашно...кажи му на некој вработен кај странски инвеститори (y)


Во секоја фирма врвот е најпроблематичен, ама секогаш го јадат најниско позиционираните (и обично најмногу работливите).Ситуација кога си избркал/предвремено пензионирал 40-50% работници во локалните служби, а бараш тројно поголем ангажман во вакви вонредни услови = изживување!
@EVN, @MEПСО, @MакедонијаПат, @-T-Hоme ...(општините не)

едит:pos:
Screenshot_3.png
 
Последно уредено:

Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Залихи на храна и брашно...кажи му на некој вработен кај странски инвеститори (y)
И зејтин даваат на избори но и поважното - алатка за палење оган![DOUBLEPOST=1420297513][/DOUBLEPOST]
паљото не го знајш?:pos:
Не, кажи де... Не се срами, не се плаши, нема да те банираат.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.941
Многу е јако што ни зимаат давачки, казни и даноци со невиден процент (од една обична плата), али затоа ама баш ништо не функционира, од страна на државата. Ни пошта, ни здравство, ништо, ама баш ништо.
Некој би очекувал при вакво цедење на народот од страна на државата, она беспрекорно да си ги обавува должностите, функциите, обврските.... но, не. Обратно е.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Имаше порано јаки емисии на Discovery за овакви ситуации. Бер Грилс ствари. И на National Geographic исто.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Имаше порано јаки емисии на Discovery за овакви ситуации. Бер Грилс ствари. И на National Geographic исто.
И тоа со прекрасни објаснувања како и секогаш од Бер Грилс. Барав по јутјуб за да постирам на темава некое видео од Бер за преживување во урбана средина али слабо има. На TV имам изгледано неколку ептен јаки епизоди.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Државата во која живееме не е способна да се справи ни со непогоди од најмал размер како што се пороен дожд или поголем снег како што се случи деновиве. Институциите кои се одговорни ги раководат лица кои не се обучени да се снајдат ни при најмали неприлики а камоли катастрофи од големи размери. Мислам сведоци сме на тоа постојано. Тоа едноставно не е прифатливо. Плаќаме давачки, комуналии и даноци и најмалку што очекуваме е дека кога ќе се случи нешто ќе излезат способни луѓе кои ќе знаат како да се справат со ситуацијата ефективно и ефикасно. Наместо тоа добиваме парада од неспособни кадри чија компетентност е на ниво на аматери и доволен е еден дожд да не блокира целосно. Едноставно е неприфатливо. Ова за институциите. Покрај ова целосно се согласувам со Лет дека ептен сме се навикнале на комодитетот што го носи модерното време. Ни самите не знаеме да си помогнеме ако ни се случи нешто ниту пак планираме за „недај боже“ ситуации. Еве ќе тргнам од себе. Дома се грејам на струја. Кога се случи еднаш во зима да снема струја и немаше некои 12 часа бев приморана да одам кај другар на преспивање за да не смрзнам. Нит свеќа дома немам нит бутур. Да не зборам за залихи на храна или други потребштини. Ич ништо. Своевремено кога одлучувавме која е најисплатлива инвестиција за греење и се одлучивме за струја татко ми беше единствено паметен да спомне дека треба да имам печка на плин за греење ако снема струја подолг период. Инвестицијата не е преголема, ама еве не купив. Спијам на тоа уво дека нема да се случи нешто такво. Дешавките деновиве ме натераа да се преиспитам. Единствено што имам на залиха е вода и тоа пак во недоволни количини секогаш. Ама знам да купам неколку пакети флаширана вода од проста причина што ме мрзи да влечам флаши секој ден. Ама пак, залихата ја обновувам кога ќе снемам. И тоа немам во секој момент. Што да кажам, ако дојде до катастрофа, јас ниту ќе имам средства ниту знаење како да преживеам. Ама еве, ветувам дека сериозно ќе размислам да го поправам тоа. Какво време дојде, не е на одмет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom