Предлог стоматолошка ординација

noviot

Форевер Aлоун :(
Член од
19 април 2006
Мислења
446
Поени од реакции
170
По долгодишно непосетување на локалниот заболекар (поради претрпени невидени трауми ) дојде време сепак принудно да се отиде :( . Затоа би сакал да ве замолам вас колеги форумџии да ми предложите стоматолошка ординација во централното градско подрачје на Скопје, по можност со доктор специјалист по протетика со лесна рака :) и секако со понова опрема. Благодарам
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499

Парите важни ти се?
 
BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Аеродром како населба одговара?
 
noviot

Форевер Aлоун :(
Член од
19 април 2006
Мислења
446
Поени од реакции
170
Парите важни ти се?
Не до толку, ама нормално не сакам да ми наплатат како да сум во Холивуд :)

Каде се наоѓа ординацијата, и дали имаш лично искуство со нив? на пример дали користат локална анестезија обавезно, или ти викаат " не се секирај дечко, ништо нема да осетиш, нема потреба од анестезија ..." :nesvest:

Аеродром како населба одговара?
Малце ми е далеку...
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Дентиција.
Луѓето се супер, работат со локална анестезија, те информира во текот на процесот што следува, што ќе почувствуваш, каква реакција ќе следи, стоматологот е страшно нежен и внимателен. Јас сум презадоволна од нив.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Е оваа стоматолошка ординација и јас ти ја препорачувам.
Ако сакаш може да ти стават и локална анестезија. Јас пример не сакам при пломбирања за џабе да примам анестезија освен ако немам големи болки и работат многу внимателно. И без анестезија навистина минимални болки ќе осетиш. Не како во некои ординации ти викаш доста ме боли, а заболекарот ти вели еве еве уште малку. Многу се внимателни и културни и јас и сестра ми сме презадоволни.
Посебно сестра ми огромни проблеми имаше со забите и Ендомак топ и ги средија. Таа си ги смета за фамилија заболекарите од Ендомак :icon_lol:

А се наоѓа кај Скопјанка, после новата железничка станица.

Еве и интернет страна на Ендомак
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Дентиција.
Луѓето се супер, работат со локална анестезија, те информира во текот на процесот што следува, што ќе почувствуваш, каква реакција ќе следи, стоматологот е страшно нежен и внимателен. Јас сум презадоволна од нив.
Каде се наоѓа ординацијата, и дали имаш лично искуство со нив? на пример дали користат локална анестезија обавезно, или ти викаат " не се секирај дечко, ништо нема да осетиш, нема потреба од анестезија ..." :nesvest:
.
Е оваа стоматолошка ординација и јас ти ја препорачувам.
Ако сакаш може да ти стават и локална анестезија. Јас пример не сакам при пломбирања за џабе да примам анестезија освен ако немам големи болки и работат многу внимателно. И без анестезија навистина минимални болки ќе осетиш. Не како во некои ординации ти викаш доста ме боли, а заболекарот ти вели еве еве уште малку.]
Зарем некој од вас мислите дека се користи општа анестезија место локална?:pos2:Шовие бе...па сите користат локална..и плус секаде стоматологот те прашува дали сакаш анестезија или можеш да издржиш ако е малку расипан.
Па него му одговара да ти стави анестезија, ќе ти ја наплати...

Мислам не е никаков критериум анестезијата. За љубезност по приватниве ординации имате сегде....секој сака да го задржи клиентот..значи останува да си избирате по квалитет ;)

