Снешке, едно прашање до тебе: Си зела некогаш кредит за бизнис? Претпоставувам не. Бизнис планот за мали кредити воопшто не е потребен. За шесто и седмоцифрени суми е друга приказна.
Анализи на пазарот за започнување мал бизнис? Хехе, гледам дека некој потпрочитал по некоја страница од магазини за економија па одвај чекал тоа да го искористи во конверзација...оф ми текна, од невладина организација ти е знаењето...Значи, ајде да направиме анализа дали има во нашето маало тобако, бурекџилница, такси компанија, да ги анализираме навиките на потенцијалните "клиенти"...
Доста со филмањето. Не отвараш застапништво за Henkel & Schwarzkopf, па да правиш анализи колку е на пазарот присутен Procter & Gamble или Unilever, колку домаќинки од маалото перат со Ariel и колку од нив се спремни да го пробаат новиот Persil...
Дадов пример кој може да важи за сите дејности. Единствената анализа за мал бизнис е неопходна ако и само ако започнуваш бизнис кој не постоел кај нас. Можеш да анализираш со денови и да не изанализираш ништо. Успехот ќе зависи само од тоа колку тебе те бива (услугата) и доколку се работи за продажен објект - локацијата!
За канцеларијата... немора да имаш канцеларија со поглед на плоштад, поштеди ме... едноставно ти е потребно место каде што ќе дојдат клиентите. Ти се јавува клиент и ти вели: "Kај да се видиме, каде се наоѓате да поминеме", а ти му одговараш "Па би можеле да се чекаме на "Рекорд, јас ќе бидам во црна сукња, имам смеѓа коса..."!
)) Кој ќе ја плати пијачката, вечерата, ручекот, што и да е? Во денот ќе ти се јават 10 клиенти, а ти ќе ги закажуваш низ ГТЦ? И јас сакам таква канцеларија!
)
Високото образование? Се прашуваш ли зошто е толку мала бројката на високообразовани луѓе во Македонија? Денес, високото образование е привилегија на богатите.