Еј ги диии!!!
Бизнис планови, маркетинг анализи, вакви или онакви макро-микро компоненти за успешно стартирање на компанија? Кај нас? :poos:
Пих!!! Чул не разбрал секој кој тврди дека тоа нешто вреди. :lud:
Можеш да направиш секакви анализи и планови кај нас и да дејствуваш според добиените параметри, а сепак да крахираш кај нас.
Сум правел и планови и анализи или ако сакате анализи, па од нивните резултати планови и стратегии за на крај резултатот воопшто да не се совпаѓа со добиените параметри од кои се прави бизнис стратегијата.
Кај нас се` е сведено на снаоѓање и брзо дејствување. Според онаа "see a need, fill a need" кај нас се дејствува брзо, се ќарува многу и се пропаѓа брзо. Потоа се оди на друго што во моментот оди на пазарот.
Ова ви го тврди чуек кој со 500 марки, не евра, туку марки, започна бизнис и создаде комплетирана печатница со 5 вработени. Што се случи? Некој тука спомна да нема спомнување на политиканство, па нема да образложувам понатаму.
З`ш нема сериозен бизнис кај нас? :razmislu:
Е па, вака!
Да се рече дека нема бизнис клима е само да се дудла, а да се рече дека во едно општество каде што „државата“ е најголемиот и најпосакуваниот вработувач некако тешко се содава реална и здрава приватна иницијатива, е веќе нешто паметно се кажува.
Ако се рече дека плодовите од сопствениот труд многу слабо се обезбедени од бела кражба повторно нешто паметно се кажува.
Ако се рече дека мошне течко се наоѓаат сигурна и вредна работна сила нешто паметно се кажува.
и
Ако се рече дека се` не е така црно и тука нешто паметно се кажува.
Што било да се произведува кај нас ќе оди. Проблемот е што никој не е заинтересиран за производство. Едно бидејки е потешко и не толку гламурозно од кафеана или трговија на големо и мало, а друго е назнаењето како да се произведува. Со првото не можам да помогнам, со суети и мрза никој не излегол на крај. Затоа пак со вториот случај најголема помош што може некој да ја пружи, ќе ви ја пружам бесплатно тука на овој форум.
Увидиш дека нешто што би произвел би било профитабилно ама не знаеш како да го произведеш? Ништо полесно! Барем кај нас тоа е овозможено, лесно, брзо и беспари.
ЌЕ СИ ОТИДЕТЕ ВО УНИВЕРЗИТЕТСКАТА БИБЛИОТЕКА И ЌЕ ГО ПОБАРАТЕ ТЕХНОЛОШКИОТ ПРОЦЕС НА ТОА ШТО ПЛАНИРАТЕ ДА ГО ПРОИЗВЕДЕТЕ И ... ФАТЕТЕ СЕ ЗА РАБОТА!!! :shok: :molam:
Некој рекол дека идеата е капитал, се` останато е само пари.
Според изреченото голем капитал ви имам дадено и во најмала рака би требало барем да се искаже некоја мала благодарност, нели?
:poos:
Без зезанции сега.
Дефинитвно не е толку едноставно, но е сепак поедноставно отколку што е јавното мнение. Ако некој се реши да започне некое производство според доблесно дадениот капитал тогаш може слободно да ми се обрати за дополнителна помош.