Иначе Ендомак ја пишав за пување...идат фациве таму...мада и кај татко ми идат фаци али овие се пофаци. Ете и ја да се испувам :))
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Луѓе дај не зезајте, никој не работи со општа, мора операција или вадење на заб да се изведе со локална, поготово ако се работи за прва интервенција. Мора да те гледа во очите, дали ти е се добро. Не си приклучен на апарати па за да ти стават општа :) Мора при вадење на горен заб да види дали е отворен синусот па да го зашие, како ќе го направи тоа ако е пациентот успиен? :)
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Луѓе дај не зезајте, никој не работи со општа, мора операција или вадење на заб да се изведе со локална, поготово ако се работи за прва интервенција. Мора да те гледа во очите, дали ти е се добро. Не си приклучен на апарати па за да ти стават општа :) Мора при вадење на горен заб да види дали е отворен синусот па да го зашие, како ќе го направи тоа ако е пациентот успиен? :)
Ама никој не спомна општа, де. :) Тоа Армин нешто си одглуми и се изнасмеа на нашето непознавање и сеа цела лавина муабети ќе се исклиза на таа страна. Свесна си си ти, чувствуваш дека те допира, само нема болка.

Ех, Армине, Армине, ми го сруши филмот, јас мислев и апче за заборавање дека ти даваат кога те испраќаат од ординација, ич да не се сетиш кај си бил. :icon_lol:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
А и такви апчиња имало?:)
`Бе Бети бе...со ова ме збунА
Луѓето се супер, работат со локална анестезија,
Спротивно на локална која е?
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
А и такви апчиња имало?:)
`Бе Бети бе...со ова ме збунА

Спротивно на локална која е?
Чичко професор, ја за овој час не сум спремна многу шетав за викендот и не ја научив таа лекција. :pipi:

Не знам бе Армине, ја не сум стоматолог, нит студент на стоматологија па да ме испрашуваш. :) Ја само слушам што ми зборат они над глава, а најважно ми е да не ме боли. Другото како сака нека се вика, небитно по мене. :wink:
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Ако не е локална, останува цел да те анестезираат, како при операција :) Шо не е пракса, освен навистина, за тешки случаи кога има потреба од поголеми интервенции во усната шуплина. Инаку, анестезиите се разликуваат само според нивниот интензитет и начинот на нанесување - површинско (со спреј) или со инјекција. Во првиот случај, просторот се здрвува, нервите на непцето не се активни, па со оваа анестезија се вршат СИТЕ помали зафати (пломбирање и сл.). Добро де, треба да се вршат сите... Инјекцијата се користи за зафати каде не се активни (т.е. не се оштетуваат) само површински, туку и длабински нерви, како и нервите на самите заби. Се користи за зафати како вадење заб и слични на него...

На тема: Не знам како се вика, но ординацијата се наоѓа во кулата кај ГТЦ, над Blue Cafe. Имаат премногу професинален и фин однос, прекрасно уредена и чиста ординација. Работат со закажување, малку се поскапи, но дефинитивно се најдобрите стоматолози - барем во Скопје.
 
maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Е оваа стоматолошка ординација и јас ти ја препорачувам.
Ако сакаш може да ти стават и локална анестезија. Јас пример не сакам при пломбирања за џабе да примам анестезија освен ако немам големи болки и работат многу внимателно. И без анестезија навистина минимални болки ќе осетиш. Не како во некои ординации ти викаш доста ме боли, а заболекарот ти вели еве еве уште малку. Многу се внимателни и културни и јас и сестра ми сме презадоволни.
Посебно сестра ми огромни проблеми имаше со забите и Ендомак топ и ги средија. Таа си ги смета за фамилија заболекарите од Ендомак :icon_lol:

А се наоѓа кај Скопјанка, после новата железничка станица.

Еве и интернет страна на Ендомак
Ако отидеш во Ендомак нема да се покаеш:) И јас бев како тебе за забари, дури и кога вадев заби идев во различни ординации и кај сите ме болеше, на сите им фалеше нешто се додека не ги открив овие. Работат пазливо и многу убаво, ретко кај нив да се жали некој од болка:)
Се имам претрпено на забар но сепак немам никаков страв
Дури и сакам да идам на забар, ама само во Ендомак кај Томе:):)

малце повеќе е скапо ама вреди:)
 
noviot

Форевер Aлоун :(
Член од
19 април 2006
Мислења
446
Поени од реакции
170
Ви благодарам на сите за одговорите :) сега само да се собере малце храброст и да се отиде ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom